Други компликации, можеби. Лоша ретина а океј вид, постои. Жено страшно е да изгубиш вид, затоа прашав дали си сериозна? Од агол на загриженост е напишан постот. Не е дека се палам и те напаѓам.
Бремена сум со второ, првото беше со провокации и заврши царски, но планот беше природно. За второво исто ако има простор природно ќе оди така иако не верувам. Не знам ни јас колку пати прашав за диоптерот и ниту еднаш не ми кажаа мора царски. Тоа е моето искуство, правилно или не не знам, но од тоа што имам истражувано само диоптер без други очни проблеми од типот на слаба ретина и притисок не се индикација за царски. Би се сложила дека тие со поголем диотер е пожелно да си направат офталмолошки преглед за секој случај пошо никој не знае што све носи во себе.
Секако имаш ризик фактор. Не ти е мал диоптерот... Појди си на офамтолог, на детален преглед и муабет. Ти посакувам да помине све во најдобар ред и имај лесна бременост. П.С. (и мене) неостварена ми е желбата за природен пораѓај. Можеби нареден живот...
Еве мене со -5 очен хирург ми одобри природен пораѓај после направено снимање на ретина, а Симонида од Ремедика и Маџунков воопшто не го сметаа диоптерот за проблем. Симонида со -6 самата раѓала природно, Маџунков исто има пораѓано природно со висок диоптер. Овие ако не се доктори со искуство не знам кој е. За жал поради друга причина завршивме на итен царски. Една рака членки споделуваат лично искуство другите се сите од пријателка/тетка/стринка
Better safe than sorry. Јас тргам од таа перспектива. Стринка, тетка, пријателка, а замисли да те снајдеше тоа тебе... Јас сум -5. Носам наочари 23 години, имам астигматизам и латентен страбизам... Чисто превентивно добив индикација за царски. Пак ќе напоменам... Better safe than sorry. Edit: очниот хирург ти одобри усно или ти потпиша?
Епа така кажи де. Значи да се направи снимање на ретина, тоа треба да го сторат. Помислив докторка си, па се навреди. Значи сепак си побарала мислење од повеќе лекари. А замисли што избор на доктори има некоја жена во некое мало гратче во Македонија, каде има вкупно двајца гинеколози и од тие не се задоволни? И немаат сите жени пари да одат за второ мислење, па приватни болници итн. Ако жената сериозно не се заинтересира, ако лекарот не обрне внимание, може да дојде до сериозен проблем. И арно пиша @merriel0 не дај боже да дојде до тоа лично да си погоден, да ти се случи, назад нема. Мене очната ми кажа, дојде ли до одвојување на ретина, состојбата многу тешко се коригира. И мислам дека секоја тинејџерка кога ќе отиде на очен, ова треба да и се каже, да знае.
5 месеци после царски рез имам како трнење на стомакот. Дали е нормално? Се преморив малку повеќе деновиве и не пиев магнезиум, па си викам од тоа е. Инаку бев два месеца по породување нс преглед се си беше ок.
10 месеци минаа, баш на мм викам кога се преморам осеќам и трнење, ама и болка. Не знам што рез ќе беше, ама уште ми стое темно лила. Посебно левата страна. А не пијам ништо.
Мене овие два дена, ај вчера брзо помина, ама денес како да ми струи нешто баш над раната кај стомакот како печење на моменти.
7 месеци после царски, кога и да се допрам над раната, како да не е мое. На нет гледав требало да си ја масираш раната, и со тек на време ќе се намалело тоа трнење демек. А мене ми е језиво да ја допрам а не да ја масирам
Исто, нема шанси. Едвај лепакот го измив и бришев со пешкир, језиво. Иначе да и кас така немам осет на тоа место, само ме плашат болкиве.
Сестра ми година ипол после царски уште не чувствува ништо при допир. И јас исто. Треба време да се обноват нервите.
Има на Бепантен гел за рани со масажер. Со масажерот се почнува најрано еден месец по царски, а гелот може да се користи од почеток. Тешко дека умртвените нерви ќе се вратат во претходната состојба, ама го нарачав оти и јас ич не сакам сама да си ја допирам раната.
Мислам дека производи на Бепантен има и таму па претпоставив го има… Едит. Гуглав сега. Го има во Грција и Бугарија, ако некоја сака да си го набави.
Абе ние трет свет сме овде, ова за нас е … Додуше може го има, јас го неам сретнато, ама sounds promising. Го има во Германија по аптеки, може без рецепт да се земе?
Го има во аптеки и е без рецепт. Едитирав погоре во случај да не прочиташ, гуглав и не ми даде за Македонија, ама го има во Грција и Бугарија како поблиску.