И мене прегрдо ми е при допир. Надвор од темата, јас сестро спијам секако. На ќош на кревет да ме туриш успана ќе ме најдиш. Ништо не ми смета.
И 3 години после царски тука околу раната немам 100% осет. Уште е како отрнато и мислам тоа чувство секогаш ќе е така. Мојата е тенка ко линија, баш фино зарасна што се вика не се ни познава ама чувството е тоа.
Нема да се обноват. Нервите никогаш 100% не се регенерираат. Јас немам осет на долниот дел на стомакот над лузната после два царски реза. Лузната воопшто не се познава, тенка бела линија, ама осет немам. Еве осум години после втора цезареа не ми е вратен осетот. Не дека не осеќам ништо, ама цело време ми е како отрпнато.
Здраво, 3 месеци после царски сум, првите 40дена нормално крварев некогаш повеќе некогаш помалку, но после тоа и еве до сега само жолт исцедок имам премногу. Дојам и немам добиено менструација уште. Дали е нормално да се има многу жолт исцедок и дали треба да одам на контрола? Бев на 40дена све беше супер.
После царски живеам во овие мрежестите гаќи, е сега треба да одам за да ми ги извадат конците дали вие што носевте мрежести си ги носевте и надвор или да облечам регулар.? Глупо ми е прашањето ама баш ми е удобно во овие ги навикнав, а од друга страна глупо ми е со нив да одам за конци вадење
Јас мрежестите ги носев уште 5 мин откако си дојдов дома Си купив гаќички со повисок струк, имаш секаде во продавниците за долна облека. И такви носев првите 2 месеци, после си се вратив на regular
Оти така и кажале море Феникске . Може со нересорптивен е шиена, тие мора да се вадат, и јас бев за вадење после една недела.
И мене ми ги извадија после 1 недела @LeNora јас тие не ги можев уште од болница мислам си облеков широки високи што си ги носев во бременост и си терав со нив На вадење конци само симнуваш надоле облека ако тактички симнеш нема ни да се види
Јас имав купено од вајкики со висок струк, имаше и сега скоро кога бев тие ги носев. Инаку и јас бев, еден конец имав после недела ми го извадија.
Здраво на сите, царски направен пред 3 дена раната е добра закрепнува, имам прашања во врска со тоа како ја чувавте дома раната кога ве пуштија, дали ви беше лесно седењето, качувањето по скали и симнувањето? Прв пат ми е и ми е страв од се..
Седев на потврдо, првите неколку дена, скалите ги избегнував Ама сето ова за 10тина дена поминува, не е ништо страшно
Јас немав проблем дома со ништо освен што осеќав затегање од едната страна. И потешкотии при станување и легнување на кревет.