Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    8.892
    Пол:
    Женски
    Девојки стварно е многу индивидуално. Далеку е од точен терминот царски нема ништо царево во цел процес ама многу зависи од 100фактори. Јас вториот ден по царски се бањав и чистев соба :D докторот кога дојде ме зезаше дека дури нови чорапи сум си облекла од што сум свежа, ама признавам првиот ден по царски кога ме станаа (18ч пост) корнеше од болка баш како со бензин да ме запалиле и ми се умираше и ме удри депресија на најјако. Но само тој 1 ден, ете може имав среќа да после таков ден после тоа сум одлично и еве ништо не осеќам одма од 3тиот ден, на контрола 40дена докторот даде зелено светло да се вратам скроз на нормален живот и вежбање само тегови да оставам за малце подоцна и постепено да ги враќам
    Сите сме прекрасни мајки сите сме се намачиле на овој или оној начин да ги гушнеме нашите бебки
    Нема потреба од карање :inlove:
     
    На Coco31, ina..ina, Ivana 8 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Krismare

    Krismare Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2022
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Nekoja majka da spodeli iskustvo so vtor carski kako ste pominale 29 nedela sum vo koja nedela se porodifte kako pomina oporavuvanjeto ... Pozz
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Didi***

    Didi*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    1.981
    Пол:
    Женски
    Со двете деца породена сум со царски рез и не, апсолутно никакви болки немам. Нормално подвижна веќе од 5от ден по породувањето, нормално функционирав и се грижев за децата без никаква помош. И секако дека не сум за цел живот пола човек и дека не се отвара раната, кревам тешко и правам сè што сум правела и пред првиот царски рез. Со коментаров ги направивте жените што се породиле со царски рез како полуживи да се отпосле.
     
    На Iris-1234, DELFINA81, BabyD0ll и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Мајки и со првиот царски и со вториот подвижна од 2 ден, ама матката вториов пат еве 2 ден вратена дома уште сум на кетонали. За првото како побрзо да прекинаа болките. Прагот на болка ми е прилично висок ама ова баш ми се плаче, пола нозе ми се кочат и половината кога контрахира. Брзам има надеж да се намалат? Да можев да лежам ај некако ама не ни сакам. Хелп
     
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Значи тешко на трудниците што ве читаат а треба да се породат со царски(facepalm) Породена сум со царски пред една и пол година и немам никаква мака апсолутно. Имам ептен тенка незабележлива лузна, го кревам син ми, кревам тегови во теретана и немам никаква ни болка, ни мака на промена на време. Првите месеци после породување имав болки во кичма ама бев на ортопед и заклучокот беше дека болкте се од самата бременост и изместување на тежиштето и од постоењето на дијастаза. Препорака беше да почнам со вежбање за да ги зајакнам повторно стомачните и грбните мускули и тоа премногу ми помогна, па сега немам апсолутно никакви болки.
    Да, тешки се првите неколку дена од царскиот ама не е ништо драматично за вака да ги трауматизирате идните мајки кои заради Х причини мора да се породат со царски рез.
     
    На Annath, Coco31, DaftyCrafty и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Некој искуство? Две ипол недели после царски стомак ме боли како кога имав добиено, а без инекција или дијазепам со спазмекс не ми поминувала болката. Почнав и пообилно да крварам. Нормално е или да ѕвонам кај докторот што ме пораѓаше... или да одам во чаир.
     
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Не е нормално, да одиш на лекар.
     
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    8.892
    Пол:
    Женски
    Прими инекции или капки за собирање на матката? Релативно рано е и треба време да се собере и врати во нормала, плус кога цица бебе прави дополнителни контракции за да се собира, боли и крвариш. Ама ако не се издржува оди на контрола
     
  9. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Појма немам за инекција вајда ми ставиле во болница. А за капки не ми дале. Ќе видам до после како ќе е. Бебево немам на кој да го оставам, ако не се намалува ќе одам, ако не утре кај матичната. Ќе се консултирам сеа и со докторот што ме породи па ќе видам.
     
  10. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Duri sega ve citam zenski. Porodena so carski pred 6 nedeli, 5 dena vo bolnica 3 den stanvav sama se tusirav setav, 5 den doma sama funkcionirav so bebe a 8 den spremav rucek za 15 luge i cistev cel stan. 6 nedeli krevam bebe od 6 kg pesacam cistam se sama. Ne ni osekam deka sum operirana. Ne znam dali e do doktorot ili do nas samite.
     
    На Mihaela123456, BabyD0ll и Didi*** им се допаѓа ова.
  11. ina..ina

    ina..ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    109
    Dali moze nekoj da ja opise celata procedura na poroduvanje so carski, konkretno za vo Sistina me interesira.
     
