Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    4.659
    Пол:
    Женски
    Исто ми беше, држи се со раката на раната при станување, помалку ќе боли.
     
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    76.236
    Пол:
    Женски
    Смееш Бруфен, парацетамол да се напиеш ако не можеш да издржиш. Секој ден е се полесно.. ама нормално е што боли.. после па ќе пече, па ќе чеша.. се е тоа нормално се додека е добра раната (сува). Честитки за бебе, брзо опоравување :hug:
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    да, така правам.
    @mariz пијам парацетамол, си земав и бруфен за после. Фалаа :inlove:
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    7.485
    Пол:
    Женски
    Девојки, ми препишаа клексани уште некој ден после од излез. Дали тие може да ги рефундирам? Или се рефундираат само во брменост?
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.516
    Јас ја прашав сестрата кај мојата матична ми кажа дека се рефундираат.И мене ми рекоа дека ќе примам после пораѓај клексани.Јависе најдобро прашај кај матичниот гинеколог
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Karande

    Karande Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Се рефундираат секако, не мора да се само во бременост. Чувај го извештајот и кај матичен ќе ти дадат потврда за во фонд, фискална со сметко потврда.
    Да ви е жива и здрава ќерката, радост да ви носи цел живот ❤️
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    7.485
    Пол:
    Женски
    Супер, фала ви девојки. Вчера купив, денес ќе одам до кај матичната да ми даде и упат воедно бидејќи треба да испитам после ддимери и хемостаза од кога ќе ги завршам. Да ми даде извештај и за тоа да и кажам.
    Фала ти мила, само убавини да се враќаат.:l:
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zelenooka*

    Zelenooka* Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Девојки дали знае некоја, за царски во Чаир, сами треба да си носиме чепче за прочистување, треба дома да си направиме или таму прават клизма?
     
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    9.562
    Пол:
    Женски
    Пред 5 месеци таму се породив,таму ставаа клизма.
    Со договорен царски бев јас.
     
  10. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    После царскиот имам болки во стапалата. Како да ми се отрпнати секогаш кога ќе станам. Не знаев дека и со вакви болки ќе се соочам(facepalm) Дали некоја искусила нешто слично?
     
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    7.485
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално како кора да имам? Не ме чеша ништо, знае да пецне вака како што викаш од време на време, во вторник две недели како сум породена. Веќе доста подобро е се, и станување и спиење, успеав и на страна да лежам, ама ме фаќа паника веќе со ранава да не се инфицира нешто. И кога паѓаат конците?
     
  12. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Пецкање е нормално, и отрпнато е нормално. Пред една недела бев на преглед јас, тоа ми кажа докторот. Ќе чеша со промена на време, и како заздравува исто ќе чеша. За да не ти се инфицира, местото секогаш да ти биде чисто и суво. Додека се бањаш не ставај ништо, гел/купка, само со млака вода. Мене така ми беше кажано и така третирав, и немав никаква несакана последица.
     
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    7.485
    Пол:
    Женски
    Така и правам, не ставам ништо, е сега кога се одмиваш ако помине, ни рекоа во болница не е страшно, не можеш да не ти помине. А кора вака што имам на некое место? Нормално е? Отрпнато уште го осеќам.
     
  14. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Нормално, и мене ми е уште така од време на време. Па кога пробувам да легнам на стомак, како да ме влече нешто, како да ми смета (facepalm)...
    треба време раната да заздрави, замисли колку многу слоеви сме сечени :worried:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    7.485
    Пол:
    Женски
    Одвај чекам да се стабилизира. Не сум научена да одмарам и да лежам, и ова ми е :drunk: али ајде за брзо ќе се среди.(fingers)
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    76.236
    Пол:
    Женски
    Да кора е нормално, ќе ти се излупи како помине. А конци каде имаш? Мене тие на краевите уште во болница ми ги извадија...
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    7.485
    Пол:
    Женски
    На крај, сами што паѓаат, само од едната страна е. Проџирен.
     
  18. Tina⚜️

    Tina⚜️ Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Cetiri dena posle carski,se uste tesko mi e stanuvanjeto i sednuvanjeto,prvoto stanuvanje,uzasni bolki a celo utro primav terapija za obezboluvanje,strasno mi bese,bolki nevideni,zateganje na leva strana kaj preponi,sum placela dodeka da stanam.Denes isto imam bolki ama sega na desna strana,I sto mi e najzastrasuvacki oteceni mi se nozete,bambarki,racete isto,Dr mi veli normalno bilo,a Jas nemozam da se gledam.Da spodelite iskustvo ,sto prevzemavte za namaluvanje na otocite,hrana,lekovi...
     
  19. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    864
    Пол:
    Женски
    Се е тоа нормално. Лек е време. Поминува.
     
  20. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    јас денес трета недела од царски… последниве три дена слаби болки, а денес баш ме боли кај јајниците и стомакот на допир ми е чуден, мек и спуштен и повремено како пецкања осеќам како струења некои тоа неколку дена веќе. Претходно кога станував од кревет ме болеше, сега тоа ок е навикнав. Цело време го кревам бебе, бањам, дали вие се пазите дали одмарате? Да не ми се развлече заздравувањето, мм уште некој ден ми е дома за помош и после сум сама. Се напив бруфен сега.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.