Ако си осеќаш дека си ок, нема што. Само гледај да не се тегниш. Пример на качи алишта на жици високи не бриши прозори високи, не мести завеси...
На толку информации при испис од болница и мојата ненаспаност заборавив да прашам за раната од царскиот дали морам да продолжам да носам само мрежести гаки со мрежести улошки или може нормални покомотни гаки со нормални улошки?
Мрежести улошки се повеќе за природен пораѓај, слободно ставај обична влошка. Слободно памучни покомотни високи гаки носи си
Денеска прв ден ми извадија фластерот што ја држеше раната и ме поминаа со јод. Малку имам благо како рсчепче, и од него имало малку на фластерот потечено крв. Сега се мислам како да станам, пак вчера се осеќав посигурно. Ме виде една докторка вика ај ќе залепи.
Феникс ништо немам.. и ајде дојде некоја др. ме виде као ќе се залепи вика и ајде едвај станав и сега не се гледам неможам да се свиткам и накај вц и влага визита ми вика ај легни му викам едвај станав докторе неможам да легнам за вц тргнав и ме гледа не треба ова да е вака да цури да бидам кај е ќаев да дојде некој.. и никој не дојде. Се јавив до Кочовски пратил некој др.. ме гледа ништо не ти е.. дојде една сестра со газа и вода трие вика ова ништо не е.. а има процеп значи шиено шиено и дел отворен се гледа кожава. И како станувам тече од него.
Не треба така, се одлепило, конецот го осеќаш? Јас со телефон се видов со камера, треба само линија исечена да има, и ништо да не цури од нејзе. На едниот ќош има конче, проѕирно е, како рибарските конци. Ќе те мачкаат со јод цело време.
Ја видов на телефон има процепче.. другиот дел све е залепен како линија. Абе гледам дека не е во ред, се нервирам. И пишав на Докторкава моја во ремедика вика душо чим излезеш дојди да ја залепиме не треба да е така
Кој те оперираше, и кој те шиеше? Пошо мене ме шиеја тие сестри што ли беа не знам, ама многу добро ме средија. Недела е, затоа никој нема. Утре одма барај некој, ќе те средат.
Тодоровска, и ниеднаш не дојде ни да ме види ни рана да види а кој ме шиел незнам бев или успана или во хаос болки ништо не памтам. Сменив од дома спаваќа дека немале ми рекоа и ај ми донесоа. И на неа пуштило гледам има две точки крв а јас лежам не сум мрднала од кревет ни се напрегам сега а тоа си тече очигледно.
Ќе си појдеш на очен преглед и ќе ти одредат. Јас имав индикација за царски поради диоптер и слаба ретина. Другарка моја исто. Пријателка моја од неинформираност, си го загуби видот на едното око, и пукна ретината при природен пораѓај. Нема играчки. Информирајте се со време. Нема играње играчки со вид.
Сакаш да кажеш ја проверуваат ретината дали е слаба или не или самата висока диоптрија е знак дека е слаба? И среди пријателката после со операција или не за видот? И очен, се важи мислење од лекар во државно или може и приватно? Како прават?
Јас преку матична си земав упат во ПЗУ Зенит во Олимпико. Мислам околу 500 денари платив. Таму ми направија преглед, голем диоптер, астигматизам, контролиран страбизам, ретината така-така.. ѝ кажав искуство со пријателката, муабет направивме. И ми кажа, чим си волку запознаена и знаеш зошто доаѓаш еве ти индикација за царски. Пријателката 4 операции на едното око направи, 80% загубен и е видот. На другото око ми се чини две има направено и подобро и е тоа око.
Како бе ,за ова прв пат слушам... Јас имав - 0.75 со ќерка ми природно породена. Сеа ми се по -1.25 / -1.50... Не сакам царски... ама па и страв ми е.. Општ лекар да прашувам или ?
Не ти е воопшто висока диоптријата, ако е се друго во ред со видот таа диоптрија не е индикација за царски.