Оти штедат и знаат дека фамилијата ќе им донесе. И мене во Мк ме оставија мртва гладна 3 дена. Тука во Германија, пола саат после царскиот ми донесоа јадење да јадам, а јас уплашена им викам па нели не треба да јадам ( така ми викаа во мк, оти после царски не се јадело) , и таа докторката ме гледа, ми се насмевна и вика, е како нема да јадеш, па како ќе имаш сила да си го гледаш детето. Па размисли сега шо ни праат нас доле, и од храната се краде.
Од Ремедика се смееле на истиов муабет со нејадењето после пораѓај. Список на храна ќе оставам на мм пред да идам на пораѓај.
Најубаво така, да си имаш во секој случај. Оти ем те терат по голема нужда да одиш ем не ти дават јадење. Малумни.
Со сок и бистра супа, само на мочање може да ме тера, а пред тоа испрани цревата. Гледам видеа на жени надвор од балканов, одма храна хранааа после пораѓај, а кај нас уште толку ќе те дотепаат.
И ќе пазиш да не ти го украдат јадењето. Оти знаат тие тамо да дојдат, да си го земат и да ти кажат оти не смееш да јадеш. Кај мене така направија, видоа големо ќесе, дојдоа си го зедоа. Гладна ме оставија. И после се лутеа зошто не сум им дала бонбоњери на сите.
Јас поненаситени луѓе од медицинари не сум видела. Чест на исклучоци и нека ми извини некој го навредувам. Ретки се тие што со љубов ја работат работата. За што да им давам бомбониера? Зошто од нас они зимаат плата? Зошто тоа им е работа? Знам и колку зимаат и колку крадат.
Подобро е да си знаеш предвреме, јас појма немав и ме осакатија за цел живот со трауми. Жената со која лежев во соба, мајка и беше некаква медицинска сестра во таа болница ама во друг дел, и доаѓаше нонстоп да види како ја третираат ќерка и и дали има за јадење, да не и украдат нешто. Сигурно знаела шо се праи тамо во болницата. И овие другиве знаеја која е мајка и и со неа подобро се понашаа, и јадење и носеа. Јадењето катастрофа, корка леб со кашкавал и недоварен копан али да се каже оти носеа. А мене на милост и немилост ме оставија, џабе 300е му дадов на докторот кога него никаде го немаше откако ги зема парите.
Ова исто никогаш неможев да го сватам. Одиш во болница едвај фаќаш врски да те оперираат или било што па тоа отпосле се носат бомбоњери, виски, торти, кафиња и што ти уште не... Зарем не е тоа нивната работа каде што даваат заклетва? Или еве кога читам колку лошо се однесуваат со пациенти, дрски некултурни, па зарем некој од кеиф оди во болница. Или како се одесуваат со една трудница што треба да раѓа, ја навредуваат и со глупи зборови се изразуваат. Па оди после имај убаво искуство. Малку забегав од темата, ама мојот мозок стварно не го сваќа сето тоа.
Никој не работи за заклетва, сите работат за да украдат шо повеќе. Нашле село без кучиња и ајде. Ќе кажев крив е народот шо не реагира да ги тргнат таквите, ама и да ги тргнат тие, ќе дојдат други шо пак исто ќе праат. Така да, џабе.
Се оперирав со врски, фала многу , тешко беше за термин за брзо, ама ништо не дадов. Ако несакал немаше да ми се јави лично докторот и да ми каже дојди за саат време на прием. Јас се плашам од мојата реакција да ме некој вреѓа и понижува, како ќе изреагирам и кој скандал ќе го направам и јавно со име и презиме ќе пренесам се. Горе на трети додека чекав за инсеменација, кога дојде накитената и отвори една соба….па во маркет нема толку бомбониери и пијалаци, колку што имаше таму.
Јас со три сестри се испокарав прошлиот пораѓај, една ја пријавив. Како мачиња беа после тоа. Од мое искуство, сестрите се забеганите на ГАК
Не се толку , колку што сум ужасно безобразна и дрска со такви како нив. Има да бидат пријавени каде се може, има цели реферати да пишам јавно , во првиот момент ако некоја искочи вон границите на нормалата.
Јас коа ми дојде визита едно сабајле, зашто на визита идат доктор и главна сестра на нив им викам што е ова истечена инфузијава саат време, ја дремам со иглава. Шишињава од вода, ќе почнам да куглам со нив. Коа им искочи сестрава главна, коа почна да урла по ходник, се растрчкаа сите.
Па тука е финтата. Ти ќе се испокараш и ќе ги пријавиш ама додека лежиш тамо, животот пекол ќе ти го напраат, ќе те вреѓат нонстоп, ќе ти го земат бебето и нема да ти го носат или ќе ти го остаат и нема да го погледнат, кога ќе ти треба нешто нема да дојдат итн итн.... И јас се испокарав, им се заканив дека ќе ги пријавам и ме оставија како куче сама. Ни детето ми го носеа, ни јадење, ни рана ми проверија во тое денови шо бев тамо, абе ништо ништо. Спас е само да имаш некој шо може нонстоп да иде да те проверува и да им се развика, само така се плашат.
Е тек тогаш ќе активирам луѓе да се прошетаат до кај директорката , па ќе видам дали ќе ме остават како куче и нема да ми носат дете. Некогаш самите те тераат да си побезобразен од нив, али како ќе се постават така и јас.
Внук ми несакаа да го дохранат и детето имаше заспано од глад и дехидрирано. Кога на визита дошол педијатар, партал ги направил сестрите и одеднаш најгледано бебе станал. Треба ли да се случат такви работи, за да се гледа едно штотуку родено бебе.
Ако имаш луѓе и врски да фаќаш, фаќај и ич не му ја мисли. Секоја чест на тие исклучоците ама овие другиве се многу безобразни, пред тебе едно зборат а пред докторот друго, да видиш како се правдаат, како не мислеле они така, ти погрешно си ги сватила, во депресија си била, трауматизирана си била, под лекови си била.... шо се нема да измислат само за да се оправдат. Затоа фаќај врски, од секоја смена по една сестра држи блиску, дај и пари ако треба. Ова го напраивме ко на колење да сме биле ама па стварно е трауматично за една жена шо се породила така да се понашат со неа. Јас уште неможам во доктор доверба да имам, само поради тоа шо ми го направија тамо. Па и незнаеа инфузии да стават, двете раце ми беа цели подуени и модри, многу ме болеа и неможев да ги движам. По пет пати наеднаш ме боцкаа и вените ми пукаа од шо незнаеа салам да ме боцнат. Од тогаш имам и фобија од игли, ми паѓа притисок штом ме боцнат.