Не читај. Смири се ако продолжи болката ќе бараш чаре. Јас еве уште не сум отишла подетално да испитам, а веќе година и пол сигурно ме боли.
Не памтам на кој прст ми ставија епидурал ама бев со најјаки контракции на 1мин од 5сабајле почна веќе пикот фати во 9 до 11.20 тогаш добив епидурал и мислам рекоа сега си 8прсти уште малце за да не се мачиш многу и ќе почне пораѓајот дојде докторот и рече доаѓам во 12 и буткаш да излезе. Го викнаа итно зошто почнаа напони 10отворена, Епидуралот после тие болки ми беше 7мо небо за на крај да ми кажат одиме итен царски И откако ги осетив 2та начини не се каам за царскиот мене најјеза ми беа муабетите за мокрење после природен пораѓај дека мн печело а после 2 интервенции вадење серклаж вагинално болки и пржење, заздравувањето од царскиов не ми се виде толку страшно кога гледам наназад. Ама е ептен тоа субјективно кој како трпи болка, доживува, на што се фокусира и пак ќе кажам лесна рака на докторот
Епа така мислам и јас, заздравувањето после царски не е така болно ко што го опишуваат. Јесте е мачно, ама природен пораѓај е далеку помачен и повеќе боли. Што ако се отварам ко на првово 1цм на три сати? Да трпам толку јаки болки толку долго време, ма дај. Јас третиот ден после царски летав. И плус раната ми е лепена немав никаков проблем со неа.
Здраво девојки да прашам во врска со самата постапка на царскинрез, дали кога се прави царски рез се засекува местото и се вади бебушот и плацентата и потоа се зашива или се вадат и цревата па повторно се враќаат назад? Некако не сум на чисто со целава постапка
Не се споредуваат царкиот рез со природното пораѓање. Прва работа тебе толку ти биле болни тие 5см, жени раѓаат и раѓале без никаква анестезија, на некои жени кои искусиле и природен и царски пораѓај поболно им било заздравувањето после природен или после царски, индивидуално. Ама овие два пораѓаја не знам како се дрзнувате воопшто да ги ставате на кантар ?! Да, има компликации на природно породување и некогаш подобро е царски, меѓутоа своеглаво избирање царски, споредување, коментирање воопшто дека после 5 дена било лесно со царски а со природен и по 30 дена болело. Даа болело можеби и после 30 дена од природно породување ама тука завршува приказната, со царски БОЛИ ЦЕЛ ЖИВОТ и рана и кичма и нерв се фаќа. Друга работа е што си цел живот пола човек и на секое кревање нешто, вежбање и сл треба да пазиш бидејќи рана се отвара, на рана се создава кила, на една кила често следува уште една. Роднина 4 операции направи до 50та година баш ради кила на царски. Царски е за цел живот, природно породување не е!
Кичма и нерв се фаќа од самата бременост, од изместеното тежиште на телото поради растењето на стомакот. Не од царскиот. И не боли цел живот, таман работа, колку жени се со цезареа, нормално си функционираат. И колку жени знам што се природно породени, проблеми со кичма колку сакаш.
Боли боли. Болки на промена на време се осеќаат долго, а и да не е тоа цел живот треба да се внимава на раната.
Како мене не ме боли? Две цезареи имав, една пред 13 години, другата пред скоро 8 години. Ни рана ме боли, нити ми се познава кај сум сечена. Кичмата ме боли, ама мене до скоро и работата ми беше 95% со стоење во лоша позиција, не е дека е до царскиот тоа. Не сум поборник на цезареа, најголем уплав ми беше операција под општа анестезија, две такви поминав од што немав избор. И еве, замисли, функционирам нормално, немам болки какви што си замислуваш. После години не е ни рана, лузна е, што одвај се познава. Што треба да се пази цел живот, не ми е јасно. Нормално е одма после породување да боли, сепак сечено е, ама и тоа поминува за месец дена најмногу.
Ти си со царски породена? Провери да не си лошо шиена нешто, лошо заздравена, колку време е пројдено? Јас после 6 дена од царски садови од машина вадев, после 10 дена пешачев 2 км. 2.5 год се пројдени, пак сум трудна, нит пазам нешто, нит пак сум пазела. Зошто би болело на промена на време и зошто би се пазела цел живот ако операцијата и шиењето е изведено како што треба? Каква рана цел живот? Не сфаќам... @Madmozel84 не ти ги вадат цревата, не се секирај
И јас пред 3 год породена со царски,за 5 дена бев како нова,после 10 дена и пешачев колку сакам,после месец и полека почнав да вежбам,навистина некако немав никаков проблем. Еве сега бремена со близнаци,28 ма недела,секако тешко не кревам,ама не ради рана,него поради бременост,немам проблеми се е во ред. Највероватно и сега ќе сум со царски. А тоа дека цел живот поблеми со раната ќе се има,нема врска. Како и да е со лесно да помине кај секоја.
