Девојки со царски рез.. Поминаа речиси 4 месеци од мојот царски рез, лошо ме боцнаа три пати од 3 пат фати ама претходните два пати како струја да ми помина во пределот на анусот и се помрднав, помина тоа , страшни главоболки имав во вратот главата и грбот, има ли некоја од вас и месеци после царскиот да не се чувствува добро, да има вртоглавици, поспаност, чувство на гадење, сензации на ладно по раце нозе , еве некое време не ме болеше вратот и главата задниот дел сега пак, кога ќе помине незнам еден ден не сум без болки, 4 месеци скоро поминаа крвна слика, димери испитав и други работи тироидни хормони се е ок, еве никаква мака од раната немам како да кажам ова со боцкањето мислам дека ми погоди анестезиологот нешто незнам , можно ли е да ми се случи нешто да колабирам или има некој друг што се чувствува вака, се плашам...
Не би требало да е од тоа. Имав главоболки на почеток, сега имам често вртоглавици. Ќе испитам крвна слика да не е железото. Ама позади во делот кај што ме боцнаа имам тупава болка константно. Почнав и да вежбам и кога се истегнувам, многу лошо го осеќам местото, како воспалено. Три месеци се поминати.
Да , ама јас пред царскиот апсолутно никаква мака немав од ништо вакво , нити главоболка нити вртоглавици нити такви некои чудни сензации, незнам како да кажам како свеста да ми е променета и тоа како на бранови во текот на денот не е цело време ама еве и да е од тоа нели треба да ми станува подобро а не полошо не се малку 4 месеци да поминат и да е повредено нешто во спиналот нели треба да заздрави..
И јас мислам дека не е од тоа. Мене ме боцкаа некаде 6-7 пати Па еве фала му на Бога, немам некоја последица.. Зборувај со докторот што те породил и анестезиологот, види што ќе ти кажат тие.
Каде го прават вториот рез? Погоре, подолу од првиот или на исто место? Опоравувањето е исто како и првиот пат?
На исто место ни погоре ни подолу ни милиметар. Исто се опоравив од резот двата пати, со таа разлика што олеснителна околност кај вториот пат е дека не ме болеше главата како првиот пат.
На исто место, вториот пат 1 см помалце сум сечена. Мене вториот полесен ми беше, за 3 дена не осеќав интензивни болко, за 5 ништо, ко нова
Во врска со раната... денес забележав дека освен краевите со чворчиња, по шавот конецот не се гледа баш, како ураснат е, 7ми ден после царски сум, ми рекоа да одам 7ми или 8ми ден, оставив за утре ама сега кога видов ме фати паника, некој со вакво искуство?
Јас сум со втор царски, размак 2 год 8 месеци, многу ми е полесен вториов. Значи искочив од болница без болки, се движам слободно, е сега не кревам тешко ама дефинитивно полесно од првиот.
Zdravo majki, 1 nedela posle carski imam bolki denes vo zelundik i kako menstrualni bolki. Ne znam dali e normalno?
Кога е првиот преглед кај докторот што ве оперирал? И дали е нормално после 15 дена да се осеќа како боцкање во делот на раната
Нормално е. Јас бев дури по 2 месеци, бидејќи во меѓувреме добив менструација А препорачливо е по 1 месец од операцијата
40 дена по царски, тогаш и бебето на педијатар го однесов, да не се влечеме посебно. Боцкање имам уште, 8 месеци по царски. Ќе си потрае. После 15 дена јас имав болки, за боцкањето не ни мислев. Поточно, 2 месеци скоро ме болеше раната и тоа многу.