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    22.826
    Пол:
    Женски
    И јас исто. Вториот пат отидов на закажан директен царски. За пола саат готово беше, се разбудив, си го гушкав бебчето, немав болки оти ми даваа апчиња. Станав после 5-6 саата со помош на сестрите, се измив, малку беше болно ама не ептен. После си станував сама без проблем. Одморена си бев, свежа, имав сила. Ме пуштија на третиот ден, дома кога стигнав веднаш почнав да чистам. После една недела веќе бев нова личност. Болки неам од времето, никакви болки неам.
    А со првото ете така ме исплашија од царскиот, и отидов јас природно, се изнамачив, со саати ме малтретираа и накрај пак царски. Од шо бев толку изморена 5 дена од болничкиот кревет неможев да мрднам, бебето само со очите го гледав. Ама дома кога си отидов ми беше супер. Немаше болки, можев да си седнам како човек.

    За мене, од искуствово со првиот пораѓај, за вториот ми беше најбитно да сум одморена. Кога жената е одморена, побргу заздравува.
     
    На Fenix05, Besbes24 и Easter им се допаѓа ова.
  13. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Tocno e, za nas samite a i za bebe najvazno e da sme smireni i odmoreni. E sega dali do nasiot organizam e ili do doktorot ne znam sto da recam ama jas ako ne ja vidam ranata ne ni mi odi pametot deka sum operirana. Barem zasega niss ne osekam dali potamu se javuvaat tie bolkite vo grbot ne znam.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    109
    Прием после 18 часот дента пред закажан царски, те сместуваат во соба, сестра доаѓа ти прави цтг, гледај да се одмориш. Сабајлето те носат во сала ти ставаат спинална анестезија (не е воошто страшно, ништо нема да осетиш), легнуваш и одма почнува да делува, ставаат чаршави пред тебе и ништо не можеш да видиш. Не чувствуваш болка само ќе осетиш тегнење и притисок кога ќе го извадат бебето. Ќе ти го покажат, па после го земаат на мерење. Се е многу брзо, од кога ќе влезеш во сала за 15 минути ќе си го видиш бебето. После има уште околу половина час, да завршат со шиење па те носат на интензивна додека да попушти анестезијата и почнеш да ги движиш нозете. По околу два часа ќе те однесат во соба и ќе ти го донесат бебето:inlove:
     
    На ina..ina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ina..ina

    ina..ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    109
    А пред тоа го пукаат ли водењакот и дали прават клизма.
     
  16. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    На закажан царски не ти пукаат водењак. Во чаир мене ми ставија клизма, а по другите болници незнам како е.
     
    На ina..ina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    109
    Не го пукаат водењакот, а клизма ставаат сабајлето пред царскиот.
     
    На ina..ina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    4.174
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се имаш породено воопшто и дали конкретно царски не те пратам ама ако збориш од конкретно тогаш звучи како месар да те оперирал. А ако немаш искуство со царски тогаш те молам нема потреба од вакви коментари кои благе везе со животот немаат. Да царски е операција ама во денешно време малтене е рутинска дали ви се свиѓало тоа или не,и чим може да ја бираш како опција за пораѓај воопшто не е така страшно. Пола човек си после царски? Мислам попогрешна информација не можеш да дадеш. Само плашиш жени што допрва треба да се породат. Ме станаа после помалце од 24часа, станав лесно, нема да кажам дека не осетив ништо зашто сепак е пораѓај ама воопшто не беше болка за умирање. Вториот ден пост оперативно бев спремна да си одам дома ама протоколот е пет дена во болница па цркнав од досада. Раната еве после два месеци ми е топ скоро избледена тенка линија. Се е во ред на ехо добив зелено светло и за вежбање и за секакви активности. Кила на царски компликации со рана се само можни негативни последици но такви има и од природен пораѓај. Ако испукаш/те сецнат доле исто имаш рана и боли и не можеш да седнеш на газот. Компликациите се секаде можни ама со царски помала мака гледаш дефинитивно. Уште 10 деца би ги родила вака. Не знам кој ти кажа дека цел живот боли еве после два месеци ништо не ме боли. Твојов коментар звучи прехорор.А воопшто не е реален.
     
    На Adidas888, H.VAGA, Didi*** и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.248
    Пол:
    Женски
    Не, се немам породено. Дојдов во темава да изигравам баба рога и да плашам луѓе. Поздрав :)
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Девојчиња, пред 25 дена породена царски, имам страшни болки во стомакот ( ама буквално цел ме боли, дури понекогаш неможам да се исправам од болка) грчеви имам и многу течна столица од кога сум породена ( како клизма кога ти ставаат ). Гинеколошки е се добро, рана супер, матката добра, јајници се ок, докторката се сомнева на проблем со цревата и да направам ехо на абдомен, ми даде пробиотик да пијам. Ја прашав дали царскиот има врска со тоа ми рече не. Деновиве ќе одам на ехо, но во меѓувреме да не има некоја искуство со ова зошто понекогаш не се трпат болките...