Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.951
    Допаѓања:
    9.840
    Пол:
    Женски
    Кај раната? И мене ми ставија, и така имав како притисок кога почнав да осеќам. И како ме печеше, им кажав и ми ја тргнаа. Иначе не треба да го осеќаш катетарот, спомни им, да не не е нешто добро наместен.


    Иначе честитки, да сте живи и здрави.:l:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.421
    Допаѓања:
    7.968
    Не знам дали е нормално за катетерот ама нема што да утнат мислам, и мене многу ми беше непријатен и осеќав болка, пецкање, ако го мрднев ми беше ужас.
    Дури и откако го извадија и првата недела дома мене ме болеше при уринирање, немав инфекција ни цистит, пројде после извесно време.

    Честитки инаку, живо здраво бебче!:inlove:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    1.404
    Пол:
    Женски
    Слатко се изнасмеав :D
    Еве и јас да се пофалам со истово, и јас не сфаќам, или можеби немам, не знам.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.035
    Допаѓања:
    9.743
    Пол:
    Женски
    Не си само ти, и јас не сфаќам.:?:
    Или немам или не знам да го осетам.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски
    Легнувате на грб, собирате нозе со свиткани коленици, поткревате глава како за стомачни ама само главата без грбот. И над папокот измеѓу стомачните мускули ке пипнете ке протнете 1-2-3 прста. Еден велат е нормално, јас имав 3ипол скоро сеа ми влегува 1прст едвај тоа е нормално велат.
    Ваљда убаво објаснив :rofl:
     
  6. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Се пријавувам и јас дека не ме бива баш со дијастазава :D Пред неколку месеци бев сигурна еве тоа е тоа, имам 2-3 прста дијастаза. Вежбав прво вежби за дијастаза после почнав со пилатес и сега со тотал боди. Е арно ама сеа како да ја нема баш така изразено таа дупка ама пак стомакот уште пачест и сеа не знам дали прстиве пропаѓаат у салцето или уште имам дијастаза :lol:
     
  7. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.116
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Се осеќаат од двете страни мускулите стомачни, измеѓу секако влага прст, само да не се 2-3 и повеќе
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.676
    Ве читам тука за миопија. Имам чуено додека сум одела на очен дека тие жени што имаат миопија им се препорачува да ги породат со царски, имало ризик да дојде до оштетување на видов од напрегање. Ве читам дека барате врски за тоа, со оглед на тоа дека здравството ни е хаос. Сега дури ми текна дека една што ја знам од младоста носеше очила, се породи во приватна болница, веројатно затоа, оти во државно, ризик е и таму веројатно ќе треба да дадеш мито, па и дали ќе биде да испочитуваат како што треба. Искуства? Баш сум љубопитна, средивте на државно или тешко?
     
  9. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Јас се породив на ГАК со царски, без да фаќам врски и без да дадам мито. Првичната причина беше баш високата диоптрија што ја имам, и на отпусното писмо стои таа дијагноза. Само треба да е висока диоптрија, мислам над - 3 дека беше, јас имам - 6 и ставот и на офталмолозите и на гинеколозите беше дека морам да се породам со царски рез.
     
    На merriel0 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    6.022
    Другарка со над 3 диоптер на приватно се породи спонтано, докторката и рече не е тоа индикација за царски.
    По мое зависи од докторот, нема врска државно, приватно, а многу има што знам дека се породиле со царски само ради диоптер.
     
  11. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Јас прашував и ми рекоа дека диоптер над 6 е индикација за царски, ама и тогаш се консултираат со офталмолози.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    18.837
    Пол:
    Женски

    Јас во приватна сум породена никој не ми спомна за диоптер како пречка за спонтано породување, -4 на двете очи ми е. Тоа што завршив на итен царски е друга работа, ама диоптерот си немаше врска.
    И јас знам дека над 6 е веќе проблем и треба консултација.
     
  13. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    735
    Пол:
    Женски
    Јас сум со -8 диоптер и ниту еднаш не ми спомнаа дека мора царски. Завршив на скоро итен царски инску планот беше природно да се породам.
    Очен притисок е индикација за царски.
    Можеби најдобро преглед кај офталмолог и консултација и со него и со гинекологот.
     
    На Carolin. и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    138
    Со препорака од офталмолог не прават проблем. Инаку не е индикација самата миопија за царски рез треба преглед и офталмологот ќе каже што мисли, шансите да се случи компликација се премногу мали, поголем ризик од компликации има од самиот царски. Мене мојот офталмолог уште одамна ми збореше кога ќе останам бремена пред пораѓај да одам на преглед па ќе каже што препорачува.
     
    На Carolin. и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.676
    Значи сепак може да биде и висок минус, и пак жената да се породи природно без компликации? Можеби офталмолог следи и некои други параметри. Искрено, со оглед на тоа какви се докторите кај нас, само Господ да те чува. Бев деновиве да измерам очен притисок оти никогаш немам мерено и притисокот ок, ама докторката ми тврдеше дека леќите не стопирале раст на диоптер, само стакло, тоест очила, а друг доктор ми кажа сосема обратно и моето искуство е скроз обратно. Ако дојдеш до таков степен дали да се оди на царски или не, ќе одиш кај три очни, сите три ќе дадат различно мислење. И прашање е што ќе решат на гинекологија. Знам случај годинава, жена изгуби дете, ја чекале, чекале, не сакале да и прават царски, детето починало, среќа па жената остана жива, а матичниот гинеколог вртел и молеле да направат царски, не го сториле тоа. Тешко со здравствово наше.
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.022
    Допаѓања:
    8.850
    Пол:
    Женски
    Мене ме прашаа за диоптер и кажаа дека над 4 морало. Колешка беше царски, со околу 4, ама плус и карлично бебе, така да не беше само диоптерот во прашање.

    А за здравството се знае. Ако немаш врски или не дадеш пари, никој не те гледа. Ретки се исклучоци.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Јас додека активно носев леќи, секој ден, диоптерот ми беше ист. Сега сум нон стоп со наочари, диоптерот порасна.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    13.676
    Eпа ете дека и докторката не е во право. Кај мене откако сум на леќи, дипотријата мирува. И види ги искуствата на жените тука, некои ги прашале за диоптрија, некои не, некои дури сега после 2 родени деца дознаваат дека можело да има компликации. Тоа е нивна неодговорност, на лекарите, ако нешто прашуваат, треба за сите истото да е. А ако сакаш нормален третман, а не како стока, треба да одиш во приватна болница и да си платиш дебело, а нема секој толку пари. И не е поентата да плаќаш здравствено, а да се лечиш, породуваш приватно.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.781
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. После царски После колку време почнавте со домашни активности (смукање, чистење и сл)?
     
  20. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    735
    Пол:
    Женски
    Сама ќе си осетиш кога ќе можеш ама би ти рекла искористи максимално да закрепнеш, дај си барем 1 месец ако не и до прегледот што е обично после 6 недели. Тие активности баш ги активираат стомачните и нема потреба да се напрегаш баш сега.
     
    На ShtruMfeticka му/ѝ се допаѓа ова.