Дефинитивно. Иако завршив итен царски бев вознемирена и плачев додека го извадат бебе кога го допреа на мене и кога се смири од плачење кога ме осети беше најубавиот момент кој сум го доживеала после во шок соба едвај чекав да ме симнат за да си го гушнам... тоа ми беше најдолг 1ч
Дааа Иако имав паник атак на масата пред да ме боцнат спинална за итен царски, многу убаво искуство ми е. Се сеќавам, во бунило целата, во паника, итно мора бебе да се вади, нема вода, јас им велам "а може утре да дојдам?" Кој и да праша погоре, оди со спинална ако имаш можност, ќе сакаш да си го паметиш моментот. Ако имаш индикации за целосна, ќе си го паметиш првото земање во раце. Никако не губиш. Едит. @hunny20 сега проверив, ти си се интересирала.
@hunny20 Почни со спинална и да треба нешто недајбоже одма можат целосно да те успијат. Јас и двата царски на ГАК ми почнаа со спинална ама завршија со целосна. Никој неможе да сфати како не ми фаќаа анестезиите, ама тоа се случува препрепре ретко така да не се замарај. Се сеќавам само дека викнав на цел глас боли и следна секунда маската пред уста и следно будење на интензивна. Како што кажаа погоре е првата средба во соба и те како ќе ја памтиш. Едвај движев стоев ама кога викнаа од врата ајде мајка бебето како пушка излетав од кревет.
Jas sakav so celosna posto imam stent staen i zatoa ne sakav nikako so spinalna. Mnogu bev protiv spinalnata. No rekoa deka celosnata anestezija ne e dobra za srceto i za bebeto,taka da me napraeja so spinalna. I sega sum mnogu blagodarna sto bese so spinalna. Voopsto ne bolese i go cuv plakanjeto na bebeto. Ne ggo izgubiv toj najvazen moment.
Благодарам на споделите искуства Свесна сум дека со спинална може не е толку страшно, но имам уште некоја недела до пораѓај и како се ближи периодот ме фаќа страв
Не се чуствува ништо, ќе бидеш покриена, нема ни да гледаш, само ќе слушаш и кога ќе го извадат бебето ќе то го доближат до глава да го видиш... ако нема некоја посебна причина, здравствена, за целосна, обиди се вака. Секако после будењето и со едната и со другата е исто
Porodena pred mesec i nekoj den carski od vcera osekam nekoja bolka kaj sto mi ja stavaa epiduralnata, jas otsekogas imav bolki vo grb i se vkocanuvav koga imav ciklus ama ovaa bolka e poinakva i bas kade mi ja stavaa epiduralnata tamu nekade ja osekam bolkata. Ima li nekoja so slicen problem sto i ima pomognayo?
Ќе помине со тек на време барем мене од спиналната така ми беше зошто 4 пати ме боцкаше лудачата еве сега сум 2 и пол месеци од царскиот ама и се истегам и немам болка никаква.
Месец дена после царски, дел од стомакот ми остана виснат на средина и баш ми ја покрива раната. Заздравена е се е океј,ама ме загрижува дали е нормално вака баш врз неа да виси??
Најверојатно такво ти е телото кај мене никогаш не висел стомакот секогаш како подуен бил и со тек на време долниот дел спласнувал.
Здраво. Јас на 22ри Јануари завршив со итен царски покрај сите стравови... Ме интересира кога може да почнам да носам мидер за стомакот да ми се повлече или нешто тесно. Вака раната не ме боли супер сум стани,седни,клекни без проблем секако не кревам тешко си пазам
Јас не носев мидер и ми се повлече секако стомакот, јас не поднесувам ништо да ме стега, нерва се полнам и од гаките што ме допираа. Ама мислам можеш одма да почнеш да носиш штом ќе заздрави раната. Него луѓе скоро година ќе мине од царски и уште ми е отрпнато околу раната, под папокот тој дел скоро и да не го чувствувам, зар вака ќе ми остане за навек? Многу ме нервира, ме чеша пример, а не осеќам дека се чешам.
Долен дел памучен да е нагоре небитно до раната да е памучен. Јас од кога излегов од болница носев со првото полесно ми беше за кревање со второво не носев ич одма ми се врати во нормала. За жал да така ќе биде.
1 nedela po carsi pocnav da nosam mi odobri i dr so sto od dole pamucno a posle mider mi bese polesno za dvizenje
Кај мене 3 год поминаа,уште е така отрпнато,но се навикнав. Сакав да прашам тие што сте имале втор,трет царски,дали на истото место е резот како на претходниот?
Денес се заборавив и го дигнав синко во раце кој тежи 17ипол кг. Почна да ме боли делот кај што бев боцната спинална. 6 недели има поминато од царски. Дали направив некој проблем или сепак паничам безвезе? Ептен језиво чувство како да ми се пресече делот. Одма го спуштив,ама секунда беше во прашање...
Не се плаши и јас истата болка ја имав. Тоа е од предходно што сме се пазеле и не е научено телото. Без гајле
Две недели после царски, имам мака со диареа, пиам пробиотици ама нема некој ефект. Дали е нормално ова што се случува или да се загрижувам? Што да пиам поефикасно нешто со оглед на тоа што дојам? Фурал дали сте пиеле при доење?
Горе доле исто боли како првиот кога ќе станеш? Или можда помалку дека на умртвено место сега сечат?!