Бев на контрола и се е супер, исцедокот е нормален Рана рез супер, како една да е. Матката веќе скоро вратена, убаво на место. Мирни јајници, мирно се, знаци за добивање немам... па ај може ќе ме поштеди повеќе овој пат Ме праша дали планирам 4то (се шалевме), реков само ако по грешка се фати, инаку не Рече има жени со потенцијал за 4то и без, ти си со потенцијал..
Истото и мене ми го кажа, значи се е нормално, само во мисла ми е дека првиот пат не беше вака ама ај можи треба време, ама и не сум веќе 26години И јас незнам дали ќе се решам за 3то
Кај мене толку, затворена фабрика Остај матката.. и цревата ми пропатеа веќе, мускулите да не зборам..
Ден претходно одиш отвараш историја, правиш лабораторија, цтг и откако ќе излезат резз од лабораторија, после 11, се гледаш со анестезиолог. После анестезиологот одиш на ПИН или патолошка, зависи на кој оддел имаш прием, ти даваат чепче дома да си носиш и ти кажуваат процедура за јадење/пиење. Следниот ден од сабајле одиш, те сместуваат на оддел и те прават царски по распоред. Обично имаат 7 царски дневно, расппред прават ден претходно.
Јас се имав договорено со докторка. Во принцип царските се договараат сп доктор, бидејќи се по распоред, не е како природно. Е сега ако е ургентен царски, да почнеш природно, па да те однесат на царски, тогаш тој ште е на смена те оперира. Значи треба да има индикација за договорен царски, не може како приватно си закажувам царски. Не ти спомнав дека ако не си од Скопје, ден претходно те задржуваат
Па сеа за сега сум со инфикација… ако не се сврти. Карлично е. И затоа се распрашувам да си знам како иде. Ти благодарам на одговорите.
Вчера ја кренав кофата со вода,има 50 дена поминато од царскиот рез и ме заболе левата страна,некој совет што да се напијам или
Вчера, 3ти ден после царски бев доста добро, денот го поминав без аналгетик. Денес 4ти, одвај станав од кревет, болки при движење имам Дали ви се случило вакво уназадување?
Да, не се секирај, само движи се повеќе. Низ дома гледај да бидеш на нога. Една сестра во болница ми рече или шетај или лежи, со седење правиш притисок на раната. Јас дека имам тодлерче дома, па цело време натаму наваму сум. Ќе се средува постепено и ќе станува полесно.
Истото си го помислив, па гледам колку можам само тогаш да бидам во седечка положба, а кога ќе можеш да се завртиш на страна и легната можеш да доиш. За јадење и преку ден за одмор колку можам се навалувам потпрена на тросед или во кревет. Ова на почеток внимавав, сега сум пораздвижена и малку поопуштено се движам и не обрнувам многу внимание. Ќе видиш, со време минува и ќе почнеш да си се враќаш во нормала, само ќе треба трпение и малку време.
2 недели после царски (лепена надворешно рана, не шиена) ми се одлепи минимално и излезе са штрчи конец од претходниот слој внатре што е шиен. Дали можеби некоја има искуство со ваков немил настан и што интервениравте, гинекологот што ме породи ме виде итно и рече само да мачкам бетадин, но секако дека тоа не ја затвори дупката и конецот се уште штрчи. Утре сум пак кај неа да ме види ама да слушнам некое искуство ако имате.
Сега кога те прочитав и јас се замислив. Породена сум пред скоро 3 недели. Лепена е и кај мене најгорниот слој. Јас имав проблем после една недела ми пукна и имав едно дупче од каде што течеше крв. Еве една недела може да кажам дека сум Ок, до вчера прскав спреј на своја рака и чистев рана. Ама и кај мене од едната страна има излезено конец, баш како ти што го опиша. Поодлепено и се гледа од долу конец. А јас си мислев дека треба да падне. Тука како што реков додека не заумираш нема ни да те погледнат, сам човек да се лечи.
Буквално на своја рака...дали можеби мислиш ако мачкаме кантарионово масло ќе омекне? Единствено тоа, да падне нема сигурно, внатрешен е. Ако ми го вади веќе зараснат утре, ќе се обесам. А зошто дојде до одлепување на раната првично исто така не ми е јасно. Минимално дупче ама сепак вирна конец. Лепакот испаднат ти е од раната или уште ти стои?
Здравооо ,можеби прашањето не е баш за овде но доколку некоја имааа слично искуство нека ми пише,породена сум со царски рез пред точно 2 недели ,последните два дена при мокрење чувствувам пецкање дали е нормално дали има потреба за паника дека нешто не е во ред?