Фала ви што ме помисливте девојки. Не ме примаа и ми рекоа само со алкохолни марамчиња да чистам и да ставам лепенки. Така и правам и има мало подобрување, протекува по малце уште течност ама се надевам нема да имам поголем проблем.
Кај мене дел одлепено и од таму течеше крв и тоа доста многу лом бев се препаднав целата. А, имам слично како твоето што било од страна и се гледа и конецот. Малку подобро е, се надевам дека ќе зарасне без проблем.
И во Чаир галат, држат за рака, лабави муабети и шали прават, прават да се осеќаш ко на кафе да им одиш, а не под нож Од цел персонал, тие во сала за царски се најнај и најубавиот дел е уствари тој, од спремање до испраќање од сала.
Дали смее да се прска Виоплекс спреј на раната од царски? Уште по малку тече од едната страна, ваљда кога мрдам повеќе.
Тие што сте со царски породени на ГАК, ви рекоа ли нешто за конците? Раната треба ли да се мачка со бетадин, нешто посебно нега?
Конците сами ќе си паднат т.е ќе се разградат. Раната со ништо не треба да ја мачкаш само хигиена, кога ќе се тушираш да не ставаш директно на неа купка туку така само водата што ќе тече врз неа, не да го насочуваш тушот директно во неа.
Со првото не се сеќавам да имав видливо конци, сега ги напипувам на крајчињата остри се. Пред да ме пуштат, сестрата рече секој ден да ја тријам со рака раната под туш, па прашувам да не нешто не сум разбрала. Многу различно овој пат, некако за конциве сум скептична, остри се краевите на допир.
Ме замисли сега, зошто би ни кажале скрос различно. Сигурна сум бидејќи препрашував 3 пати и знам дека ми кажаа да не ја тријам ниту бришам со пешкир туку само со тапкање со пешкирот да се упие водата
Првото детенце ми е царски и сега решивме да одиме на второ, после 5 години и пробуваме некои 2 месеци но кога како не редовно да се бркаме со јајце клетки, мислев дека сум бремена бидејќи не добив цел август и еве сеуште немам добиено последен циклус на 26 јули. Отидов на гинеколог вака гледано е се ок е сега бидејќи ми е изваден кев лобус од тироидна проверуваме хормони, ни ми напомена за можност за запушени јајцеводи и ред деуфи претпоставени недокажани дијагнози кои се можни после царски рез. Деновиве стомакот ме боли како пред добивање, тапи болки менструални, дали е можно да е од овулација и дали има некој овде кој е породен царски и имал последица запушени јајцеводи. Напнав на форумов ама загрижена сум, многу сакаме второ и малиов многу сака брат или сестра…првово се фати од прва е сега второво не баш така и со дијагнозиве од докторов ме утепа психички иако ништо не е докажано…поголеми се шансите да е хормонски рипнатиот циклус ради тоа што сум со пола тироидна
Никако триење раната. Јас сум на ГАК со два царски ист совет како на Ена ми даде докторката. Вода да се слева никако да се трие или директ да се прска. Тоа што боцка е конецот што си подврзана. Внатрешно се разградува, а ти двете кончиња што се надвор ќе си паднат. Кај мене паднаа после 40 дена.
Смееш, јас прскав по препорака на докторот од Систина дека ми беше малце поцрвена раната од едната страна.