Пари не им давам, па цела јавност нека слушне. Ама зошто да не бидеме истретирани како пациенти сите еднакво? Зошто мене некоја сестра да ми се клања, а таа од карши што ќе лежи, да нема вода кој да и подаде или да несакаат да и дохранат бебе и да ја малтретираат?
Е зошто де? Прашање кое ме мачи. Тука во Германија останав со зината уста од тоа колку добро ме третираа. Им се клањав од благодарност кога си одев од болницата.
И зошто луѓе зимаат кредити или отвараат приватно осигурување, за да идат приватно. 10 од 12 родилки во Ремедика пред три месеци биле со приватно.
И јас имам приватно осигурање и искрено од вакви приказни се мислам кај да се пораѓам.. пошо се ненормални и очигледно за предмети не сметаат..
Пич ги боли, не можеш да докажеш, заштитени мечкишта гадни. Затоа што се будали. Јас не бев гладна после пораѓај ама цимерката беше, нели ние двете со царски, она имаше bake rolls во торбицата и тие ги јадеше, без нив ништо. И тоа што го носеа беше бедно
Да сум 4 дена само на инфузии, да ме мачат за природно, да завршам царски и да немам оброк да ме најаде? Па нема да можеме од кревет да станеме , а не пак повеќе.
На моето прашање зошто несмеам да јадам одма (царски) добив одговор, да јадам потечна храна супа, чорба, ако јадам кифла некоја обавезно јогурт, зошто сум била шиена ( лепена ) и не било убаво запек да фатам и да се напињам за во вц сум можела раната да ја распукам. Така да ми држеше вода муабетот. Во чаир вториот ден два тањири супа ми донесоа и ме прашаа дали сакам уште. По две јогуртчиња ни оставаа, дали имав среќа добри сестри, болничарки да ми се паднат тие денови незнам ама јас супер поминав. На никого не му се понашаа, бебе гледаа, кога и да ги викнеш доаѓаа. Храната, водата што ја оставаше сопругот доле на шалтер за околу 30 мин ми ја качуваа, дури сестрата во помали шишиња ми претураше вода.
Тоа е објаснувањето за потечна исхрана после царски. Затоа мене искрено ме чуди мениво во Систина со плескавица (тоа и мене ми дадоа на ГАК, им го вратив) и гибаница. Јас се утепав од пиење компот од сливи само за да не ме фати запек, зашто ми напоменаа дека не смее никако запек да фати после царски. Секакви дешавки има и државно и приватно, секој со свое искуство. Не треба одма заклучоци да се носат врз основ на 3 4 искуства. Јас лично од ГАК сум од се задоволна освен од 3 сестри. Дека бев и ќе сум сега со врски, сум. Ама па не дека врските имаа удел во лудоќата на сестрите.
Незнам искрено, ама еве јас сум гурман во хамбургери, пици, месо се давам ама после царскиот ништо не ми се ставаше во уста освен некоја лесна храна, на плескавици не ни помислив, мислам да ја видев ќе повратев, а не па да јадам. Алал да им е на тие што имаат апетит. Ја само гледав побрзо да си дојдам дома. И дома кога дојдов одреден период полесна храна јадев. И сум имала прилика запек да ме фати после лапараскопија господ у пижами го видов тогаш на три дупчиња, а на цел стомак доле исечен. Во приватна за пари ако треба и нозе и ќе ти мијат, ама и таму не е се така сјајно Еве ме јас сум жив пример, сега пари да ми даваат не одам приватно да се пораѓам. Затоа што ако си покомплициран случај не те ни погледнува, те праќа на државно, а не па да те породи. За што ми е плескавица, салата, риба или незнаш што, ако не ме прима? Ќе " гладувам" 3 4 дена ама барем ќе знам дека нема да ме вратат, туку ќе се погрижат за мене и моето здравје притоа ништо да не платам
Па во приватните го плаќаш јадењето плескавици после царски и фенирањето на искачање. Тоа е финтата. И да, не смееш да јадеш после царски секаква храна ,првите ден два . Искрено не ми се ни јадеше ....
