Симеонова со двајцата. Ама она е на оддел ПИН. Јас бев со хипертензија, имав историја на тој оддел. Искрено не знам како сега функционираат докториве, како би закажала. Јас ја знаев од првото. Ти одиш кај некој доктор на ГАК? Не знам како би ти закажале за карлично поставено бебе...можда тој што ја пишува индикацијата во извештај. Жениве што беа со мене на ПИН сите имаа закажано кај докторот што им ја дал дијагнозата. Инаку Симеонова е топ само што мислам дека вон оддел не закажува царски.
Леле ајде баш кажи што ќе ти речат. И мене сега ме фати страв. Маж ми и мајка ми само ме убедуваат дека само ќе си падне, ама како што велиш ти внатрешен е и како малку црвено ми е. Ако биле за паѓање ќе имав и на другата страна После ако успејам ќе ти го сликам ќе ти пратам во лп, да споредиме дали е исто.
Не одам, само за скрининзи бев и на сите Данева ми беше. И сеа не знам како е процедурата, дали договараш царски со кој доктор сакаш или кој ти се падне?
Има што си се договараат, а има и што не сакаат да се договорат. Ти викам жениве сите си беа договорени со доктор што ги гледал веќе ама беа сите доктоти од ПИН. Цимерката беше кај Адела Стефанија договорена ама со потплаќање. Која недела си? При крај се оди секој недела, па на 2 3 дена на преглед. Тогаш евентуално да се договориш со докторот.
32ра сум, ама за две недели веќе треба да одлучам кај ќе се пораѓам. Па затоа сакам да знам како иде процедура. Сега за сега е царски, со газето доле е. И Данева ми кажа као ммм ќе те спремаме за операција тебе изгледа. Па некако се помирив со тоа дека може ќе е царски, пошо не се многу оптимисти дека ќе се сврти. И сега да знам што како иде да може да се одлучам.
Па реално тешко дека ќе се сврти толку касно. Мислам дека на следен преглед ќе ти кажат точно како би била процедурата. Ако има некоја членка со ваков случај може ќе пише.
Се тешам дека на другарка во 34 та и се сврте и на крај природно се породи. Ама сакам да знам на што сум и ако остане за царски. Не ги знам докториве, па битно ми е да сум во добри раце.
Др. Иво Ќаев ми беше асистент цела година на ГАК на факс, и после и за стаж. Со него присуствував и на царски и на природни породувања. Ептен имам позитивно мислење за него како се грижи како доктор за пациентите. Мислам дека е една од подобрите опции на ГАК.
Не сум имала близок контакт јас лично со оваа докторка, ниту имам присуствувано на породување со неа. Некој ако има, нека сподели. Од што имам слушано за нејзе, мислам дека е солидна докторка.
Здраво, имам закажано царски па ме интересира како се грижите за раната, што користевте сапун или гел некој и каков? Дали прскавте некој спреј за рана? Дали ја миевте одма или не ја топевте воопшто додека да ви ги извадат конците? Благодарам однапред