Ама без Метилдопата дали ти се качува? Или незнаеш, бидејќи ја пиеш цело време од тогаш ? Мене тука цело време ми напоменуваат ако се качи на 140/90 и така да ми е 3 дена веднаш да ги побарам да ми дадат терапија. Со првото имав повисок притисок 150/100 и после и јас пиев Метилдопа по 2 на ден.
Без Метилдопа мислам 130 најмногу оди со 80 и тогаш си пијам апче, не знам повеќе дали би се качил, не ризикувам.
Ама 117/67 не е страшен притисок. Еднаш ако се качил повеќе, не значи дека одма дијагноза треба да ти дадат. Аии па и ти, кажи им ако сум голема, не апам Иначе другарка слаба, па последен месец качуваше ептен притисок.
Mene celo vreme mi e 125/80, 135/85 tuka nekade za ovaa bremenost zboram, ne pijam ništo, dimerite bea 1850, 32 nedela, pa ni za niv ne primam ništo...prošlata krš...
Јас бев царски 37+ 3 4 дена. Мене можеше уште да ме чека докторот, ама не сакаше да ме мачи, бебе го измери последно 3700, се роди 3370, така да не му мисли многу има кој да мисли
Здравоо девојкии ,ве молам ако некоја имаа искуство со царски рез во државна во Скопје и ако може малце повеќе инфо како оди процедурата со закажување на истиот. Благодарам.
Јас имам два царски на ГАК, вториот закажан. За да закажеш царски државно треба индикации да имаш или евентуално јаки врски. Ден пред царскиот, одиш на ГАК, ти прават прием, лабораторија, се гледаш со анестезиолог и си одиш дома. Следниот ден одиш од сабајле на одделот на кој што ти е приемот и чекаш да те земат за царски. Друга опција е да те задржат да лежиш таму ден пред операција.
Koi im se indikaciite? Ne mislam na prethoden carski, na bebe lošo postaveno, na placenta praevia, tuku vaka od strana na trudnicata da kažeme
Хипертензија, некои офтамолошки проблеми, висок диоптер и сл, голема гојазност, тесна карлица. Сигурно уште нешто има, јас овие ги знам со сигурност. Цимерката со мене беше со закажан царски зашто беше со прво дете на 40 години и претходни спонтани во доцна бременост.
Дали е нормално на 5ти ден од царски рез да почне да ме пржи раната од една страна? Наместо да сум подобра, јас за малце ќе се онесвестев од болка ноќеска од што ме пржеше. Помалце мобилна се осеќам него претходно.
Mene so hipertenzija i preeklampsija so prvoto na GAK ušte so provokacii me stavija namesto carski. A hipertenzija poštena, ne nešto 140/90, nego 190/100, 200/120 pa ništo...
Не треба да пржи. За болење, боли повеќе после неколку дена, на 5,6, 7 ден, ама поминува со бруфен/кетонал. Ова ми е искуство со двата царски реза.
Pa mi pukna nešto plus od posle porogjajot, krvarenje svašta... pos tri sati od toa završiv na operacija. Sega sakam carski, niv ne im čue...ako oni ocenele, a kje ocenat kako prošliot pat...
Ја прашав докторката на визита ми вика супер е раната, нормално е да те пржи . Многу сум уплашена како ќе си одам вака скоро неподвижна и со мала температура од млекото што надоаѓало. Нефункционално се осеќам.
Ne se grizi majka, ranata boli ama stisni zabi i stanuvaj. Ne znam kade si porodena jas prvin se vrtev stranicno pa stanuvav drzejki se za raka pa posle gazot. Stanuvaj kolku mozes poveke setaj za polesno doma da ti e. Jas doma veke 3 den funkcionirav najnormalno.
Јас сум сеуште крш . Температура 38.2. Не можам да се движам и мораа да доаѓаат да ми помогнат со малово
Така ме испуштија од болница. Вечерта ми се срврднаа градите камен, прво почнав да се тресам, викнав сестра и одма ми рече ааа тебе млеко ти надоаѓа, да знаеш и температура ќе качиш. После качив температура а млеко тек вчера неколку капки со многу масажа на гради. Ми рекоа да бидам упорна дете на града, користење пумпа и силни масажи да пушти иначе ќе развијам мастит. Ми рекоа дека многу често се случува кај трудници и не сум ни прва ни последна. Еве вчера вечерта од кога пушти малце млеко падна температурата. Ама треба убаво да пробие, а бебе не фаќа убаво...