Во Систина наредниот ден ми дадоа да јадам потечна храна. Царскиот ми беше плус покасно накај 14 часот. Третиот ден ми носеа сосема нормална храна.
Мене по царски во систина, на третиот ден плескавица ми донесоа. Мирисаше на кафана цела соба, си викав нормално ли е? Си ја изедов, супер ми дојде
Па мислам ич не е страшно Еден ден течна храна, после кој како може, има жени на кои не им се јаде после царски, мене ако ми понудат не одбивам
И да не се претера ко мене, јас добив напад на бубрези од премногу течности трета вечер во болница постоперативно. Мислев дека ќе воскреснам.
И кај мене исто,неколку дена ништо,после наеднаш истекува повеќе крв, наредниот ден или ништо или минимално на секојдневна влошка
После 5 недели од ЦР раната не ми е скроз зарасната и од дупчево истекува повремено по некоја капка течност,а денес имаше крв,имате некоја слично искуство? Инаку бев на лекар, ми рече било нормално ради саморазградливиот конец
Зависи колку е замотана и зависи од докторот како ќе одлучи, кај мене бебето беше 3 пати замотано со папучната и завршив на итен царски.
Кај мене со првото беше замотана околу врат и бев царски. После операцијата докторот рече среќа што беше царски, да е било природно имало можност да се загуши.
Кај мене беше 2 пати замотано со папочната + карлично, но главната причина за царскиот беше карличната положба, така ми рекоа..
И моето беше замотано јас на цтг бев немаше тонови бебе и на итен царски завршив, веднаш по 40мин бебе имав во раце.
Моето беше со замотана, но пропуст направија, се породив природно и тек откако се роди видоа. Едвај се роди, помодрено беше. Мислам дека е подобро царски да не се мачиш ни ти ни тоа.
Здраво, дали некоја од вас има искуство со отежнато дишење после царски рез? Породена пред три недели скоро, тешко се издишувам дури на моменти како притисок осеќам околу срцето бидејќи се мачам да се издишам. Да напоменам неколку дена првата недела имав ниска температура и треска, испитано крвна слика ЦРП е 97 и д димери 2670. Ми препишаа панцеф и клексани една недела па сега треба да направам контролна слика. На ехо се е во ред, а и не ме боли ништо.
Не би требало да е така. Да не сте се напрегале нешто повеќе физички или да сте кревале тешко? Подобро да посетите доктор
Не беше веднаш по царскиот. Првата недела беше треската и температура до 38 максимум, повеќе се вртеше околу 37,6. А крвна слика направив некои 10 дена после царскиот поради температурата, не ми беше јасно од каде е.