Скроз никогаш, неприметлива бела линија после 6 мес до година. Со првиот после 7 мес, сега со вториов уште не ми е така избледена, 7 ипол мес се поминати
Така мислев, неприметлива бела линија Јас 5 месеци сум после царски, уште ми е како розевка, затоа сакав да си прашам ти благодарам
Некогаш и мене ми се прави како потемна, не знам дали е од што знае некогаш да ми се испоти малку местото? На контрола кога бев докторот рече дека е супер
Мене уште на првата контрола и матичната и во болница кажаа супер е раната, ама однадвор е така. И знае некогаш да ме заболи, ретко, ама се случува. Или да ме пецка.
Здраво, дали после царски имате користено крем Fitostimoline? На првото пред 4 год не мачкав ништо, сега докторката ми го напиша овој крем 1 месец да го користам.
Сестрами го користеше, раната некако слабо и зараснуваше на две места така процури.. беше скроз со лепак немаше ич конци. Па и помогна доста.
Јас ставав од лепенките 5 дена од кога дојдов дома и после мачкав од кремата се до контрола. Лузната ми е ко маче да ме гребнало што се вика, скоро да не се ни гледа. Дали е до кремата не знам, бидејќи ко мала сум оперирана од слепо црево, а и таа е идентична ко оваа од царскиот. Затоа стрии и дијастаз имам за извоз.
Дали некоја имала проблем со болки во нозете после царски? Веќе 10 дена ми се како да гнили, премногу ме болат дури неможам да спиам од болка
Секоја кожа е различна, веројатно ќе избледее, на моте другарки на сите е избледеана, некои се после мене породени. Јас и многу лошо бев средена, оти имав итен царски и сепса и мораа да ме стават во шок соба после, па веројатно е последица на избрзана работа.