Фала многу за одговорот. Јас ги поминав сите странски форуми, најдов и фб група каде што има многу споделени искуства точно за овој проблем. Секој случај е толку различен. Има и многу успешни приказни и многу обесхрабрувачки. Јас да знаев за ова порано ќе беше поинаку, но така се случија работите што доцна дознав. Многу кај нас не се ни информирани за оваа ситуација. Искрено не знам ни каде би барала гинеколог што би знаел најдобро да ја следи ситуацијата. Не ме исплаши, зошто последните денови се што успеав да најдам прочитав.
Да видиш на оддел ПИН на ГАК, Симеонова или Самарџиски ако можеш некако кај нив. Одделот е за ризични бремености, јас бев со втората таму со многу висок притисок бев. Дали имаше некакви знаци? Јас имам крварења меѓу циклуси. Не обилни ама ги има по ден, два, повеќе како исцедок. Јас не планирав трето ама па сега откако дознав некако што знам си викам 33 год имам, можда ќе сакав понатака, ова ме ограничува.
Фала многу за препораката. Ќе се распрашам баш, да закажам кај нив преглед. Иначе имам симптоми, но тогаш затоа што не знаев дека постои тоа ги игнорирав симптомите. После секоја менструација по недела дена имав кафеав исцедок. Баш му спомнав и на сопругот дека ми е чудно, ама си реков дека е стара крв. Зошто таков кафеав исцедок сум имала и пред бременоста, но во многу помала количина и многу поретко. Секогаш одам на прегледи ако забележам било што што не ми изгледа нормално, ама за ова не отидов. Мислам дека го забележав последните 3-4 месеци. Претходно не се сеќавам да ми се има случено.
Правев контрола на 18 ден после царскиот. Немам мака некоја само како треска одвреме на време чувствувам а температурата е 36.6. Се потам во спиењето, дали е до хормоните? Млеко немам, не ми се ни градите тврди. Дали доколку имав некоја инфекција ќе покажеше на крвната слика? Постпородилно станав поголем хипохондрик.
Скоро 4 месеци после царски, сеуште се потам во спиење.. Докторот ми рече хормони се во прашање, ќе треба време дури се вратиш во нормала..
Lugje kako spievte dodeka bev vo bolnica se bese okej ete doma nemozam da najdam pozicija stanuvam so bolka
Јас сум пред скоро 7 мес породена, и секој месец имам исцедок меѓу циклуси. После првиот царски сум немала. Среќа навреме ми виде докторката што е уствари. Со среќа мајка
@Tea SK Ти кажа што може да е причината? Имаше некоја компликација после царскиот? Иначе се решава хирушки, ама мора пред планирана бременост.
Се гледа на ехо ова? Јас немам исцедок ама нешто последно време кога детето ќе ме налегне на стомакот околу раната осеќам остра болка, не знам дали е од раната, матката или бешиката…вака ми е повеќе месеци и никако да се проверам. Немам исцедок измеѓу ама може не е единствен симптом тоа. Една година се потев ноќно време и имав проблемо со регулација на топло ладно, сосем нормално е после пораѓај дури и неколку месеци. Немаш потреба за грижи никакви.
Се гледа на ехо и тоа убаво, баш како вдлабнатина на ѕидот на матката. Никаква компликација, дури полесно поминав со вториов. Рече дека многу често се јавува кај жени со повеќе од еден царски. Дека многу се недијагностицирани и се без симптоми. Знам дека може хируршки ама па уштр еднаш да ме сечат, па ако сакам трето уште еднаш, ту мач. Секое следно отварање, поголем ризик за компликации. Јас се помирив, тоа е тоа, си имам две златни дечиња, да ми се живи и здрави.
Zdravo porodena sum carski primav nekoj antibiotik 3 dena vo bolnica mi rekoa da ne go doam do denes od denes mozam da pocnam antibiotikot zavrsi na 31 utroto ama prvo da se izmolzam pa da pocnam e sega prasanjeto mi e jas se izmolzuvam kolku mozam racno nekolku pati vo den ama ne se obilni kolicini kako da znqm dali sum izmolzila dovolno za da se iscisti antibiotikot i da pocnam da go doam bebceto koga ja dopram do mene gradite sami pocnuvaat a jas od strav ne pocnuvam da i davam vcera i denes se izmolzuvav na nekolku pati vo den koga sum pod tus duri prskaat vi blagodaram za odgovorite
Uste nesto kje te prasam sto da zemam za glavolka posle carski a pocnav da doam doktorkata sto me porodi rece kafetin ama jas ne i napomenav deka kje doam i sega neznam sto da pravam a silna bese utrovo glavobolkata
Кафетин даваат и во болница, така да смееш. Јас до сега немав проблем, парацетамол се имам само напиено. И кетонал ми ставаа во болница а ја доев.
Glavobolka posle carski kako se spravuvavte nekade procitav deka ako spies na niska pernica povise kje boli glavata sega spiam potorena na grb vo sedecka pozija ama me intersira vasi iskustva da ne se izmacyvam djabe sinokja ja spustiv pernicata utrovo bev so strasna nepodnosliva glavobolka sega neznam od toa ili normalno e porodena pred 6 dena i doam vi blagodaram za sovetite