Здраво женски Породена сум пред 4 дена со царски рез Вчера ми го извадија катетарот и кога одам во тоалет чувствувам болка и печење дали е некоја инфекција или од катетарот е
Можно е година дена после втор царски, од интензивно кашлање, 3 дена се корнам од кашлање, да ме боли резот? Осеќам како печење.
Не е од инфекција, и јас го имам истото чувство а катетарот ми беше изваден следниот ден после царски. Нормално чувство е од самиот катетар
Здраво женски Извинете сакам да ве прашам тие што сте со царски рез јас до денес имам 8 дена после царски рез и се чувствувам добро па си работам низ дома малото го кревам седнувам станувам со неа се движам И после тоа имам малку болка,претежно од едната страна ама мислам дека тоа е нормално или ве молам за совет од кога почнавте убаво се да работите низ дома да се движите повеќе и за колку време зараснува раната Имам само една модринка кај раната ама ми рекоја дека е тоа нормално
Секое опоравување е индивидуално реално. Јас сум 18 дена после царски ама уште не некои движења знае да ме заболи раната. Инаку обично едната страна повеќе боли демек таму е позатегнато од шиењето. Јас би те советувала иако се осеќаш добро, да си ги сведеш домашните обврски на минимум и да го користиш времето за одмор. Колку повеќе одмараш толку побрзо ќе закрепнеш. Значи не да се улежиш скроз ама не мора да е све цакум пакум и ти се да правиш. Движи се шеткај по малку ама и одмарај. Најчесто грешка правиме одма штом се осетиме добро ајде и џогер и усисивач и качи се симни се бриши пеглај пусти прај све. Нормално дека и јас како и сите други имаме домашни обврски ама не правам се во еден ден. До преглед одмарај повеќе и уживај. Тоа е мојот совет.
Јас болка осеќав од страната кај што беше конецот. Убаво е да се движиш, ама не се напрегај. Остави домашните обврски да ги заврши некој друг ако имаш помош. Гледај си бебе и ти пази се. Јас купатило чистев дури после 2 месеци, машина за садови си полнев и првите денови, алишта мм пружаше и собираше, имав помош и од свекрва ми. Малиот нормално си го кревав, менував пелени, облекување, соблекување, тоа се си правев сама. Свекрва ми го капеше на почетокот, бидејќи не можев толку време да сум наведната. Ако имаш помош користи ја максимално и посвети му се на бебето.
Јас реално еден месец се опоравувам. Кога шетавме со маж ми се осеќав дека одам некако раширено. Не работев нешто специјално, највеќе при легнување и станување од кревет ме сецкаше. Е сега, ја сум коркач, многу осетлива па можеби и затоа толку време ми требаше за опоравување. Земи си време, само лесни работи кревај, не се оптоварувај, бебе в раце и уживај.
Isto 5dena vo bolnica i posle si se dvizev doma normalno si rabotev samo ne kleknuvav mn nisko i ne krevav teski raboti beba si go krevav i pretezno sedev so nego Super projdov i potesko mi bese levo desno na krevet da se svrtam inaku drugoto sve top isto
После колку време ви падна лепакот од резот? Јас сум 19 дена после царски и уште имам на некои места. Секој ден се туширам и ја мијам раната со сапун ама не тријам ниту кога се бришам, само тапкам. Некако језиво ми е. Имав доста сукрвица и огромен хематом ама сто пати прашав доктори рекоа во ред е се.
Здраво, сакав да прашам дали знаете дали е возможно да се побара да се скрати престојот во болница после царски? Колку што знам секаде е 5 дена отприлика. Ако е се во ред во Систина би се породувала со закажан царски.
Јас на 5 тиот ден заминав дома.Петок сабајле ме породиа,пон околу 2 ме пуштиа.Зошто се брзаш да си одиш?Треба да закрепнеш убаво,си следат и прегледи за бебето следните денови.Педијатар,ортопед,слух.
Па немам многу позитивно искуство од првиот царски. Кога дојдов дома се опуштив и полесно ми беше да се грижам за бебињата и веднаш почнавме со доење. Ако е се во ред секако, би сакала да сме побрзо дома сите заедно. Читав на запад ги држеле пократко во случај кога е се во ред со мајката и бебето. Ме интересираше дали кај нас дозволуваат. Иначе мене ме држеа од понеделник до петок. Сакаа и викендот да ме задржат затоа што се родија 35та, но на мое барање не пуштија. Се беше во ред со сите нас и затоа побарав.
И јас сум иста затоа Санте плус ги одбрав и претходно и сега дома кога си дојдов 70% ми беше подобро веднаш штом излегов од болница. Не ми е ниту за цената во другите болници само поради пократкиот престој таму поздрав
Дента одиш на закажан царски таму си три ноќи четвртиот ден си одиш рано. Јас четврток се породив недела си дојдов дома