Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Ни конец видов, ниту па некој ми спомна нешто за конци :rofl::rofl:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    7.995
    Пол:
    Женски
    И за карање си. Каква генералка, јас садови еднаш пробав да измијам, се наведнав, така не болеше толку, кога ме виде маж ми, лом ме направи.
    Јас се опоравив после 1 месец, не целосно, ама толку болка немаше. Инаку, мене многу ме болеше и денес уште осеќам болка над резот, не знам тоа што висе, сало ли е, кожа ли е... Таму ме боли, а раната знае да пецка некогаш.
    Конците што беа на крај, еднаш на туширање повлеков и излегоа. Мислам беше после 40 дена.
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.499
    Пол:
    Женски
    Не ме боли, немам болки. Ваљда не е страшно од викендов, ќе припазам веќе. Да тие на крај конците, не знам кога треба да паднат. На извештајот на излез ми пишува контрола на гинеколог после 4 недели. Не знам дали да рачунам од операција или од излез.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    7.995
    Пол:
    Женски
    Супер штом немаш, ама пази се.
    Тие на крај, како што ти кажав, јас сама пробав, гледам може да се извлече и ги извлеков, на туширање.
    Јас се породив на 25.6, на 5.8 сум била на контрола, значи од операција, не од излез.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    7.499
    Пол:
    Женски
    Епа ќе се јавам деновиве да ја прашам матичната. Ќе ми ја види и она раната, вака маж ми вика супер била, јас што гледам оке е. Ме виде и патронажната вика супер е. Фала ти.:sun:
     
  6. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    7.995
    Пол:
    Женски
    И јас на контрола кај Органџиски, докторката вика супер сошиено, рана супер, матичната истите зборови, а јас си имав супер болки :)
    И станувањето ми беше болно, и дете не можев убаво да си наместам, абе маки..
    А многу поинаку си го замислував, баш царски, ама не било така.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    216
    Sekoja cest, jas porodena 2 meseci, uste nemam vreme da iscistam a koncite mi gi izvadija posle 7 dena.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Лалина

    Лалина Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    666
    Пол:
    Женски
    Уживаај, дајбоже да функционирам така по вториов царски. Ќе си работиш како телото што ти кажува, па со болки не можеш да станеш, а не па да чистиш, а да се размрдуваш е одлично, плус не си вчера оперирана. Ова е мојот став, кога можеш прави што сакаш, кога не можеш одмарај и барај помош, јас мислам одлично си направила, плус после исполнета и мирна дека е чисто :D
    Добро, сеа немој секој ден, малку и одмори, ама слушај го телото, јас најлошо поминувам кога следам совет од МАТИЧНИОТ ГИНЕКОЛОГ ПО ТЕЛЕФОН, ми дава универзални насоки, а сите сме различни, ако ти можеш да мрдаш и да чистиш значи МОЖЕШ :)
     
    На Izzy_0504 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  9. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Првата контола после царски каква ви беше?
    Во смисла ве гледаа ли на ехо, дали матката е добро вратена, раната да ви ја видат?

    Тука бев кај матичната и само ми зема пап тест, погледна надворешно и рече добра е раната, а со неа имав проблем ми имаше пукнато надворешно и течеше крв.
    Ја прашав дали можам да вежбам нешто, физички да сум активна ми рече после овој преглед слободно и теретана можеш.
    Искрено уште на кивнување ќе осетам болка или некогаш кога ќе седнам-станам.
     
  10. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Мене ме гледаше на ехо. Исто и пап тест направивме. Ама сметам дека и тебе требало ехо преглед да ти направат. Како инаку ќе знаеш дека матката е вратена..
    Направи си уште еден преглед, кога веќе имаш и такви болки
     
  11. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    216
    Mene me vide maticnata 1 min na eho i eden pogled vrz ranata :) mi rece smeam da pesacam, trcam, nikako stomacni i tegovi.
     
  12. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    За болките ми рече нормално е и до 6 месеци да се осеќаат, јас некогаш претерувам и со обврските дома и неколку пати го имам кренато синот од 13кг.
    За прегледот немам што да кажам, прво не очекував кај матичен доктор да биде, претходно 3 пати ја препрашав дали стварно кај неа е тој преглед.
    Ама тука е така, зема пап тест на мене, прегледува бебе:D за се ги бива:rofl:
     
  13. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Хахах и мојот преглед не беше нешто долг, набрзина пап тест и погледна надворешно рече супер е ајде станувај.:D
    Кога ќе одам во Мк ќе одам обавезно на преглед комплет.

    Јас сакав да возам статичен точок или да си земам лента па барем нешто да правам, таа со гаранција ми рече од овој преглед веќе можеш се да правиш.
    Ама секако не би ризикувала, уште ми е рано.:)
     
  14. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Кај општ матичен доктор??
     
  15. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Да да :)
     
  16. justonequestion

    justonequestion Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки ,породена сум со царски пред 2ипол месеци ,пред месец дена бев на преглед и ми кажаа дека е рано за менструација (само на доење сме ),но еве веќе 10 дена крварам ,помислив дека е менструација но веќе 10 дена ми трае крварењето ,дали е нормално ова?
     
  17. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Леле :o
    Оди си на гинеколог, мора и на ехо да те видат
     
  18. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Не е рано. Нема некое правило. Може да ти е менструација, имам другарки што после царски имаа менструација по 2 недели
     
    На justonequestion му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Karande

    Karande Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Здраво, споделете искуство со целосна анестезија.
     
  20. Tina⚜️

    Tina⚜️ Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Dve nedeli posle carski,delot nad rezot,ona masno tkivo sto visi od stomakot I se preklopuva so rezot, mi se lupu,ne boli,ama kozata se lupi,Dali e normalno,me faka panika,rezot super e,suv,ubavo zarasnuva,ama ova sto se lupi kozata nad rezot neznam Dali e normalno.Ke vi bidam blagodarna ako spodelite iskustvo ♥️