Добро кај тебе друга беше ситуација. Ти беше со индикација за царски, побезбедна опција нормално бираат докторите. Ама ако е се во ред, чекаат. Еве мене и државно и приватно со првото и второто ме чекаа до 40+8.
Јас иако породена пред повеќе од година, форумов уште ми остана при срце. И чат пат гледам колку можам да одговорам, пишам, на секоја тема, и се радувам на секоја бременост и бебенце. Буквално за секоја една. Ама искрено не можев да не искоментирам. Значи цело време чат пат се провлекува коментар, кој пораѓај е поболен, природно, царски. Па како природно е поболно, па како царски вака, така. Значи ние жените сите сме за ќотек, озбилно. Сите до една. Аман веќе со темава. Што е битно што е поболно? И што е битно која како родила? Па уште кога ќе прочитам, не може некој да ми докаже дека царски е поболно кога ја се мачев 20 часа итн итн. Никоја на никој не треба да докажува ништо. Секоја болка, бременост, ситуација е специфична за секој. Да, јас се породив царски, мораше. Ама и да не мораше, ќе одев царски. Со врски, без врски, приватно, кај и да е. Толку работи поминав годините што не сакав ниту да помислам природно. Имав ептен ризична бременост, и сакав да се породам у еден миг. И тој миг додека не ми кажаа дека е се ок едвај го преживеав. И после тоа на коментари, е сега царски, не природно…, треба да се објаснувам зошто? Некоја искусила породилни болки до небо, некоја 9 месеци била у шок како ќе биде, некоја царски имала компликации… секоја поминала нешто. Имам поминато 3 царски, третиот најлесен. Имам висок праг на толеранција на болка. Ниту еднаш пд сите три не се отварав… Пред вториот пробаа природно, никако не идеше…ги осетив и тие болки…се е болно, ама и се е убаво. Дај Боже само успешни бремености и здрави и живи бебиња да имаме сите.
Породена со царски пред скоро 3 години. Ме чеша раната веќе некој период и сега ја погледнав едвај и гледам има нешто бело како првут не знам како да го опишам. Никогаш ја немам погледнато ранава и сега од што пишувам за неа ме боли. Ме боли и за трето дете ако ми спомне некој. Баш чудно е како одма не заболува. Ама небитно тоа. Што може сега да ми е што ме чеша? Нормално е тоа?
Докторката ми даде зелено светло за појас или мидер. Некоја после царски што носела да ми каже каков и од каде?
Да, ама и не бев баш за царски ( си се тешам, и те како бев за царски ) одлука на докторот беше иако викав ќе истрпам само природно да е. Да беше друг доктор ќе ме мачеше природно и пак ќе завршев царски. Среќа во несреќа е што ги искусив едните болки, замисли и природни болки и болки после царски. Вака барем едни. И чудно магично ме пушти нервот наредниот ден Кој и да го види родилниот картон вика бебето супер ти си се изнамачила. Ама најбитно е да сме живи и здрави. И после се поминато одма би идела на второ да можам.
Најбитно е да сме добро, па како биде биде Јас што не искусив, па отидов и на трето И природни болки, природно раѓање, болки со провокации, царски пораѓај Третово не го малтретирам, ако не реши лесно и брзо да излезе природно... барам царски
Жени дали даваат право на избор анестезија ? Ме чека трет царски , ќе одам Плодност ,а сакам општа анестезија. Првиот бев со општа,вториот со спинална но за жал неуспешна , операцијата беше на живо ,што два пати ме успаа додека траеше операцијата,што ми остави траума за цел живот,и сега несакам со спинална ни под разно .Да заспијам па шо ќе прават нека прават !
Најверојатно не те боцнале убаво. Избегаваат целосна анестезија зошто не е добро за бебето ептен во крајни случаеви како твојот тогаш би ставиле. Јас два пати бев со епидурална и ништо не осетив секако прво пробуваат. Со вториот царски осеќав како печење само на стомакот друго ништо.
Ее прави шо ќе правиш ама мора да ги убедиш да ти стаат општа. И јас првиот пат бев со општа, а вториот пат сакав со општа но овие не сакаа да ми ја стаат и продолжија со спинална која не ми фати и ем шо им викав дека осеќам се па дури и сакаа да почнат да ме сечат, почнав да плачам и да се гушам, паничам, и ајде се смилуваа и ми ставија општа. Значи ако не сакат, земи паника да креваш, кажи се осеќаш, абе измислувај ако треба, глуми, не седи мирна..... ќе видат дека не бива така и ќе те успијат. Знам колку е трауматично јас мислев дека ќе се онесвестам тамо на креветот кога ме легнаа ако не ми ставеа општа.
Не сакам да те плашам ама можно е. Скоро на пола од жените не им фаќа. Изглеа не знаат убаво да ја стават овие доктори. Незнам до шо може да е, мене во Германија ми ја ставија па не ми фати. Дали учат и не доучуват, шознам. Дали е до нашиот организам...
Па незнам во Мк, мене тука ми извадоа едно марамче ли шо беше незнам, со ладна вода мислам го напрскаа и ме чепкаа по нозете и ме прашуваа дали осеќам ладно. Им кажав да, осеќам и дека ме чепкате и ладно осеќам и се. Видоа дека не делува и ми ставија општа.
Мене во Ремедика ме боцнаа со спинална и дека прв пат искрено мислев дека не треба ништо да осеќам, ништо не ми беше јасно. Јас почнав да велам дека осеќам уште и не ми е фатена убаво анестезијата и почна да ме фаќа паника. Уште го мрдав палецот на левата нога, дури кога заврши операцијата тогаш престанав да го осеќам. И мене Анестезиологот зема со едно мокро марамче и од градите надолу накај стомак ме поминуваше и прашуваше дали осеќам. Јас велев да ама веќе ептен ме фати паника. Таа упорно ме прашуваше дали исто осеќам ладно на градите и накај стомакот, ама веќе неможев да бидам сигурна... И само рече веќе операцијата е почната стигнаа до матката и реков фала Богу не осеќам болки. Ама онака нелагодност цело време и само испуштав звуци така ми доаѓаше. И таа една Докторка ми се испонаша можеш ли малку да престанеш Јас само се молев што побргу да завршат.
Супер кај тебе шо делувало, кај мене не, оти јас мрдав и нози и се, се осеќав . Може од паника не ми фати убаво, па ајде викаа анестезиолог да дојде, го чекавме 10 минути, ми ставија тоа за инхалација на устата и отпатував . Ама и многу паника кревав, се тресев, плачев, мислев ќе ме колат ко свиња, неможев да ги разберам шо зборуваат но збореа за тој компјутерот на кој бев поврзана, дали некој проблем со притисокот имав или шо беше незнам, само знам оти почна многу да ми се темни, да се гушам и ушите да ми свират . На едната докторка раката ќе и ја скршев од пусти страв шо не сакав да и ја пуштам, жената почна да офка
Од каде статистикава дека на пола жени не им фаќа? Еден куп знам со царски со спинална, со операции на колена со спинална, па прв пат на форумов читам дека на некој не му фатила.
Јас еден куп знам на кои не им фатила. Но исто и жени на кои им фатила. Затоа викам, или не ти ја стават убаво или нешто во нашиот организам ја одбива.