Здраво мајки породена сум пред скоро 2 години со царски рез,од вчера и денес еве осеќам болки во тој предел кај што е раната и пецкање. На моменти и половината ме наболува,можно ли е од времево што се промени па да е вака?
И јас истото чувство го имам. Јас сум породена пред 5 месеци ама сепак мислам дека е од промена на време. Баш го зборев ова со другарка, и таа истотп го осеќа, породена е пред 3 години.
Дали на крај од раната што е кончето подврзано треба само да падне? 4недели поминаа не е уште паднато, инаку ок е раната.
Мене и на двете страни тие ми стоеја до пред да одам на контрола. Ама, еднаш на туширање ги фатив и беа доста омекнати и сама ги извлеков. Пробај, повлечи, ќе приметеш ако можеш да го извадеш.
Мене ми кажаа само ќе падне ама кога отидов на прва контрола на гинеколог уште не беше паднато и докторката ми го сецна со ножички.
Devojki kako vi bese prviot ciklus posle carski?...porodena sum pred 3 meseci denes dobiv ciklus poobilen pa neznam dali e normalno fala
И мене ми беше пообилен, јас добив 52 дена по царскиот. Сега сум 10 месеци после царски и сеуште е пообилен, ама не како на почетокот. Матичната ми рече дека е нормално.
Нормално е, јас една Нова година ја поминав на гак поради обилна прва менструација после царски. Улошката ја полнев за саат, неконтролирано ми течеше, ужас ама постепено се нормализираше. Туку кажете колку време крваревте после царски? Нели е многу рано да ми сопре, само 8 дена ми траеше?
Па и јас така се сеќавам дека беше со претходните. Сега два дена носам улошка за џабе, празна е, чудно.
Jas vcera dobiv mi dadoja inekcija vo bolnica i kapki da pijam doma pa ce vidime denes kako ce bide..pa neznam i kolku dena bi traelo istonza 1h ja polnev cela uloska
Во средата сум породена царски и ми имаат ставено дрен, а одозгоре целата рана е залепена. Кога ме пуштија сестрата рече можам сама да го извадам за 7-10 дена. Малку може ми е глупо прашањето, ама дренот е внатре во кожата или над раната? Друго прашање цела бременост немав отоци, а сега целите стапала ми се отечени од глуждовите. Дали е нормално ?
После месец и пол добив вчера. Не е обилно и за чудо немам болки. И јас се прашувам дали е нормално толку брзо да добијам и да немам болки затоа што пред да останам бремена имав страшни болки пред добивање.
И јас добив околу 50 дена после царскиот. Првиот пат исто како тебе, без болка, а цел живот со болки сум, се израдував. Затоа, сега 2 пат, се напив налгесинче обилно не е, ама не сум ни имала обилни циклуси.