Добро на сите им ги ставаат овие инекции? Јас не се сеќавам да ми ги ставаа ниту да осетив ваква болка. Ми ставаа клексани и ми дадоа дома да си ставам, во стомакот и тие болеа малце ама ваква болка не осетив. Мислам јас бев со итен царски и во шок соба после, може не се сеќавам ради тоа, ама повеќе пати прочитав за инекцииве и стварно ми е мистерија зишто не ги сетив.
Девојки кога може да се почне со туширање? Денес ми е трет ден во болница дали мозе да ставам крпа на раната да се истуширам не можам да се поднесам веќе и јас да кажам со првото се породив природно а со второво царски ама во секој случај природно ми беше полесно пораѓајот и станувањето. Кога ми ги ставаат инекциите ерготил во комбинација со кетонал звезди бројам поише и од раната ме боли, пече.
Зависи каде се имаш породено, ама мислам дека во мк скоро секаде е пракса да ги ставаат. @malecko5 Штом се осеќаш подготвено туширај се, штом ти е трет ден веќе и лепенката ваљда ти е извадена.
Јас сабајле се туширав, царскиот вечерта ми беше. Немаше проблем само не го мокрев местото и лепенката. Не сум во МК, сигурно не ја ставиле тогаш.
Vo privatnite kliniki stavaat. Jas so prvoto se porodiv vo Cair ne mi stavaa, ma nisto ne mi stavaa moze nekoja infuzija obicen fizioski ako stavija. So vtoroto vo Remedika na sekoj saat mislam vlagaa te ergotil, te kleksani, antibiotici, za bolka paracetamol trista cuda mi se smaci ne me ostavija da pospijam.
И мене ми ги ставаа но не осетив никаква болка . Од овде што читав очекував да биде полошо од самата операција
Да и мене во ремедика ми ги ставаа, тие се за да предизвикаат контракции, за да се врати матката дека сме царски. Ама ставаа одма за болка и се трпеше.
Само да споделам искуство дека од прв до втор царски, небо земја има разлика. Со првиот добри недела две дома ми требаше да закрепнам. Со вториот уште 2 ден во болница движев нормално додека дојдовме дома ко нова бев, скрос физички способна за предизвикот тодлер и бебе. Така што без страв коцките си се местат сами.
Da i kaj mene se trpese, ustvari jas osven toplina i zed nisto ne osekav od niv. E ama zatoa nogata kaj sto me bockaa ne ja osekam sega otrpnato mi e toa mesto uste.
2 месеци и 2 недели се поминати од царски. На средина на резот ми е сеуште како незарасната раната. Како побела ми е кожата тука. Другото од двете страни е се' ок. Нормално е ,треба време за ова или да барам доктор? Вака не осеќам ништо,се ми е океј.
И Битола на болница ставаат инфузија за контрахирање на матката, за царски секако, природно сама се враќала матката ама и така болело, баш ги читав тогаш и тие природно што се породија. Исто така болело повеќе за второ, трето дете. Многу ме болеше и мене и цимерката, 2те со второ бевме, ама одма после неа ставаат инфузија против болки, се на се 20 мин треба да се издржат Со првото не памтам толку да ме болеше, царски беше исто.
Кога имаш индикација за царски, чекаат да те фатат болки, или идеш на договорен царски, како идат тие работи? Истиот ден се оди во болница кога е закажан или ден претходно? Јас не бев спремна на царски психички па затоа сакам одприлика да знам...
Штом си со индикација со докторот на контрола ќе договорите термин. За приемот зависи од политиката на болницата. Најубаво да го прашаш докторот. Се што ти се мота низ глава прашај, знаењето ќе ти даде некаква сигурност. Целиот процес е брз, а штом го видиш бебуш почнува ролеркостерот Опуштено и со лесно
После 5ти ден од болница али со одобрение од доктор. За првото носев и ми помогна многу првите недели за движење и кревање на бебе. Со второво не носев секако одма станав на нозе како ништо да не е али во врска со сѕомакот ако ти е не игра улога. Само храна нормална протеинска повеќе, вода во голема количина и движење е лекот за стомак ништо друго.
Многу ме плашеа со тие инекции и искрено ми беа поголем страв од самиот пораѓај, на крај да не прашав немаше да знам што ме боцкаат,ништо не сетив а сум голема кукавица на тема болка.Во Систина се породив,таму во комбинација со нешто против болки ги ставаат па може затоа и беа тотално безболни.