Пред 4 и пол години, и исто во друг град, после 18 сати провокации и 10цм отворена бебе не излезе заради тесна карлица(така кажа докторката) и на итен царски со целосна анестезија. Преголем страв за втора бременост имав и јас, но премогу сакав. Моментално сум 38 + 3, закажан царски во Ре-Медика и си уживам ич не му ја мислам. Докторката прекрасна, веќе 4 пати бев на цтг све е супер. Бебе малку поголемо и воопшто не одам на ризик или да чекам природно. Размислиси убаво, јас само ти дадов мое мислење. Поздрав
Колку време е поминато од првиот царски? Имаш минимум 3 години? Мене првиот царски ми беше итен, вториот закажан. Многу релакс ми помина вториот, како знаеш што те чека, спремен си. Ако е индикацијата тесна карлица за првиот царски, не верувам дека ќе те пораѓаат природно со второ.
Дали сте имале болка под папокот, како мускулна болка е и на допир знае да боли? Седум недели после царскиот сум, досега немав мака, циклус добив на скоро 40 дена, а пред некој ден средував поактивно за првпат низ дома. Имав веќе преглед на гинеколог се беше ок.
Рано е и нормално. Не форсирај со клекнувања наведнувања и кревање тешко. Јас после 6месеци добив дозвола за вежбање или функционирање понормално ама знаеше на моменти да осетам сечење
Не знаев како да се објаснам, ете ти пиша Исто и мене некогаш, многу ретко, ама кога ме боли, како некоја тапа болка е
И јас два месеци по царски крвавев, па не крвавев, па мислев имам добиено…се уредно, па прекина и дури после 14м по пораѓај ми дојде саглам, сега доаѓа точно на 31 ден, предходно на 28 и не крварев толку обилно, сега крварам обилно. Времетрање исто, болка скоро ич, предходно имав многу лоши менструации, некогаш не одев ниту на работа, без 3-4 кетонала не бев, скроз врзана а кревет, сега летам @Yowannty ти праша за ова исто. Инаку раната скоро 2г од царски сеуште ми е отрпнато месото над неа, дури сега почна да се израмнува и да се повлекува мешето над неа, пред 18м не сакаше да мрдне. Јас имам многу голема рана, многу лошо сум исечена ама бев со итен царски и морале брзо да ме средат оти ептен бев во животозагрозувачка состојба, така да втор пат на природно мислам дека не би се осудила никогаш. Кажете ми дали некогаш осеќате болка внатре кога ќе се притиснете на раната, за оние кои подолго време имате минато ид царски? Значи со недели веќе кога детето ќе ме налегне на долната страна од абдоменот баш кај раната, осеќам остра болка, како бодеж. Се мислам дали е матката или бешиката, немам приметено некои промени онака со циклус, со крварење или со уринарни проблеми, ама веќе стварно ме загрижува. Планирам да тркнам до матичен ама чекам следен циклус за и спирала да ставам, ама некако далеку ми е терминот па на мисла ми е. Ете прееска детето несакајќи ми скокна со раката, ама ќе умрев од болка.
Болело и ќе боли уште долго. Барем мене ме болеше добри неколку месеци. Мислам дека е сосем нормално, сепак е операција и ткивото има претрпено стрес, треба да се врати во нормала. Инаку сите што прашувате за чистење рана, сериозно не мора со ништо да се чисти, само држете ја сува и тоа е тоа. Јас во Лондон сум породена и ми рекоа дека апсолутно нема потреба ништо да се става, само да не биде влажна. Никаков проблем немав со раната, брзо зарасна и не ме болеше подолго од неколку дена.
Има разлика од тело до тело ама и од царски до царски. Мене вториот царски ми беше комплициран и имав големи болки со месеци, ама сега 2 ипол години по вториот не осеќам ништо. По првиот пат, имав тапи болки редовно на промена на време, а сега ништо. Местото ми изгледа многу добро, многу тенка избледена линија. Ама во суштина зависи како телото ти зараснува по рани. Мене генерално брзо ми се регенерира кожата без при тоа да користам нешто да убрза процес. Па така надворешната рана на царскиот иако никогаш не ми е третирана со ништо, додуша, вториов пат само спрејче остенисепт знаев да прснам се на се неколку пати, топ ми зараснува и за многу кратко време. За внатрешно.. не знам, се е супер дур не биде беља. По првиот царски стомакот ми беше скроз повлечен веќе следниот ден бев порамна отколку пред да останам трудна, по вториот никогаш целосно не се повлече. Сега имам уплатено од лани фитнес, од Октомври почињам. За отрпнатото, не очекувај целосно да се врати чувството поради што се умртвени многу нерви. Мене како дете ме има кола удрено. На ногата на ударот, на колк имам едно кругче колку орев, каде исто чувството не ми е никогаш целосно вратено.
Па на контрола после 40 денови добив дозвола така лесно ама веќе фулл после 6м. И ова е супер зошто мене сите ми збореа пред 1 година не смееш баш ништо а докторот кажа само да не кревам тегови
Женски, 3 недели сум после царски, досега бев супер никакви болки освен тие во првите денови нормалните. Последниов пола саат чувствувам болка кај раната особено лево. Од што може да е? Физички раната си изгледа сосем нормално и заздравува. Може ли да е тоа што првпат денес облеков памучни гаќи, до денес носев мрежасти?
И јас носев околу 3 недели мрежести гаќи, потоа почнав обични памучни, повисоки. Ама се случуваше да ми се симнат и се осеќав како да ми се залепени на раната, исто од левата страна. Таму и конецот ми беше. Десно не осеќав ништо.
Исто буквално, ме боли само лева страна и ме маваат флешбекови од болница. Ќе облечам труднички гаќи сега додека купам утре мрежасти.
Јас носам од Тритекс, памучни и со висок струк. Најудобни ми се, ластикот горе им е баш удобен. И бремена ги носев, труднички не купив.
Здраво на сите, Би сакала да прашам,доколку некој знае,како оди процедурата за царски во Чаир? (Кога се останува,дали бебето е нон стоп со мене,какви се сестрите, доколку некој има искуство )