Јас да те утешам, многу голем паничар сум, кога ме носеа до сала се тресев буквално, ама реков ќе издржам да го видам моментот кога ќе го извадат и покажат бебето, ме фати паника ама анестезиологот беше тука цело време ме учеше да дишам длабоко и да го задржам здивот и тоа многу ми помогна да се смирам значи штом можам јас може секој
Мене па целосната не ми направила проблем, два пати имам правено интервенција со целосна, после будење сум „најсреќна“ на свет, не знам искрено што ми ставаат во инфузија. Колку глупости имам зборено откако се имам разбудено од целосната, срам ме фаќа. Ама не, колку и да си коркач, а јас сум, поубаво да си буден на пораѓај. Од спиналната пак имав 4-5 дена главоболки кога ќе се исправев, само легната кога бев не ме болеше, ама помина. Царскиот ми беше траума, ама се заборава ич да не се секирате. Не знам ни дали 5 мин траеше цела процедура додека ме исекоа и го извадија бебе, можда пола саат 40мин макс да бев во сала. Некако во глава цело време ми беше дека како јас што куцам секој ден и сум сигурна во работата и најважно ми е клинетот да е среќен, тие буквално секој ден сечат и пораѓаат и нивна задача е да излеземе од таму живи здрави. Ме галеа и мене, дури и додека одев до сала ме гушкаше анестезиологот . И за првата целосна ме галеа, за втората ми се погоди ваљда шефот и тој само наредуваше сестрите што да прават и тогаш мислев дека готово умирам .
Кажи те молам која болница била оваа со галењето и гушкањето? Одма да закажам за таму Траумите ти беа од стравот или?
Имам јас предходни абдоминални операции поврзани со аномалијата на матката што ја имам (еднорога матка). Едната причина е таа, втората е бебче е со ноџиња надоле и поради помалиот капацитет на матката веројатноста да остане така до крај е баш голема. Така што воопшто немам избор јас за природно за жал..
Таму со сите три деца ми беше преладно, ми пуштија греење, се стоплив и преубаво е за спиење тогаш, ако можеш да дремнеш топ, јас не можев од возбуда. Таму си доаѓаш при себе и кога ќе те пуштат нозете да можеш да ги свиткаш во колена и да го кренеш газот тогаш те носат во соба. Јас успеав за 1 саат ама и тоа е индивидуално. @WhiteCat33 Со ништо, ќе избледе со тек на време, ќе биде една многу тенка линија под бикини зона, само маж ти и евентуално швалер ќе ја гледаат @Elly989 И јас бев во ремедика.
И јас пиев капки исто за еден час утоп цела влошка и носев по две. Докторката ми кажа дека нормално било неколку месеци додека се стабилизира, а јас никогаш не сум имала обилни крварењеа. Прв пат добив после точно еден месец од породување и ми траеше две недели. Наредните пет месеци ми беше обилно крварењето, сега последниот пат се врати во нормала. Со текот на времето ќе се стабилизира.
Со царски сум пред месец и пол на ГАК. Договорен беше и знаев дека сабајлето ќе ме фатат ама не знаев кога Ме качија од патолошка горе и 2 пати ме враќаа штом стигнев до салата, имаше итни кои мораа да ги фатат пред мене. Немав паника, со насмевка се качив горе ама после второто враќање од пред сала веќе ме фати паника, па и не знам дали толку беше паника колку неизвесност кога ќе ме фатат и до кога ќе ме враќаат. Третото одење до сала беше успешно. Супер персонал, дур фати анестезијата слушнав бебе како плаче. Многу брзо заврши се, се смејам со моите дур трепнам заврши. Сите сме различни, така што нека не ве фаќа паника, па и не мора многу туѓи искуства затоа што како луѓе не се задржуваме на позитивните туку на негативните, а најмалку што сакаме е на пораѓај да отидеме со негативна мисла. Јас цела бременост бев позитивна и на пораѓај отидов со мисла дека сме супер и супер ќе поминеме. Од денот кога ме станаа до денес си функционирам без проблем. Имав проблем со раната ама тоа не ме спречи да бидам активна. Значи само добра мисла и супер ќе поминете.
