Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Ама мене најмногу ми боди очи што има напишано “Прва работа тебе толку ти биле болни тие 5см, жени раѓаат и раѓале без никаква анестезија”
    Исто како оние бабици што им викале на некои “боли боли а убаво беше кога го правеше” или па на некоја што се породила царски и рекле “друг ти го породи друг ќе ти го порасне ” демек свекрвата.8-|
    Ете мене ме болеше многу од 5цм натака па почнав да урлам са скокам, а јас многу споро се отварав 1цм 2 сати, мене самата бабица ме убеди да земам епидурал јас од 5 до 12 навечер да ги трпев тие болки да се отворам 10цм тоа е стварно незамисливо, за мене.
    Секој за себе си знае колку болка може да истрпи.
    Добро што постои и епидурал..
    И сакам да кажам и сега ако пробам природно, пак ќе земам епидурал нема шанси тие болки да ги трпам..
     
    На H.VAGA и Skyler им се допаѓа ова.
  2. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Незнам дали сте сериозни ама јас со свои очи сакам да ја видам таа што 6 денапосле царски шета и е "како нова ".
    Абе мајка ми седеше со мене у вц додека се бањав ,од што не можев да стојам на нога. Да не зборам за тоа дека секое кивање и смеење ми беше хорор жив.
    Не може да споредите операција и природно раѓање во никој случај. Никој не може да ме убеди во спротивното.
     
    На Giinna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Види вака, прва работа страшно безобразна си и очигледно си и имаш проблем со комплекси па се лечиш тука. Не знам што толку ти боде очи тоа што си го болдирала и ме ругаш со постови наназад. И сама викаш дека секој индивидуално има праг на толеранција на болки, истото го кажав и јас, дека жени поминале и без анестезии, не дека не треба да се породи секоја без анестезија туку дека има жени на кои што не им била потребна анестезија! Не те прозвав во никој случај зошто ти не си ги издржала болките, ама затоа што тебе ти биле неиздржливи породилните болки не значи дека царскиот е со "болки" а природното породување е со реални болки како што викаш ти.
    И да, се имам и јас породено со царски и боли, и боли и на промена на време, да одвоиш 1 минута да вратиш неколку страни наназад само ќе видиш колку пати е коментирано дека боли на промена на време, на периоди и сл, ама доби поддршка од неколку жени и се умисли дека мн памет имаш па го раздаваш тука по темава. Кила се добива после операција многу лесно и за тоа ако сакаш можеш многу лесно да ја потврдиш информацијава.
    Може не сите се пола човек,ама многу се со пола мозок. Поздрав!
     
  4. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Остај, не влагај во дебати со паметници. Ваделе садови од машина после неколку дена и тоа значело дека операцијата супер поминала (facepalm)исто и станала ручек да направи после 5 дена и завршена работа. Најтешката операција на абдомен била помалку болна и побрзо се оздравувало од природно породување.
     
    На Cherry blossom89 и Misskirova им се допаѓа ова.
  5. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Јас 5 дена после царски 6 саати бев сама со бебе дома, од спална легнував на земја па на колена станував од што ме жежеше раната. Сама бебе бањав соблакав облакав, ама јас си знам што болка претрпев и колку го молев господ да ми даде сила да не ми падне од раце бебево. Бањањето хорор ми беше. Па покасно млеко доаѓа бебе плаче за јадење ти немаш млеко па плачеш заедно со него, па хормони те лупаат па рана те боли па кичма од боцканото позади те боли незнаеш кај тераш. Се согласувам со тебе за се што кажа. Ама не го оспорувам фактот дека и природно боли многу дур не излезе бебушка. Што вика другарками желозото од креветот ми идеше да го гризам :)
     
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Вториот е многу полесен, не седнував. За првиот ми требаше малку време.
     
  7. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.941
    Допаѓања:
    4.827
    Пол:
    Женски
    Многу забегавте од темата, си има посебна тема природно или со царски рез таму се препукувајте.
     
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    (fingers)
    Ајде бе знам што мислеше со тоа што го напиша не превртувај и не вреѓај не сум тука да се вреѓаме.

    “Толку ти биле болни тие 5цм”, да ме болеше и тоа многу, на некои жени не ги боли многу некои трпат и тоа е тоа.
    На сите жени што се породени царски ги направи половинка и доста други глупости изнапиша за царскиот затоа изреагираа сите не дека мене ме подржаа, ако си ти половинка јас не сум, работам кревам тешко чак и трудна.
    Ајде шибај (fingers)
     
    На Inana123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас со царскиот супер поминав. Мораше царски дека бев со пукнат водењак а немав ниту болки ниту контракции, можам да кажам лично за мене дека поминав супер. Утредента станав побарав да ми извадат катетар, беше болно првите три дена при станување-седнување, од четвртиот ден функционирав најнормално. Од тогаш се поминати три години и немам никакви последици ниту со кичма ниту со главоболка. Во Јуни здравје ме чека уште еден царски и се надевам ќе го поминам исто како и првиот.
     