И јас немам болки никакви.Се породив пред две и пол години.Раната е исто скроззз избледена,скоро невидилива.Керка ми е 13 кила ,ја кревам буквално секој ден,проблеми немам.
Јас сум пред 4 месеци породена со царски. Силна болка само денот кога ме стааа, наредниот ден се движев низ цел оддел, а третиот ден ме пуштија дома, си функционирав најнормално. До ден денешен раната не ме заболела. Ама затоа имам страшни болки во кичма како последица на спиналната, да не е сопругот да ми помогне нема да можам детето да си го избањам. А не сум имала проблеми со кичма ниту во бременост, ниту пред тоа. Така да кај секој е различно. Инаку и јас да можев сакав природно да си се породам, ама тоа е, мораше така да биде.
Не знам дали имам пишиванп тука ,но подобра одлука за царски рез немам донесено. Од толку многу страв што слушав разни приказни така вака не знаев на кој свет сум.Сепак бев одлучна да раѓам царски и покрај уредна бременост.Кога ставив на вага природно или царски и од двете бев преплашена ,но поголем страв имав од природниот од причина што нр знаеш кога ќе те фатат болки ,колку ќе трае цел процес итн.На царски легнувас за 20 мин бебе во рака. Фала му на Бога се испадна добро,болки после царски немав воошшто односно на 5 саата отидов до вц со шомош секако ,како што опишаа некој страшни болки не знам што јас кога станав брв пррплашена ,но ништо од тоа не чувствував. Е сега вака ќе кажам никогаш не базирајте се на другите приказни зошто секој човек има различен организам и различна толеранција на болката. Јас сум со позитивно искуство ( само да напоменам дека се породив во странство) Болки во кичма не осеќам барем за сега ,веќе 5 месеци од царски.
Јас викам секој е различен, секој има различен праг на толеранција на болка. И природно и царски е тешко. Ние сега претеруваме епидурални, вакви такви порано како ги раѓале. Немало дај му пари на доктор и ајде царски да не трпиш болка. Помалку болело царски на нозе си третиот ден. Да бил нормален пораѓај царскиот немало да раѓаат природно, сите би иделе царски. А царскиот не е царски, магарешки е. Мене ми иде да ми простите од газот да си гризнам што правев генералка и ми се фати нервот инаку никад не би се нафатила на царски ако нема некоја индикација. Царскиот е операција. Од кила да те оперираат 21 ден лежиш дур не заздравиш, тебе за неколку саати бебе ти носат да се грижиш. Тоа жеже раната мислиш бензин некој ти истурил и запалил ама стискаш заби и тераш. И на царски боли коа ќе мокриш првиот пат, да не прајме муабет гасовите и кога треба да идеш по голема нужда, недај боже запек да имаш. И природното боли, го немам искусено за жал ама слушав како викаа и верувам дека многу боли.
Поголем плашливец од мене не постои о се тоа што спомна голема нужда или мокрење првиот пат ,да неприајтно е но не и неиздржливо .Пак ќе кажам се зависи до орагнизмот мојата толеранција на болка е нула па кога требаше тие работи да ги правам дути бев зачудена од моето тело како се поднесе храбро и без болка.Нормално нели не викам да немаше никаква болка ,но на скала до 10 би избрала 4.
Тоа да, и јас трпам болка, да не сме имале бебе за кое треба да сме способни да се грижиме и те како ќе сме кукале. Ама кога ќе заплаче а знаеш дека зависи од тебе и на болка, и на конци и на се забораваш.
Е поради вакви коментари, не дај боже ти да си бабица и да пораѓаш жена. Мене ми беше многу болно на 5цм, а секој за себе си знае колку може болка да поднесе. Јас не можев почнав да урлам и барав епидурал после епидуралот олеснување па спиење до 10цм не знам какви се болките. Да сестра ми се породи за 5мин само што стигна во болница 10цм отворена, а во кола нит да писне додека стигна таму. Секој е различен, јас кажував за себе. Алал да им е на тие нормално што раѓаат јас не можам. Иначе еве јас 3.5 години после царскиот немав никакви болки во раната нит во кичмата. Се нормално функционирам. И не сум пола човек, еве уште работам + 33 недела трудна сум. Родив дете од 4.5 кила и одма го кревав во раце, а рана не ми се отвори. Од каде ти се овие шпекулации не знам.
Тие со 3-4 царски веќе не се ни луѓе, не пола човек Не зезајте луѓе, секој со својата толеранција на болка, хормони, физичка спремност и доктор, секако секоја операција си носи ризици ама дека има некои последици добро завршена цезареа не сум слушнала.