Мене не ми беше воопшто страшно јас се плашев од природен пораѓај и царскиот си беше по моја желба и не се каам воопшто. Јас сум толку плашлива и само заради тоа немав дете порано туку одложував до 30+. Да знаев дека толку лесно ќе минам со царски ќе си родев порано. Во 19:30 ми пукна водењак, во 23:00 се роди бебчето мое. Не паничев за среќа во тој момент, анестезиологот ми зборуваше цело време, супер поминав со анестезија, сабајлето во 09:00 станав. Боли станувањето да ама колку повеќе се движиш е полесно, јас се движев многу во болницата. Од анестезијата никакви последици немав, ниту главоболка или нешто друго. Тие што беа природно полошо изгледаа од мене, цимерката не можеше да си седне, и секако сечена и шиена. Од мене поголем плашливец нема и штом јас можев сите можете, само храбро, ете јас сама си го барав царскиот немав индикација
Штом јас родив и второ дете немате гајле Јас имам спомнувано низ темите дека најголем страв ми беше притискањето со прст по р'бет да видат каде да боцнат, бидејќи сум имала некое искривување и таа болка мене ми е најголема и најтрауматична од првото. Самото боцкање не е страшно и болно, ептен малце осетив. Со првото во Ремедика не сум знаела дека имам искривување и се до тогаш немав страв, после и ги сокршив рацете на една од сестрите додека ме држеше. Ама затоа сега ох ох, гледав да си ги блокирам мислите и почнав да прифаќам дека морам истото да го поминам. Среќа сега што маж ми присутвуваше со мене и ми беше поддршка. Од трета по ред, вечерот покасно ми пишаа прва да одам за операција и тука почнаа малите паники. Како не примаа видов дека во 9часот ќе биде, за да дојдат и кажат дека друга веќе однеле. И тука само ти расте паниката и стравот. Како ме носеа во сала прво доаѓа анестезиолог и јас му реков од вас ми е страв и му објаснив за болката. Ми рече нема да те лажам морам да притискам да видам каде да боцкам. Болеше ептен маж ме држи, Докторки две ме држат ме галат по рамења, чело ми велат ти си силна ме бодрат. Кога веќе ме боцна, веднаш легнуваш и осеќаш како фаќа. Тука ме фати страв дали ќе ми фати како што треба. Анестезиологот проверува со мокро крпче каде осеќаш ладно, а јас велам па незнам мислам осеќам. Вели нема мислам, да или не И зема ме штипна силно за стомак, допир осеќаш ама болка не. За да ме увери ме уштипа исто толку силно за рака и целата викнав и си имам модрица и таму. Анестезиологот дојде кажа дека супер фатила анстезијата и дека веќе почнале и јас се поопуштив. Задоволна сум стварно цело време ме галеа, ми кажуваа дека тие се задоволни и немаат страв дека нешто е лошо за и јас да се опуштам. Малку сега повеќе ме средуваа отпосле, ми кажаа дека претходната рана ми била напукната. Ме станаа после 5часа одма, катетарот ми го извадија уште од шок соба многу полесно од првиот царски се осеќав. За 24часа веќе и дома не пуштија. Имам болки ама прифатливи, пијам апчиња и ублажуваат болка. Не се секирајте верувам убаво ќе поминете, кога ќе си го видите малото срце се' е полесно.
Интензивно е додека те седнат на маса. Тогаш ти лупа срце. Ама кога ќе ти кажат да не мрдаш за да те боцнат, ќе ти дојде спонтано. Ќе земеш длабок здив и толку е. Кога ќе легнеш ќе се опуштиш. Ја кога би бирала би епидурал, некако многу посвесна бев со него. Не знам баш која е разликата, ама со епидурал бев доста свесна и си праев муабет цело време, беше стварно пријатна атмосфера. Вториот пат со спинална многу бев успана и плус повратив два-три пати, ми се лошеше многу. Цело време ми се вртеше во глава и само се обидував да не заспијам. А башка беше прилично комплициран царски и траеше подолго, ама тоа не го знаев додека траеше, ми објаснија од после. Се на се, ќе те води мислата дека на крајот ќе имаш бебенце.
Малце страв, повеќе храброст на крај супер исход А димензиите на бебуш на крај какви беа? Знам се секираше дека според ехото е малечко
Јас бев во Чаир..и мене ме галеше анестезиологот додека траеше царскиот и првиот и вториот пат..ептен убаво ми дојде галењето,успат и муабет си правевме,музика во позадина..добро поминав ептен.
Со ништо не сум ја мачкала, во Јануари две години избледена е скроз само линија е тенка не се познава многу. Сепак се зависи и до самата кожа