Имаш уште многу да гураш,но брзо ќе помине време,само ти уживај во бременоста со двете срциња во тебе Инаку јас кај док.Илиевски се породив царски.Мораше цараски,многу лошо беа поставени бебенцата.женското карлично,а машкото попречно,со нозите дури накај грб ме маваше.а и втор царски ми беше. Самиот царски помина одлично,си правев муабет со персоналот,имаше музика тивка во позадина,анестезиологот беше до мене цело време,ме следеше.Одкако ги извадија бебенцата,веднаш ми ги покажаа,да ги допрам.мн прекрасно чувство. Потоа во интензивна соба те сместуваат,те следат цело време.Првото станување е мн.тешко и болно,ама секое наредно е полесно. Во постпородилните соби јас поминав супер,две бевме во соба,си помагавме која со што може,сестри кога и да викнев доаѓаа веднаш,болничарка ми помагаше да се туширам,постелнини и спавача кога и да побарав нова ми даваа без проблем. Јадење ко јадење,супа,ѓеврек,ориз Макарони,мусака...ама може и да ти донесат што сакаш од дома. Бебињата не беа цело време со мене,јас дека примав крв мораше да мирувам и лежам. Кога беа со мене,ако мн.плачат или сакам да поспијам им кажував да ги земат. Све у свему јас бев задоволна од Чаир. Ајде со лесно до крај.
Фала ти ептен Се надевам се да е добро до крај, па штом е вака, супер ќе поминам. Која недела се породи? Закажано или болки доби?
Во полна 37 недела.Договорен царски беше. Докторот рече ќе чекаме до 37 недела,стискај до тогаш Одев често на прегледи,се беше во ред...бебињата напреднуваа убаво,док рече ако сакаш уште малку да почекаме,но јас последноте недели едвај дишев,мн.ми беше тешко..дека големки како за близнаци 3360 и 3160,реков вади докторе доста е Инаку немав болки.
И мене ми е кажано од доктор со сапун пена на рака да си направам па да ја измијам раната со нежно триење и после со тушот директно на неа миење, на крајот со крпата тапкање само да е скроз сува. После двата царски вака ја третирав и немав проблем одма зарасна, и тоа вториов пат беше во најжешкото сега август. А и штом почнува да те чеша миј си ја како што ти е кажано слободно.
И јас имам жолто баш мислев да прашам овде ама никако не стигам, баш на преглед ко бев после 40 дена немав ништо си реков готово престана и не прашав доктор, од ко си дојдов дома пак продолжи и еве уште си трае, чешање немам само исцедок, ама најверојатно нормално е штом и двете го имаме
И кај мене беше така и на брис излезе бактерија, пиев антибиотик безбеден за доење и вагиналети ставев. Контролен брис не направив после ама па и немам веќе исцедок.
Да баш на стоена стара крв ко што мириса нели... @pravnicka_2604 мене од време на време, не секогаш. Некогаш се случува и цел ден да немам ништо. А осеќам чат-пат и некои грчеви, па мислам може сеуште матката се собира и затоа имам и исцедок чат-пат..
И кај мене траеше долго, па кога отидов на контрола испадна дека уште крварам па ми даде пак капки и после една недела се среди. Ако има нешто убаво е една контрола да се направи превентивно.
Браво, супер си пораснале срцките. Секоја чест како си ги износела Фала ти на сите зборови и тоа што викаш.. фала ти за одговорот
Aj па пиши шо ќе ти кажи, а за грчеви јас имам болки ниско долу кај јајници ко ќе ми се оди по "голема" абе осеќам како се движи низ црева офкам, викам, така ми беше еден ден ко ќе бев во овулација сега секој ден, да не ти е и тебе така? Мене ко ме гледаше рече супер е, се е чисто и јас мислев да не има останато нешто ама ете не виде. Сега се намали скроз ама пак бојата е жолта.
Исто, а и грчења имам и многу гасови од време на време... Се мислам у секое време ќе добијам, е така ми е некако болката...
Да, секако дека си терам како што ми е кажано. Реално за толку кратко време супер изгледа резот сега за сега. Ме интересираше информативно дали истиот совет го добила и друга оперирана на ГАК во скоро време.
Види како ќе биде деновиве, ако не пак една контрола. Пошто не треба да има ништо, ни болка, ни исцедок.