Со првото се породив природно и многу лесно поминав. Второво ми е карлично поставено и ќе треба царски, а јас многу се плашам од царски пораѓај поради анестезијата имам фобија од игли Пишете искуство вие што сте биле со царски и дали ќе ме фатат породилни болки или си одам на закажан царски?
Не се плаши многу брзо се поминува во тој момент ќе мислиш на бебче дека ќе го гушнеш за 10мин не на иглите. Без епидурал се породи? Закажан царски е освен ако не те фатат болки па да одиш на итен. Добро ќе помине сè штом јас цела испаничена и тахикардична поминав супер ќе бидеш и ти во ред цел тим те следи и се грижи за тебе. Анестезиологот кај мене беше прекрасна жена ме галеше по лицето ми бришеше солзи ми стави малце маска да се смирам и веќе следниот момент бебко плачеше на лице кај мене допрено. Брзо поминува многу различни емоции ќе те совладаат во тој момент и нема да мислиш на боцкањето кое трае 2мин со припрема со сè
Кај карлични бебиња не чекаат да те фатат болки зашто е ризик. Закажуваат 38ма ,39та недела. Обично 38ма. Кај мене беше карлично.
Да природно без анестезија се породив, издржливи ми беа болките или можеби јас имам висок праг на толеранција на болка
Мене ме фатија болки и бев 5 прста отворена кога стигнав и пак царски ме направија. Само подобро е да не те фатат зошто анестезијата се боцка во кичма па на контракции мора да бидеш скифлена и да не се помрднеш. Секако не се осеќа повеќе ме боли од прст да ми земат крв него ли тие што ме боцкаа со толкави игли . Дури и тоа што ме бришеа на местото со газа ме болеше повеќе него ли боцкањето.
Не тоа ти е како само плус кислород (не знам што има внатре хаха) да те смири и така си дишеш полека малце се губиш ама не ме успа ако памтам добро
И мене првиот пат ми ја ставија сега ме потсети Кислород е, многу убаво се дише А на вториот само она цевчето во нос го имав.
Не знам ја каков им е тој кислород,ама јас се осетив како да лежам на облаци. Се сеќавам,му викам на анестезиологот 'добра дрога'
Имаше пред некој месец една членка пишуваше дека на царски ќе подврзува јајцеводи. Ако му текне на некој, да ме посочи која беше. Тенкс
Можеш да и пишеш на @LadyC или ако сака вака јавно да напише. Јас си пишав со нејзе ама малку поразлична е нејзината процедура.
И јас сакам доволно е трето дете Дали знаете дали породувањето мора да е царски за да ми ги подврзат?
Мислам дека да, не знам како би стигнале до јајцеводите на природен пораѓај. Друг начин е веројатно лапароскопски. Нека каже некоја што знае повеќе, ова по логика пишувам.