Јас не отидов да плаќам за јадењето како што памтам, а ни за фризер фала богу. Најмногу беше за анестезија во случај на природен пораѓај, не сакав на државно без анестезија. Не знам зошто вака глупи коментари, не знам која отишла онака како за фалење и слично, сите обично одат од страв од државно. Ама ете завршив на царски. Инаку не се јаде после операцијата за да се разработат цревата и да не дојде до запек. Мене од анестезијата ми се лошеше и повраќав првиот ден дури и од вода, мислев дека ќе се отвори раната. Може и со анестезијата има поврзаност.
Многу ти е прост заклучокот. Прочитај во породилни приказни мојот пост и под мојот на девојчето Тамара па после давај заклучоци дали плаќаш приватно само тоа. Не жалам ни денар поради тоа што пораѓајот и престојот во болница го паметам како преубаво искуство, а не трауматично. Јас си бев баш гладна ако тебе не ти се јадело не мора да значи ни на другите, па да пишуваш осудувачки коментар зошто некој јадел. Не мора се да се изеде што е понудено, во секој оброк имаш течност супи чорби јогурт млеко чај, имаш прилози полесни пире тиквици имаш лебче само да си јадеш.
Не беше тоа коментарот на @Misskirova Никој не оди за храната да се пораѓа во приватна болница, туку во цената која да бидеме реални и не е така ниска влегуваат таквите менија и избор на храна, не е дека нешто таму е гратис, само е поубаво и пофино. А за искуство од породување знам и за трауматични приказни баш од приватните клиники, секоја со својата среќа.
Дали на патолошка на Гак ден два пред царски рез треба да се носи вода сок нешто за јадење полесно? Исто и фали во интензивна смее пиење на течности или тек во соба дури? И фали на интензивна на ГАК има помош и присутност на сестри болничар? Следнава недела сум за прием и мие страв и мисла све ...
За патолошка не знам, не сум била, и јас ќе сум следна недела со закажан царски ама нема да лежам пред тоа. После царскиот, во шок соба, после некое време може вода ама не да се налокаш туку полека голтка по голтка. Храна не смее секако. Болничар, сестра има, јас се тресев цела кога проаѓаше анестезијата, ме покруваа со јорганчиња. Помош ти треба да ти ја подадат водата и телефонот од торба. Ти ставаа ерготил инекции и нешто за болка, ама спреми се за болки од инекциите, зашто контрахира матката и стварно е болно. За друго нешто вака помош не ти треба зашто лежиш само. После во соба кога ќе те однесат, пак ќе лежиш до 24ч после операција, па ќе дојде сестра да те стане. Со среќа, може ќе се погодиме
Јас лежев на патолошка непланирано ама ми беше спремно куферчето уште пред 2 недели и си носев грицки,благо шише вода. Да, ти треба пошто ужас е храната. Тоа ни куче не го јаде па маж ми ми носеше и јадење. Другово ти одговориле веќе
Земи си вода мали шишиња, и сок од јаболко, леден чај мали шишиња, плазма, бејк ролс, тоа јадев ја после царскиот ( чаир бев ама сепак е горе доле исто ), мастики ја џвакав многу, зошто несмеев вода да пијам. Вториот ден после царскиот ми носеше сопругот јогурт, па бејк ролс јадев со јогурт.
Јас сум моментално на ГАК. Вчера на патолошка - дозволено јадење до 19ч и носи си плазма, кроасан, бејк ролс нешто лесно и вода и сок. Од 19ч до 23 само течности, во 23ч ставаш чепче се прочистуваш и нема течност до царскиот. После царски да ти пушти анестезијата околу 2ч и да неќеш, те тераат да пиеш. Носи си вода/ладен чај мене две шишиња за два дена еве малку ми се, утре ќе ми донесат пак.