Веќе сум 29та недела. Засега е се во ред. Ѕидот на матката кај дефектот е многу оптегнат и тенок. Засега останува да се следи и да се закаже царски рез за да се избегнат контракции поради ризик од пукање на матката. Бев неколку пати на преглед кај Самарџиски на државна. Тој ми рече дека сум го имала најголемиот дефект што го има видено. Воопшто не ме охрабри тоа и најдов група на фб каде пишуваат искуства со оваа ситуација од цел свет. Кај нас сосема поинаку ја следат бременоста отколку во некои земји. Успеав многу да научам од искуствата што ги прочитав. Често ме фаќа страв, но сите сме возбудени за новиот член и по Божја милост се надеваме да биде се во ред до крај. Ти до каде си? Имаш повеќе информации за истмоцелата? Самарџиски беше загрижен за акрета, но не се случи тоа. Засега плацентата е далеку. Единствен ризик е дали матката ќе издржи.
Мене ме води Митко Ивановски во Систина и тој ми рече дека може да пукне бидејќи лузната е тенка 3мм па да мирувам само ми препорача. Потоа бев на второ мислење во Охрид во болницата каде ми рекоа дека воопшто не е страшно, дека е само важно да се прати, да се избегнува напор и да не дојде до контракции. Толку знам сега за сега. Другата недела сум на преглед па ќе видам што ќе кажат. И јас се обидувам да сум максимално позитивна и да верувам дека се ќе биде по ред. Дали ти кажаа колку е тенко местото?
Ако мислиш на residual myometrium, кај мене мојата докторка го измери 2.2m. Едвај ја убедивме да го измери. Сите доктори кај што бев не сакаа да го мерат. Иначе од тоа што имам читано 3м не е толку лошо. Има случаи и со помалку. Јас утре ќе одам на преглед кај Корнелија во Систина. Многу се мислам каде да се пораѓам. Самарџиски според мене е најдобар доктор, но повеќе би сакала во Систина поради повеќе причини. Ти имаш размислувано за тоа?
А дали ти рекоа да мируваш или некаква препорака нешто што треба да внимаваш? Ивановски ми кажа дека ќе е комплициран царскиот. А докторката во Охрид има големо искуство многу и верувам и кога ја прашав за пораѓај ми рече секако дека може да се направи царски. Иначе и јас бев во план за Систина ама ме одвлече несигурноста на докторот.
Матичната ми кажа дека треба да мирувам. Јас и спомнав дека често ги имам тие лажните контракции и ми рече никако не требало да ги осеќам. Што ми е доста чудно зошто тие се нормални во бременост. Ги имав и во првата бременост. А Самарџиски не ми даде некоја конкретна препорака. Ми рече да не се преморувам и да внимавам. Иначе пешачам секој ден. Извршувам по дома обврски. Единствно што избегнувам да ги кревам децата. И во другиве земји не им даваат некои особени ограничувања. Мислам дека на крај повеќе фактори влијаат на тоа како ќе издржи матката. А ти објасни докторот зошто би бил покомплициран царски? Кај тебе плацентата далеку е од дефектот?
Далеку е плацентата. Не ми објасни ништо, а јас не прашав од што бев во шок. Посебно затоа што докторот беше запознаен со нишата уште пред да забременам. И со негова помош останав бремена, не ми спомна дека треба нешто да се направи пред забременување. И кај мене има Бракстон хикс, примам магнезиум цитрат, токорелакс, утрогестан. Малку се движам од пусти страв повеќе одмарам
Јас пијам само пренатални и дополнително магнезиум. Ништо друго не ми е препорачано. Јас за нишата дознав дури откако забременив. Немав слушнато претходно за тоа. Мислам дека немаш потреба од грижа. Кај мене е уште потенок ѕидот кај дефектот. Најчесто до пукање доаѓа од спонтано пораѓање.
Самарџиски е на одмор до крај на месецов, затоа закажав кај Корнелија во Систина. Кога ќе се врати ќе закажам повторно кај него па ќе видам што ќе ми каже.
Здраво се породив со царски пред скоро месец ипол бев на конци ваѓање, ама вчера почна да ме чешат раната кога гледам конец излезен се исплашив и башка раната на местото црвена, одма појдов на гинекологија таму го извадија конецот и ми рекоа можно било да имат уште внатре конец сам ќе си излагал да не сум се плашела, ми дадоа гел да се мачкам, ама мене ми е многу страв што ако не излезе конецот или да фатам некоја инфекција вака беше од кога ме зачеша вчера го извадија а сега е вака ама осеќам дека има уште конец аман веќе раат да не сме
Епа тие не ги предизвикуваме ние, нормални се и што и да правиме не можеме да ги спречиме. Таа твоја матична школо какво има, бог да чува. Не се сеќирај за нив, за друго следи препораки на доктор на кој што му веруваш.
Здраво од кој доктор сте задоволни за царски на ГАК? Втор царски ќе ми е Со првиот од толку што ме фати паника дека ќе е царски не ни знам кој ме пораѓаше.
Мене Ќаев ме породи, прв царски. Предобро поминав, резот ко да не сум сечена, веќе скоро и не се познава 7 месеци како сум породена.