Се ќе биде добро, не му ја мисли многу. Чим јас завршив добро со толку компликации ова е најмал проблем. И нема зошто да ти биде страв бебе ќе извадат здрави живи ќе бидете и се ќе заборавиш после
9 дена после трет царски, се чувствував одлично во однос на клекни стани, легнување настрана, станување и слично. Ама еве два дена неможам да појдам во вц раат, не е проблемот напнувањето туку неможам да седам комотно на шолја, како да ме сечи нешто... Досега немав никаква мака, додуша само еднаш бев појдена во вц после пораѓајот. Анд анадр квешчн, мидер почнав еве два дена да ставам за преку ден, мидер класичен за под фустани, мислење за вака рано ставање мидерчиња имате?
За мидер сакав и јас да прашам,пред 8 дена сум породена,не знам дали смеам,сакам тоа мешето да приберам,онака сум ок,ама меше имам уште,ама и големо беше пред да родам 6500 бебињата само плус плодова вода,знам треба време да помине за да се среди....ама сакам да го немам
Никако мидер пред 6 недели после царски. Матката треба природно да си се врати во нормала, се уште контрахира, а не да се стиска уште од одма. Јас не носев ич после првиот царски, се си се врати во нормала.
Најдобронамерен совет, доколку имаш пумпа за гради земи си. Камен ми се направија градите, побарав пумпа ми рекоа барај ја во која соба е само една имаме. Носи си за секој случај. И силиконски брадавици исто.
Со првиот и јас не носев,некако брзо се врати во нормала,се надевам и сега,со оглед на тоа што имам 3 деца дома ќе има трчкање нагоре,надоле,фитнес....
Здраво, 8 дена после породувањето како што ми се враќа осетот во пределот околу раната чувствувам како трпнење на раната малку повеќе болки сконцентрирани во тој дел и повеќе крварам. Некој со слично искуство, дали е ова нормално?
Забележав и јас ама крварењето има врска со контракциите матката што ги прави. Како наголемува со јадење детево така и почести контракции имам, јас се молзам ама сепак осеќам промена тука и плус малку повеќе крварење.
Царски бев да, и јас не зедов оти прочитав тука дека давале. Но ете една им била само и ми рекоја "барај ја во која соба е", јас едвај станував од кревет не да шетам низ болница по соби пумпа да барам. Побарав барем бебето да ми го донесат да ја надојам - не ми ја донесоа. Градите ќе ми пукнеа
Веќе ова доење уплав имам од мастит и све останато.Не кое шетање по соби кој ќе шета да бара низ одделение. Кај да купам ефтино некоја електрична?
Од локо кроко имс ефтина електрична, 2200 денари е. Јад ја зедов скроз истата на кика боо 2800 од аптека, ама ја зедов зсради шо силиконскиот дел шо се става на града е поширок, па така јс одбрав таа пумпа.
Си порачав од Пи-Ки единечна електрична за 950ден, читав во друга група ја фалеа членките. Јас со првото дете имав мастит и заради тие болки ја доев само месец дена, порасна на АД.
Во Ремедика конкретно не доплаќаш ништо плус, си спаѓа во цената. Самиот доктор ми препорача, а и јас секако сакав само да знаеш не е 100 процентна заштита. Најдобро е мажот да направи ама јас не би го праќала под нож, се надевам ќе се допазиме во иднина Јас сакав да прашам за тие што не сте доеле, сте пиеле нешто одма после пораѓај да не дојде млеко или како? Или во болница да прашам?
Јас доев кратко, месец ипол. Најубаво консултирај се со матичен гинеколог. Кај мене не можеше природно да се сопре млекото со стегање на градите со марама ( така ми рече првично ) зошто порано имав проблем со пролактинот и ми даде апчиња
Прво детенце ти е? Одма ти надојде млеко? Зошто не ти ја носеле, не ги носат сега? Пред 3 години, по цел ден беа со нас бебињата откако ќе ти извадат катетар. Мене со првото тек после 5 дена ми надојде. Сега не знам дали ќе ми дојде одма дека пробиени каналите?!