Закажан царски се прави со полни 38 недели. Порано од тоа, само итен царски или ако има компликации/индикации за тоа.
Царски после 38 недела ако е итен порано. Мене 37+4 итен царски ме направија после саати поминати на бокс за природно породување.
Постар е постов, не знам дали уште имаш болки, ама ќе ти одговорам. Јас мислам дека болките ти се од неправилно држење на телото, криво седење при доење и згрченост. Со неколку анестезиолози имам зборено (пошто најголема фрка во царскиот ми беше спиналната) и сите ми рекоа дека ако не дај Боже не е добро ставена или има некои последици, одма се гледа и се сериозни последици, а не само болка. А и нема да фати ако не е убаво ставена. Земи си масичка за пресоблекување повисока или ако имаш транспортно креветче, има подлоги на него што се ставаат. Кога доиш не се наведнувај над бебето туку него приближи го до градата, висината на главата да му е во висина на градата. Ти потпри се позади на перница за да ти е исправен грбот. Голем дел од денот го поминуваме во доење и мора да најдеме позиција што ќе ни ја штити кичмата. Кога го држиш бебето, гледај да си исправена, да не си искривена на страна, пошто секако сме некако во грч додека ги држиме, си реагира веднаш грбот.
После спинална анестезија на царски, после колку саати ви опуштија нозете? И дали знате во кој случај даваат целосна а во кој спинална анестезија? Од спиналната некако ми е страв.... А целонса сум примала неколку пати
За брзо можев да ги движам стапалата, а за саат можев и да ги свиткам колената, да се поткренам со задникот. Само што сепак не смееш да стануваш до нареден ден.
Мене само што ме вратија од сала во соба јас си ги кревав нозете. Околу 30мин се на се да не си ги осеќав.
Мене после саат време, онака почнав да ги осеќам и мрдам. Јас прашав за целосна ми рекоа не спинална, а претходно и лајт спинал ми ставија пошто планот беше за природно. А зошто страв?
Како се справувате со мислите за втор царски? Имам време до декември ама е пострашно пошто сега знам што ме чека ладнотп и морничавиот студ после пораѓај не можам мисливе да ги смирам. 15м е малиов сега сум трудна пак додека се породам 23месеци ќе напраи
Полудев цела бременост, мислев ќе умрам и толку. Вечерта пред царскиот и дијазепам пиев и џабе. Во сала плачев и ми се слоши. За на крај да поминам многу подобро од првиот и да се кренам на нозе многу побрзо. 10 недели постпартум сум и одамна правам се како претходно, а со првиот ова време не можев ни алишта да пружам мислам. Опушти се, се ќе биде добро сигурно. Знаеш дека дома доаѓа потешкиот дел
Neznam zosto strav.... neli ako se promasi nekoj nerv moze da se ima trajni posledici... Si razmisluvam I me Faka strav od edna strana a od druga opsta anestezia kako citav e porizocna. Onaka nekoj strav me fati....
Немој да се секираш и да мислиш однапред.Јас 8 саати пробував природно, завршив на царски. Најбитно е ти и бебето да сте добри и се да биде во ред, другото ќе помине колку и да звучи клише.
Не мисли негативно. Знаат анестезиолозиве што прават, мене 2 спинални ми ставија во рок од 3 саати. Битно е тие секунди да седиш мирна да не мрдаш и не мисли на тоа.
Искрено, вчера тој муабет со другарки го правев. По 2 имаат, една двете природно, друга, прво природно, па царски. Јас баш спомнав дека и бременост ќе истерам и со друго бебе ќе знам како е, нема да е ново, ама помислата од царски, посебно станувањето што ми беше ужас и се после тоа, тие болки, ме убива. Немам ни помош освен мм, со 2 деца како би било... Не сум уште трудна, планирам и сакам второ, ама ова ми е ужас. Мислев царскиот е царски баш, ама не било така.
Ајде едно прашање за мајките на Гак со царски што се породени. Конецот ми рекоа сам ќе падне а еве 3 недели и не е паднат дури црвено е околу него.