    На CareTee, Skyler81, DELFINA81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Мене 15 месеци после царски ,на промена сеуште ме наболува раната.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа што немав никакви маки ...
     
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам кога ќе речат на промена на време ме боли, мене не ме боли ништо.. Ме болеше кичма само 6 месеци после породување, ама тоа викаа докторите дека се мускулите дека треба да се затегнат дека се олабавени после 6 месеци еве три години немам никаков проблем 8ми месец сум имам голема тежина и кичма не ме боли.
     
    На Didi*** и Inana123 им се допаѓа ова.
  13. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да не се урочам ама веќе 5 месеца не осеќам ама баш ништо од царски ни болки во кичма ни ништо .5 дена лежев во болница да беше непријатно ама кога дојдов дома како природно да сум се пораѓала не знам како да објаснам.
    Верувам дека некои членки се имале болки ама пак да кажам различен организам и различно закрепнување друг одговор немам.
     
    На Skyler81 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.497
    Допаѓања:
    9.639
    Пол:
    Женски
    Немав ни јас,ни пак на промена да ме боли рана.
     
    На Skyler81 и Malo mace им се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    И мене ме болеше повремено првите месеци ама мислам од што го држев малиот нонстоп во раце. Многу плачко беше, со грчеви, буквално ми порасна во раце, плус доев во лоши позиции првите недели и грбот многу ме болеше. Тоа си помина со тек на време, па втората бременост пак почна раната да боли и како се породив со второто болка немам осетено. Еве и сега трудна ги кревам, не застанувам по цел ден, уморна сум ама проблеми со раната или кичмата немам, нит знам кај сум боцната како некои жени што опишуваат.
    Ама пак, сите сме различни некоја истрпела природно болки, некоја повраќала и се онесвестувала на бокс. Јас осетив породилни болки и искрено не се споредува со болките од царскиот. Царскиот боли ама пак ќе ти пуштат инфузија со аналгетик, ќе дремнеш, ќе помине време. Со породилните јас искрено да ви кажам, само се молев побрзо да умрам пошо мислев дека умирам.
     
    На CareTee, BabyD0ll и Tea SK им се допаѓа ова.
  16. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Не знам како е до 10цм, ама знам како е од 5цм, тоа стегање таа болка не е само стомачна, тоа е бре стегање неподносливо во цела половина стомак кичма, не можеш да дишеш.
    Болките после царски не се такви да не се лажеме, нормални болки се и тоа само првото станување мене ме болеше многу, ама јас станав два чекори и седнав, ми рече сестеицата полека, после тоа се беше нормално и то помагаат сестрици, цел тим.
    Е сега депресија хормони ова она мислам дека тоа нема врска како си се породил.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.483
    Допаѓања:
    8.651
    Пол:
    Женски
    Значи што чудење се удри за нас што добро сме прошле со царски, како мислиш лажеме тука еј. Неам друга работа ќе лажам јас непознати по форум дека садови од машина сум вадела :fubar:.
    Јас до 8 см трпев породилни болки, 10 саати, со провокации кои ги појачуваа се повеќе и повеќе. Не излезе детето од мене, не ја знам таа болка ама знам што се породилни болки. Знам и како е да повраќаш на бокс од болка и да те бодат со реглан на 8см отворен и како е бебе да лупа и да бута каиш од цтг зашто ја збеснаа со провокациите.
    Царскиот ми беше олеснување. Кога ми ја ставија спиналната како на 7мо небо се осеќав. Кога станав после 24ч болеше да, како да ми корне некој цревата, кога идев да мочам 3 дена после царски ме болеше како да ќе ми испадне бешиката.
    Ама никогаш нема да речам дека ме болело како породилните болки. Лапни си бруфен, кетонал и поздрав.
    Ни рана ме заболела во овие 2 години, ни последици имало некакви. Сум пешачела многу, сум вежбала, сум кревала тегови, во ниеден момент не сум има апсолутно никаков проблем.
     
    На CareTee, H.VAGA, Didi*** и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Во болница додека лежев ние со царски едвај станувавме тек утредента .Тие со природен, беа на нога после пола час.
    Па сеа видете што е потешко
     
  19. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Па не баш , цимерката со природен пораѓај ја станаа после неколку часа исто со помош на сестра и се движеше исто како мене со царски породена чекор по чекор . Башка што пребледе и за малце ќе се онесвестеше .
     
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.603
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Па добро ,по неколку часа. Мене ме станаа едвај по 25 часа. Едвај.