Па и нема некое пишано правило за ива. Кога ти ќе се осетиш ок за да возиш тогаш валда. Внимавај само каишот како допира ако треба некое перниче мало земи. Реално нема строги правила за ништо освен за пдноси пто препораката е 6 недели. Еве и вежбање би рекла мин 6 недели. Мене лично поспоро ми одеше оздравувањето ама мислам од страв и грч. Затоа се е индивидуално, но би советувала што помалку физички работи барем до преглед. Движење да но не и напрегање било какво.
Јас прв пат пред два дена 33 ден од царски, конците не паѓаа па бев да ми ги извадат во ремедика, и после вчера со малово на педијатар исто до ремедика, сопругот е на пат. Ама се осеќав дека можам, колата е нова и мека е за возење, а вчера со малово сама, ми било најстрашно возење, 40 сум возела.. све дупки, ја гледам на тоа огледалото главата ја ниша.. страшно.
Јас после 6 дена прво одев лабараторија во нашиот град правев, па одев конците да ми ги вадат во Скопје, од таму во Куманово имав работа и шетав…. Немав воопшто болка со двата царски др Елма има златни раце
Мајки со втор царски како ви беше опоравувањето во однос на првиот? Пишман сум дали да одам на закажан втор царски или да пробам природно. Се изначитав на редит и општо по интернетов искуства и никако не можам да се одлучам што сакам. Од една страна со царски знам шо ме чека пошо веќе имав еден. Го надносев првото, ми изнаставаа провокации и не се отворив ич после 20 саати за на крај да се заврши со царски. Сега второво ок си одговара за неделите, уредна бременост. Докторката вика може природно ако само си почне и се одвива брзо. Да не се мачи матката. Иако нејзин совет е пак царски но ете не е категорично дека мора. Друга работа е што докторката е на одмор баш кога ќе влезам во 39та, што значи ќе треба да ме превземе друг. А и целава неизвесност ме убива не знам зошто.
Немој да се бедираш однапред и да размислуваш, те молам пробај. Јас го правев тоа и воопшто не си помогнав. Се беше ок за природен пораѓај, сплет на околности завршив со итен царски и 2 спинални за неполни 2 саати ставени. 8 саати пробуваа за природен пораѓај 39+4 бев не и не сакаше. Најбитно е вербата во докторот а ако размислуваш мн однапред не си помагаш воопшто, од искуство. На ден на сам пораѓај дознав дека морам царски а толку бев уверена за природен пораѓај. И на крај знаеш јас и сите околу мене што рекоа: не е битно како ќе се породиш, битно е да си жива здрава ти и бебето и се да заврши добро. Позитивна мисла, ако издржав јас, сите можат
Мене многу полесно ми беше и станување и опоравување со вториот царски. Првиот ми беше од иста причина како и на тебе, вториот закажан. Воопшто не се каам. Преубаво искуство, спремна на се, си влегов насмеана, си излегов насмеана. Од првиот уште имам дупки во сеќавање којзнае што дроги ми ставија или пак јас бев зашемутена од мачењето 10 саати. Лесно се опоравив и од првиот ама од вториов уште полесно, вторник ме оперираа, петок бев дома, сабота пунев машина за алишта. Јас лично никогаш не би отишла природно после царски.
Многу олеснува кога ќе слушнеш други искуства. Инаку се решив, ќе си закажам царски кога ќе каже докторката дека е најсоодветно, а ако по некоја случајност се деси природно ок. И многу ми олесна што си расчистив сама со себе. Сега може да одморам недела две и да си ја дочекам женскава.
Ти ја поддржувам одлуката. Кај мене вториот царски беше многу побрз, полесен од првиот. Опоравувањето беше песна, ко да не сум родила после 5 дена. Се нормално си правев. Со лесно
За колку денови ве пуштија на ГАК после царски протоколарно, доколку се било во ред и со вас и со бебето?
Имам сериозна дискус хернија, со притисок на нерви, со куп медицински извештаи. Последно кога зборев со неврохирурзите ми рекоа природен пораѓај никако, само цсрски со тотална. Е сега прашањето ми е ако некоја била во слична ситуација да сподели. Дали јас треба да се надмудрувам нешто со гинеколозиве на клиника или со сите документи што би им ги приложила би се одлучило царски. Секаде во светот, ваква дијагноза е индикација за царски, е сега да не се убедуваме овде зашто нема гинеколошка причина, па да ме мачат природно
Ако си најдеш доктор на клиника да те води и пораѓа, не верувам дека ќе имаш мака. А бидејќи си специфичен случај, подобро е да го направиш тоа. Ако одиш кој стигне да те гледа и пораѓа, може и да не те запазат баш, зависи кој ќе ти се погоди и понесигурна опција..
Zdravo feminki, operirana sum carski so spinal pred 4 dena i imam nenormalni bolki vo vrat, isto sum so hipertenzija. Nekogas koga imam takvi bolki odnesuva pokachen pritisok no chesto pritisokot si e dobar no bolkite se isti. Isto taka seuste sum vo bolnica i najgolem del lezam pa si se tesam moze od toa e .. Dali nekoja imala slicno iskustvo da spodeli?
Пиј многу течности, вода барем 3 литра и плус можеш сок од јаболко бистар, јогурт баланс (или нешто друго што ти одговара на дигестивниот систем) и многу многу најмногу што можеш движи се. Без разлика што си во болницс уште, шетај низ соба, шетај низ ходник. Нека ти е живо и здраво бебето
Прашање до тие што сте оделе на закажан царски во Ремедика, колку трае спремањето пред самиот царски? Докторката ми кажа истиот ден се оди во болница, не е ден претходно. Смее ли сопругот да е во собата дур да ме земат за во сала? Секако ќе прашам, вчера изумив ама ај си реков може некоја знае.