7ми ден Во болница додека бев го поткревав креветот до крај за да се исправам и после како ќе се снајдам така влечи се, тегни се, офкај и така си станував некако ама затоа после кога ми го оставаа бебето и кога ќе почнеше да писка станував за секунда, немав време за офкања и самосожалување што ме снашло Инаку прво станување (на форсирање, да не кажам наредба на сестрите) после 6 часа од операција ми беше и беше страшно. Прво многу рано, уште нозете ми трнеа од анестезијата, второ лош начин на станување - сестрата ми кажа да се наместам дијагонално односно нозете да ги закосам на таа страна на која ќе станувам, а главата на спротивната и ми да даде рака да се повлечам за неа. Уствари цел напон го дадов на стомакот, мислам многу полесно ќе беше некако на страна да станев, бочно ама биднало. Да си знаеш ако уште не те станале од кревет
Еве утрински ме станаа пржи чудно раната ама проаѓа сега денес ќе го практикувам твоево за да може бебче да си го поземам без да ги чекам на секое па и сопругов таман кога ќе дојде ќе ми припомага да станувам. Фала девојки. П.с мене ме убиваат болки од гасови најмногу а од завчера вечер сум на вода и сок од јаболка само и терапииве
Добро е тоа го гасовите, испуштај ги, ти работат цревата. За станување ти пишале креветот до најисправена положба, прво едната нога симни ја па другата и влечи се со сета сила да станеш, боли ама колку повеќе стануваш, полесно е.
Јас четврток ме примија и операција, а во понеделникот си отидов. За станување ќе ти кажат и они, кога ќе стануваш исправи го наслонот на креветот право и сврти ги нозете кога ќе се свртиш стануваш со двете нозе спуштени на земја и наеднаш не пополека и глава напред исправена. Барај си за болка да ти ставаат во инфузија.
Сигурно ти даваат инекции за собирање на матката, тие ги прават гасовите. Мораш да ги испушташ. И мене ми беа болни гасовите, ми ствараа грчеви и осеќав ко ножеви да ме бодат во стомак, дури не можев ни да ги испуштам првите 2 дена
Стисни заби ма Стисни заби мајка, првото станување ми беше ноќна мора. Но, колку побрзо станеш толку полесно ќе ти биде. Се држев до ѕидот и шетав во соба. Само биди исправена, главата горе, никако подграбавена. Ќе видиш после секое станување ќе ти биде полесно.
Jas si go rodiv sinko na 2 ri.So carski na Gak.Pobrzo oporavuvanje od prviot carski definitivno.mi treba info okolu ranata.koncite ne se vadele mi rekoa,i da spricam od ovoj sprej,iskustva so ova?
Која вредност на д димери е ок после царски? Мора да е под 500? После царски се боцкав со точно 16 клексани. Д димерите ми се 900. Во извештај стои да се прекинат. Не се доста високи?
Со првото бев породена со итен царски во 35 недела и искрено не се сеќавам дента што и како се правеше. Бидејќи спиев цело време поради покачениот притисок. Со второво сега пак ќе ме праат царски и ме интересира колку саати пред да ме праат не смеам да јадам
Девојки знам наназад негде зборевте за раната од царски спрееви нешто јас го прашав докторот рече нема потреба ништо за 1 недела да вадиме конци ама јас вчера ваљда се исфорсирав и во болница чекавме иапис долго облечена изгледа ме стегаа хулахопките па после дома стани седни со бебе, пелени и така на стоење осеќам баш болно дури и кога ќе се пофатам над неа ме боли...дали смее и има некој спреј што помага додека имам уште конци? Не сакам да ми е толку тешко стоењето за да си ги вршам сама работите
Напиј се апче против болка, а за спрејот послушај си го докторот, миј ја раната само со вода и после со тапкање со пешкир убаво исуши ја, не смее да биде влажна. Гаќи најдобро високи, не треба ништо да те стега и одмарај повеќе деновиве. Знам дека многу прскаат од спрејот ама слушај си го докторот што ти кажал.
Мене од систина мк кажаа аналгин,парацетамол и кетонал. И таму со аналгон ме боцкаа. Облечи мидер и нема да те боли верувај