Дали некоја од вас имала проблем со раната на матката после царски? Да не е добро заздравена после долг период и да е истенчен ѕидот таму?
Истенчен нормално да е сепак е сечено, но да би се отворила не би се отворила. И кај мене беше истенчен после прва бременост и останав трудна океј беше бременоста сега и 3то можам да раѓам ако се нафатам.
После скоро 4г првпат пред некој ден ми кажа матичната дека не е добро заздравено, и постоело ризик за руптура на матката за време на друга бременост, др ништо не кажа и целосно сум во прашалници.пред тоа никој ми немаше такво нешто спомнато а сум била мн пати на прегледи... Дури кажуваа дека се е во ред заздравено и слично... Мн непрофесионално само да нафрли нешто и да не каже ништо то понатаму па си реков да слушнам туѓи искуства. Фала ти за споделеното, се знаеше колку е истенчено некој нешто ти кажа во врска со тоа?
Кога почнав за второ бебе да пробувам на начин ако се фати фати и неколку месеци ништо отидов кај Митановски што важеше за еден од подобрите гинеколози и ми вика еве сега треба да ти е 8мм матката во овулација меѓутоа тебе ти е 5мм и ми даде апчиња за задебелување на ѕидот на матката нормално не ги земав, отидов кај Гордана во Систина рече да истенчен е ѕидот меѓутоа не е дека не можеш да останеш ако не останеш месецов трудна земи ги апчињата и ќе видиш. Јас исти месец останав трудна ама имав биохемиска добив и за 3 недели пак останав трудна и еве ја ќере здрава права. Да напоменам дека предходно колку и киретажи сум имала и 2 царски се е во ред. Да не кажам вториов пат едвај ме скрпи ради инфекција некоја ми рече мислам дека е доста веќе со раѓање ама на 40 дена ми рече се е супер ако се решиш за 3то тука сме.
Фала ти, ќе отидам на друго место секако за мислење да видиме што ќе кажат за тој проблем. Се надевам не е нешто страшно..
Мислам дека е проблем само ако постелката ти е залепена баш кај раната што се гледа на сам старт. А матката секако постепено се шири, па не би требало да дојде до руптура. Затоа и провокации не се препорачуваат после прв царски, најбезбедно е да се оди пак на царски освен ако природно не добиеш болки и да се проба природен пораѓај. Мене искрено искуството на @Yowannty ме преплаши и е една од причините зошто директно на царски отидов. Најдобро е веднаш да си отидеш на преглед кога би останала бремена, па да си побараш мислење.
Проблемот е што би одела ивф за второ бидејќи по царскиот ми се имаат запушени и двата јајцеводи. И сека кога бев кај матичната последен пат ова ми го нафрли без конкретен совет и насоки, а досега никогаш не споменато. Ќе видам докторите што ќе советуваат... Фала ти за споделеното
@Brpbrp кои апчиња за задебелување сакаа да ти ги дадат? Јас знам само за естрофем. Ич не ми се оди на царски некако заради вакви компликации понатаму, а ми рекоа нема шанси природно, премногу сум била ризична.
Тие се естрофем. Ама немаш ризик искрено ептен треба да е нешто тежок случај па да си имаш проблем после царски. Не значи дека ако си природно би немала никаков проблем понатака и дека се би било океј
Да се навратам на една дискусија пред одредено време. Втор царски рез направен во вторникот, од вчера сум дома. Тотално самостојно можам да функционирам. Сабајле вадев алишта од сушара . Каде каде полесно станување од првиот царски. Еднинствено поболно ми беше инфузијата за контрахирање на матката. Со лесно на сите што ќе одат царски
Јас се породив прв царски вторникот во 11 часот. Вчера сабајле не пуштија дома од гак.Дома сме. Сеуште тешко опоравување но веќе се движам без медикаменти низ дома. Операцијата лесна и супер ништо страшно се до после 24 часа кога рекоа да станам. Јас несум дефф толерантна на болки така до вчера мислев нема да се исправам но еве денес е подобро. Секоја жена различно поминува и се опоравува ниеден случај не е ист. Но се да е без страв најдобро. Со среќа на сите што ќе раѓаат царски
Јас во вторникот во 12.50 влегов во сала, изгледа одма после тебе . На интензивна лежеше или во recovery после операција?
Женски имав втор царски, пред речиси недела дена и сега осетив кај раната од десната страна како топче подкожно и не баш така мало. Дали и се случило на некоја од Вас? Утре одам кај матичната но во мисла ми е постојано
zdravo majki, porodena sum carski pred 6 nedeli maticniot ginekolog mi e od skopje, ama poradi toa sto ne ziveam vo skopje otidov na kontrola tuka kaj nas, kaj ginekolog so ne mi e maticen ama me pregleda, mi rece deka se e vo red deka e soberena matkata deka ranata e zazdravena moze da funkcioniram normalno, a i jas se cuvstvuvam dobro poradi toa so ne mi e maticen mi bese malku glupavo da postavuvam prasanja a sakav da prasam dali veke moze da imame odnosi? stom e se vo red jas mislam deka smeeme
Има ли некоја што родила на 40 години отприлика со царски, ме интересира дали сте имале млеко и кога ви дошло?