Фала мама и јас бев убедена дека ќе биде пак природно, но ќе видиме. Можеби имало шанса да се заврти до тогаш, ама ќе почекаме па што биде ќе биде, само да поминеме со лесно и се да биде во ред. Со лесно и тебе
Здраво Породена сум пред 4 месеци и од тогаш само што ми заврши крварењето ми почна постојан жолт исцедок не е густ. Направени се пап и брисеви и се е чисто. Има ли некоја мајка слично искуство, да ми каже што правела кога се од прегледите било чисто..
Хеј, некоја мајка со искуство природно после царски? Не верувам дека во Систина ќе ми дозволат, ама си правам филм дека барем би пробала. Со првото немав опција, карлично ми беше. (ќе има поминато 2 ипол години од првиот царски)
Јас пак завршив со царски пошто бебето беше високо, а грло долго и затворено скоро до краен термин чекавме и не мрдна работата. Докторката се нафаќаше за природно иако првото е царски, а се 2 години и 4 месеци разлика, само ако тргнеше сам процесот, мислам рече не смеат провокации да даваат. Имало случај некој ден пред да се породам жена со прв царски, второто природно си го родила. На крај на денот до докторот зависи, и да ти закаже царски воопшто да не се плашиш мнооогу побрзо и полесно се опоравив. Дома 100% функционална си дојдов. Со лесно како и да е
Јас уште од сега решив, не пробувам природно, страв ми е. Здравје фала богу ама не верувам дека ќе сменам мислење. @Speechless ти до кај си?
Јас сакам да пробам, најмногу дека ни за првото воопшто немав шанси да пробам, не осетив ни породилни болки Иако и за овој пат мислам 99% ќе е царски. Инаку сум 20 недела, на пола пат
А иначе после царски 40 дена се крвари, ако те разбрав добро? Јас сум пред една недела породена и уште од сега ми здосади крварењево, мн малце крварам ама па цело време измивање, улошки и глупости. Вир престанав да ги користам денес пошто пропуштаат и мислам доста беше една недела со нив, сега земав Либресе без крилца
Јас крварев некои 10тина дена и тоа минимално, со секојдневни улошки бев. Зависи од организам до организам . Вир секако не ти требаат ако си со царски, јас само во болница ги користев.
Здраво имам царски за утре, т.е. денес прво природно пред 10 год.но сега ми е страв имам миоми,да не ризикуваме докторката беше да чекаме ама веке 39 сум,и бајги е болно секое движење на бебе ,еве 2 нед.немам спиено. Е сега се изначитав теорија,но да прашам сепак потазе како ке оди,ке можам одма да станам,ке добијам млеко одма ...со првото бев многу сечена долу иако се породив се на се по 2 часа од приемот во болница многу брзо и лесно ,потоа неможев да се движам од раната,лошо ме сошиле. А и паника ме фаќат сега да не тргне нешто лошо...мисли еден куп. Поззз па се читаме
Ако одиш со царски ти препорачувам со спинална анестезија. Јас после 24 сати станав и движењето ми беше далеку подобро за разлика од првиот пат кога бев со целосна анестезија. Феминкиве ме убедија за спинална иако бев убедена за целосна. Бебушко ставај го често на града ќе си дојди млекото, кај мене дојде после 3 дена а со првото одма во првите 24 часа. Со лесно и не се плаши.
Се на се крварев 40 дена ама некои денови повеќе, некои помалку. Кај секого е различно..Кај мене и после тие 40 дена понекогаш ми се јавуваа крвави капки траеа 2-3 дена, па ќе пројдат, па по некоја недела пак ќе имам. Ти кажувам за ова ако случајно ти се појават и тебе па да не се паничиш како мене хахах.. На 2 различни мислења отидов и исто ми кажаа дека од хормоните додека не се средат било нормално.
Ќе станеш вториот ден, првиот момент е тешко, после е се полесно. Ќе те боцкаат со кетонали, се издржува. Со лесно.
Ја 40 дена крварев, на точно 2м на бебе добив а на екслузивно доење е. Матичниот ми рече многу е ретко ова, ама ете ми ја среќата.