Мене утре ми е 9 недели после царски, а јас уште крварам. Пред 3 недели имав едно ептен обилно крварење со партали/грутки и со неверојатно голема количина на крв и силни менструални болки. Веројатно ми беше прв циклус. Докторот што ме породи (по телефон) ми рече дека е сигурно циклус и дека е нормално продолжено крварење. Матичниот исто така (веќе 2 пати се консултирам со него) ми рече дека се уште се чисти матката и нормално е и толку долго да се крвари. Му побарав абдоминално да ме види, чисто да ја види матката во каква состојба е, рече нема потреба, кога скроз ќе сум чиста, тогаш да одам, вагинално да ме види и веднаш пап да направиме. Има ли некој толку долго што крварел? Загрижена сум дал е се ок, а и се смачи веќе….
Помина година од мојот царски и сега добив позитивен тест за бременост. Има ли некој искуство што останал труден толку брзо и како сте поминале со бременоста и пораѓајот?
Јас после 19 месеци од вториот царски рез, по телефон ја контактирав докторката што одам кај неа на прегледи што ми ги следеше претходните бремености , прво ме исплаши ми кажа додека не видам каде е поставена бременоста неможам ништо да кажам… на преглед ми кажа медицински уредно е се и дека можам да ја терам бременоста еве сега сум 19 недела
Кај мене беше баш истата ситуација. Година од втор царски точно останав бремена. Се беше во ред. Докторот ме следеше, и ме породи 37+ зошто раната почна да истенчува… јас веднаш после вториот царски го прашав дали е во ред да останам бремена повторно и дали би имало ризик, на што ми даде зелено светло и ми кажа кога ќе влезам во 9ти ќе ја следиме раната, а ако треба и порано, ама кај мене беше во ред. Инаку втор и трет царски имав кај Бојаџиев и тој ме следеше цело време во третата бременост.
Да. Јас и после првиот царски добив многу брзо, негде 7-8 недела. Ама тогаш и иницијално помалку крварев ј добиеното ми беше нормалбо добиено, немаше вакви глупости… не знам што да кажам…
Да ти кажам пијам фемибион 2, вит Ц и Д витамин - исто како во бременост и сега за сега сум ок. Само доста имам апетит, ме исцицуваат бебињава - и буквално и метафорички ок сум со килажа, стојам на истата како пред да останам трудна, а со ова јадење и да не дојам мислам мечка ќе бев до сега…
Zenickii posle kolku dena od carski otidovte prv pat vo toalet po golema nuzda i Kako nevozmozno mi se glea
Мислам дека уште во болница треба барем еднаш да одиш. Пред да не испишат од Систина те прашуваат си била или со чепче одиш за да видат дека се е океј. После дома јас ништо специјално не приметив ниту осеќав околу таа работа.
На гак не ти даваат дади одиш, додека не отидеш по голема нужда. Јас после два дена отидов и тоа со мачење.
Мене ми беше ужасно страв да отидам по голема нужда, мислев ќе попука раната. И во Ремедика не ти даваат да си одиш ако немаш одено по голема нужда. Полека седи ако треба и цел саат во вц ама ќе мораш да отидеш. Дома можда првите 2-3 пати ми беше така со болки ама после беше океј.
Третиот ден, тогаш и прв пат јадев, претходно бев со инфузии. Страв ми беше од самата помисла дека треба да напнувам, ама не беше страшно, течна ми беше столицата неколку денови.
Едно невообичаено прашање. После колку дена од царски смее да се вози кола? Малиов во школо мора да се носи, до сега се снаоѓавме некако..