Ова ми беше кажано сега пред недела дена. Ми падна чудно, а и на жената со мене во соба истото и го кажа. Ајде, си реков нешто да не не разбрав, пак ја препрашав ми рече под туш со рака да ја тријам раната. За првото ништо слично не ми кажа, баш истата сестра. Доктор не прашав, минатиот пат ми рече ќе ти кажат пред да си одиш. Ништо, ќе си почекам да паднат конците, секако полека проаѓа, почнува и да чеша малце
Прави како што ти кажавмр и супер ќе биде. Мене раната веќе почна да ми се собира, на краевите не се познава толку и стомакот не виси до толку. Далеку од како било пред ама многу подобро од почетокот. Инаку, те чеша бидејќи заздравува, немаш гајле
Еднаш навечер само. Може до 2-3 пати во ден ако не грешам. Мене малце ми беше зацрвенето па се закој случај ми даде да се прскам.
Фала мила, сабајле прснав еднаш и вечерва пак. Се надевам веќе ќе помине, да си функционирам нормално.
Дечки дали некој имал или знае нешто повеќе за атхезии да ми каже како последица од царски, не од гугл, тоа прочитав веќе и не можам да издржам до прегледот се извадив од памет. Скоро 3 години се поминати од царски и од страв не сум се ни пипала нешто многу кај раната. Пред неколку месеци бев на контролен преглед кај гинеколог, ме гледаше на ехо и стомачно и вагинално, раната рече добро е зарасната и во главно се беше ок. Периодов имам некоја чудна болка, како пецкање/печење кај јајникот, ама не е болка од јајници и сега кога ќе се пипнам осеќам како топче, а не можам да се сетам дали го имав порано и не е точно кај резот туку малку погоре. Општата матична исклучи кила, рече дека може е од операцијата и да зараснало во потврдо ткиво и дека може да боли од промена на време, ама не знам дали е исто со атхезиите. Паметот цела недела ми е таму. И можеби и сугестивно веќе ама се почесто ме штрецнува болка во текот на денот. Се дијагностицираат ли некако (освен со оперативен зафат), ехо, мр, кт, рентген?
Јас за себе знам дека имам атхезии од предходни оперативни зафати од последниот доктор кој ме оперираше кој ја има видено состојбата внатрешно и ми има кажано. Инаку никогаш не ми се потврдени да речам со некој тест или слично ниту пак некои симптоми сум имала. Кај мене се поминати многу години (над 15) од последниот зафат.
Освен лапароскопија нема како да се види дали имаш адхезии. Јас имав адхезија на матката со ометумот од цревата, е сеа имав болки баш како во лев јајник цело време претходно на моменти и при односи и при седење. Дали била болката од тоа ќе знам кога ќе се опоравам од операцијата.
Како последица на царски ти се јави или од друга интервенција? После колку време почна да ја осеќаш? Можеш и во лп ако не сакаш овде.
Мене од Плодност доктор тогаш ми кажа раната да ја мијам дирек. Со нежен сапун дирек на неа и да ја исплакнам со вода. После само тапкање со сува крпа, јас бев лепена. За шиено можи е подруго.
За ГАК не знам, за Чаир јас бев примена 1 ден претходно на патолошка, ми правеа анализи и припреми. Следниот ден бев на царски. Веројатно протоколот е сегде ист
Ќе сакаш ли да споделиш повеќе околу операцијата и постпородилниот период во Чаир? Со анестезиологот како помина?
Операцијата е со спинала, ништо не осеќаш, полубудна си. Кратко трае па те носат на интензивна. После тоа боли првиот ден али секој нареден е полесен. Даваат терапија за побрзо да се дигнеш. Постпородилното одделение е супер, убаво се грижат за бебињата, помагаат да станеш, ти го носат бебето да седи со тебе вториот ден.
Ти благодарам. Со првото дете сум царски, ама во приватна. Сега сакам во Чаир, па конкретно за таму ме интересираше како е постпородилната нега. И анестезиолози знам има помлади, па затоа малце шубе, сепак кичма е. Сега со близнаци сум, сигурно пак ќе сум царски
Дали е нормално 2м после пораѓај сеуште жолтко да ми протекува? Како прекина крварењето на 1м продолжи ова веќе месец дена.. имам, немам, имам, немам...