Јас употребував бебешки сапун при туширање додека ми ги извадат конците и не прскав никаков спреј. Уште во болница ја топев но без да се насочи кон раната млаз вода. Потоа тапкав со крпа, сушев и менував лепенка некои 2-3 дена и толку.
Се туширав секој ден со бекутан сапунче ,бришев со тапкање на раната и прскав виоплекс спреј 3 пати на ден ,конецот ми го извадија после 20 денови од царски .Со лесно
Јас уште во болница после царски пробував да го дојам легната, ама немав млеко и цело време го замарав да влече и така легната ми одговараше повеќе затоа што не можев да седам многу, коа ми дојде една сестра коа ми викна, да не го дојам легната новороденче, тој до мене на кревет НИКАКО вика и дома коа ќе си одиш да не ти текне, после некој месец може, на почеток не и одма наредниот ден станав, седнав на фотељата во соба и така скичмена го доев како во болница и до кај 3 месеци, после веќе се опуштив и легнати еден до друг бевме се опраив, инаку кичмата ми се искриви ко кифла
Мене па така ми покажаа на болница од кога се породив и така и ден денеска, ептен ако морам седната. Ти кажа барем зошто не легната? Кичмата мене првите 2 3 месеци лом ми беше одвај функционирав одвај синчо го држев. Од тоа креветите на болница се доискривив имав мака претходно. Ама там 10 дена не задржаа бебево беше на антибиотици, а креветите високи беа и со сунѓер како на штици да лежиш. Им барав столица па не даваа за таму в соба началникот на оддел ќе им викал а креветот беше висок да ти висат нозетр ако седиш, сите кревети се такви. Прилеп во градска болница ова, лудило
Како легнати доете? Јас пробав и со првото еве и сега со близнаците никако не можам легната До мене ли е,до цицка ли е,ама еве мутава сум не можам да се наместам
Епа мене ми успеа за поголемко кога беше веќе навикнато на цицање и навечер само така цицаше, јас кома тој цица до мене. Е вака, некогаш ќе се потпреш, некогаш ќе си легнеш баш на перниче и навика е, е сега за близнаци не знам како ќе е, во исто време успеваш да ги доиш или чекаат ред, исто и перниче дали користиш за помош ако двете цицаат наеднаш? Не можам да си замислам дали може двете наеднаш или ќе треба едно по едно
Доење легната е најубаво, особено навечер, ти ќе дремеш, бееб ќе цицс и ќе заспие, како на слика една членка што ставила,ама уште поубаво е да имаш големи гради за тоа, ако ти се мали како моите, високо ќе му биде,ќе го ставаш на таа града до душекот. Близнаци паралелно, вака легнати не можеш да доиш. Само едно по едно. А преку ден, ќе ставаш еден куп перници за да ги доиш паралелно, т.е.некој треба да ти го намести второто бебе.
Преку ден имам перница за доење голема и кога имам потреба ги дојам и двете заедно. Денеска пробав легната секако едно по едно,супер беше.
Раната не се чепка. Туширање само со вода без сапуни и гелови. Да не се насочува тушот директно во неа. Се мачка со Бетадине за дезинфекција. Се носи широка облека да не се разранува.
До месец ипол знаеше и црвено, кафено да истекува... а до 2м кафенко жолтко. 2м и 8 дена поминати, тек сега пред некој ден скроз ми престана и жолткото..
Колку дена ве држеа јаки болки од раната при движење, напнување(пример кашлање), вртење десно-лево во кревет?
Jas vaka kako na slikata nikogas ne sum doela strav mi e si se samisluvam jas taka da lezam I da pijam voda ke se ugusam neizvodlivo e
Епа немој, ако ти е тебе неудобно немој, можеби и затоа викаат за поголемо бебенце поубаво, за новороденче не. Мене кога ппрасна бебенцето песна ми беше, само вака цицаше сред ноќ, јас дремев, опасно е, не е дека не е опасно, затоа викаат поголемо бебенце, или само преку ден да не задремеш Еднаш да пробаш вака и више нема да доиш седната
Болките првите денови се појаки на тие движења, ќе намалат после 20тина дена еве да речеме. Секој различно. Ако кашлаш или се смееш со перница на раната стави, така мене ми рече докторката.
Зависи секој различно,јас 5 дена на болница имав болки при вртење,кашлање,станување...сега еве 11 дена после пораѓај многу ми е намалена нелагодноста