Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    943
    Три пати сум боцкана во кичма, еве, да не се урочам ниту болка имам, ниту ништо.
    Докторите велат дека е подобро спинална од целосна. Секако ако има индикации, тогаш решаваат за целосна. Јас со првата бременост мој човек беше на смена анестезиолог. И ме праша како сакам. Го прашав, тој како доктор што би предложил. Ми рече, освен во случаи кога мора, јас сум за спинална. Еве после толку години, супер сум. Ама ова е мое искуство :) Со лесно :)
     
    На BabyD0ll и LaViCa. 08 им се допаѓа ова.
  2. LaViCa. 08

    LaViCa. 08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу ♥️♥️♥️
     
    На juice_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Вечерта пред закажан царски, дојде анастезиолог да ни објасни за процедурата како е. Кажа дека со спинална е подобро зошто не влијае таа анастезија на бебето, додека целосната го успива и бебето ( не многу, ама му влијае ). Во краен случај ставале целосна. Еве ме мене пред два месеци породена закажан царски со спинална и да ме боли кичмата, ама не значи дека и тебе ќе те боли. Ама полесно ја поднесов спиналната, две операции сум имала со целосна и искрено не би пак освен ако мора. Ми се лошеше, глава ме болеше, ко тепана бев. Три дена на себе неможев да дојдам, а со спиналната за 6 саати се карав со сестрата да ме станат. Ништо не осеќав освен нели раната од царскиот.
     
    На LaViCa. 08 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LaViCa. 08

    LaViCa. 08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. ♥️ Јас имам уплатено во приватна болница.Ќе може ли да ми кажете кога ти закажуваат отприлика? Или од 36 недела кога ќе одам кај нив ќе треба да им се каже ? Фала ти уште еднаш и се со лесно да ти биде ♥️
     
  5. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    1.667
    Како оди процедурата со царски... 39 нед терам ама не сум отворена ни грло е омекнато.. матичнио неш спомна за царски ама нз како е да одам на гак и да кажам сакам царски .... нз како оди целиот процес.. вие што сте поминале тој пат да ми кажете
     
  6. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Супер поминав, еве сеа трет царски ќе имам за скоро.
    Со спинална бев, така и сега.
    Првиот беше инцидентен, не правев никакви испитувања претходно. Се породив 39 и 5 дена отприлика
    Вториот царски закажан, во 38ма најрано закажуваат. Недела пред тоа ти дава упути да испиташ крв екг и со анестезиологот нешто. Те примаат ден претходно и следното утро ти започнува со клизма и следи операцијата :l:
     
    На prinstongirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    1.667
    Со првпто се порофив спонтано брзо ..и сум задоболна од процесот се течеше природно и нормално..ама еве сева бебуш се заинати сака да си е вп меше.. мене нетрпение ме исчекува.ж ќе видиме што ќе предложи матичен утре
     
  8. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Кога ти беше првиот царски?
     
  9. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Пробај прво природно, ако веќе не можеш ќе те прават царски. Не знам како е македонија закажуваат доброволно царски??
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    76.318
    Пол:
    Женски
    Само приватно доброволно закажуваат. И државно со врски :D
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Зошто прво не пробаш со провокации за природно ако имаш желба? Јас примив и вагинална и со инфузија во приватна болница но не се отварав цел ден и на крај се одлучивме за царски поради тоа што качив притисок не ми се спушташе со лекови.
    Јас бев исплашена од царски, но гледам дека непотребно. Мислев дека опоравувањето е многу поспоро и дека нема да можам сама да функционирам долго време, но навистина не е така. Се чувствувам одлично, еве и времето е променливо па не осеќам болки ни на раната ни од спиналната анестезија. Со лесно и чекаме убави вести наскоро.
     
    На honey95 и prinstongirl2 им се допаѓа ова.
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Види види, со врски, конци. :D
    Овде државно нема шанси доброволно да закажеш царски, форсираат природно до крај, приватно не знам.
    За втор царски можеш доброволно.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ivana 8

    Ivana 8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2021
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    773
    Пол:
    Женски
    Ја фаќав државно врски за природно да се породам и на крај пак царски :) ја обратно од сите хахахха :)
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Не знам дали во меѓувреме си се породила ама јас се би дала да сум на твое место, посебно прв пораѓај лесен…милина. Ова сигурно ќе оди уште побрзо, да сум на твое место ќе се стрпам уште малку и одам природно.
     
  15. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    1.667
    Не сум сеуште... чекам... впеток ке одам на преглед вагинален и ехо па ке виидме до каде сум..
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.570
    Пол:
    Женски
    Абе нема никад никој да ме убеди дека исто боли царски и природен пораѓај, и тоа без анестезии, баш природен!
    12 часа бев со болки ненормални, 1 цм и не се отварав, на крај и провокации ми ставија уште поише се збудалев, не знаев кај терам веќе, повраќав цело време буквално, завршив со кислородма маска на бокс и притисок 170 со 100, од премор не осеќав ни напон ни ништо, и не знам како се роди, искрено не знам!
    Само едвај чекав да искочи здрав и жив син ми, а јас можев и да умрам само тие болки да не ги трпам пак!
    И што е најтрагично, имав огромна рана, од која ниту можев да седам, ниту да лежам, ниту ништо, страшно ме болеше и плачев од болки!!
    Станував со помош, и маж ми ме носеше во тоалет и ме бањаше, зошто не бев способна..
     
    На joy1, Didi***, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Не е лесно природно многу по болно е.
    Јас првата бременост форсираа природно 30 сати скоро за на крај царски да завршам, толку бев отекната уморна и се. За второво одлучив директ царски, ми беше страв да не се намачам пак исто, за сат се беше готово, ама после е маката :D
    Не толку затоа што си на лекови 24/7 ама сепак не е сеедно, посебно кога ја гледав таа во иста соба со мене што беше, жената породена природно, лета трча може да се движи без проблем, а јас залепена за кревет со катетар.
    Првото станување по 24ч, првата ноќ се вкочанив на грб лежев ни да се померам ни лево ни десно, нит сон ме фати, ама од третиот ден и трета ноќ веќе ти е подобро можеш да се движиш и тн…
    Искрено секако е катастрофа и природно и царски, ама да раѓам уште едно пак би раѓала царски, ма да немам ни избор повеќе. (fingers)
     
    На H.VAGA и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    1.667
    Јас ос тоа и стравувам.. нема знаци.. и ако нема поарно царски него ли да ме мачат .. од природно се да си тече нема поубаво . Со првпто пукна водењак.. добив болки..си ги тррпев на крајот кога осетив напон викнав по сестрите дојдоја и се се заврши за 3 мин... болно ама барем брзо... очекував и сега ама еве бебуш не му се излегува и се напнувам
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Па чекај имаш време до 42 недела ќе ти дадат и провокации ако треба, ако си родила прво природно пробај пак. Која недела си точно денес?
     
    На prinstongirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.890
    Допаѓања:
    1.667
    40 терам .. термин до понед ...чекам.. рече матичниот петок ке дојдиш ке видиме и ехо и ќе одлучиме што и како.. бебе е спуштено доле во канало уште пд 36 недела
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.