Вие што сте биле со царски во Македонија, освен бруфен за болка, има нешто појако а дозволено да се зема при доење?
Мораш да одиш по голема нужда барем еднаш пред да те пуштат, тоа е клучен чекор поради анестезијата. Значи мора да се разработат цревата. Секако пет дена најчесто држат, таман имаш време за тоа.
Prviot den posle carski li stana jas imam mn blagi bolki duri kako menstrualni drugarkata mi vika ne ti e prekinala anestezijata ama jas nozete gi dvizev vednas po izleguvav od sala od 1 zavrsiv i sega se mislam sto da cekam pdoobro ili poloso
Kako spievte vo bolnicata grb me zabole cel den prv den carski onaka bolki nemam silni ona kako menstrualni na ranata ama nemozam vekje da lezam me nervira a duri sabajle kje me skornat
Мене цело време грб ме болеше, па викав да ме масираат. На ГАК има физиотерапевт ако си таму, побарај
Леле масирање? Јас кај што се породив немаше вакво нешто. Уште одма си префрлен во соба, и можеш да се движиш, јадеш и правиш што сакаш. а и секако мораш оти детето е со тебе, никој не го зема. Јас после пораѓај во 7, во 1 маж ми донесе пица да јадам оти бев мртва гладна. Веќе наутро има доручек обилен и станав се искапив. Тука те форсираат да одиш уште одма, лежење само во шок соба. А и во шок соба си многу кратко. Јад бев со итен царски ради сепса, ме излегоа од сала во едно како собиче со завеси, како во магла ми е што ми правеа таму, инфузии, притисок, нешто ме враќаа во живот, ама се сеќавам дека мм и бебето беа до мене цело време. После накај полноќ не префрлија во соба. Во Лондон само 2 дена е лежење со царски, со природно можеш и ист ден да си одиш ако се осеќаш во ред. Јас бев 10 дена ама ради тоа што бевме на ант и јас и бебе. Многу напорно беше тој период таму. Реално подобро е да го земаат бебето барем малце за да имаш време да заздравиш…ама ете. Ама со ова нејадењево и непиење вода јас не знам дали би издржала. Ваму дури и те форсираат да јадеш и пиеш, цело време, пред царски воопшто нема препораки да не јадеш, дури не те ни прочистуваат со клизма пред пораѓај. И сакав да ве прашам зошто ставаат спинална, а не епидурална? Епидурална е прв избор во Лондон за пораѓај, дури и при итен царски јас дека веќе имав епидурална само ја засилија, спинална рекоа дека може ќе стават ако не ставам епидурал, а треба итно да се породам. Прашувам да си имам инфо за втор пат раѓање ако се деси да е тука некад, мада пак би сакала да е во Лондон.
Јас се породив ко денес 16.30, следниот ден околу 13ч ме сместија во соба за мајки, а веќе приквечер дојдоа да извадат и да ме станат. После веќе не ни сопрев, станував секоја прилика, си се средував во тоалет, си редев стварите, помсгав на цимерката, одев кај бебињата… Грбот тоа е тоа, ужас се леглата, се движи кога стануваш, ама тоа е тоа… исто и подтелнините цепени прецепени, јас им барав да менувам иако си имав подлошки за под мене а и малото си го ставав на подлошка во креветчето. Првото станување беше крш, болки невидени ама секое следно беше полесно. Знам повикав болничарка и за второ станување, ми рече душо немам време за второ на сите да ви помагам, мораш сама и толку беше, персоналот што јас го затекнав беше мизерен! Од сестри, сестри кај бебиња, болничарки ужас
Jas sum vo stipskata i generalno se okej zadovolna vcera vo 1 se porodiv dokaj 6 bev vo sok soba sega vekje sum na oddelenie ama uste ne se rekle da stanam a jas edvaj cekam stvarno me ubiva lezanjeto
Мене не ме прскаа ни со спреј, ни па нешто друго. Докторот што ме породи дојде ми ја одлепи и ми рече дека е супер раната. Ласерски лепена. Не знам сега дали сите се така
Здраво, пред неполни 3 години се породив со близнаци со царски рез. Неодамна дознав дека повторно сум бремена и на преглед докторката забележа дека имам ниша (isthmocele) на белегот. Јас немав чуено до сега за ова и нема многу информации на интернет. Она што го дознав е дека може да предизвика компликации во бременоста, од спонтан абортус до пукање на матката. Дали некој од вас имал вакво искуство? Ова е всушност доста честа појава после царски рез. Исто ме интересира мислење за царски во државна. Првиот ми беше во Систина, но немав многу позитивно искуство и размислувам за државна како опција.
Јас пишував пред некоја недела, ми се појави мене сега после вториот цараски. Двата царски ми се на размак 2 г и 10 месеци. Не сакам да ти стварам паника ама ќе ти кажам тоа што ми кажа гинекологот, за да си најдеш добар гинеколог што ќе ти ја прати бременоста темелно. Мене ми рече докторката дека е проблем за трето ако сакам. Матката се прави како неповолна средина поради џебот или како и да се вика на мк istamocele. Се решавало оперативно ама секако пред бременост. Ризикот од спонтан е многу висок, бидејќи матката е неповолна средина за износување на плодот. Извини ако те исплашив, најди си стручен доктор ако треба нека те стават веднаш на патолошка.