Majki posle kolku vreme se odi na pregled posle carski, na otpusnata mi pisuva 6-8 nedeli megutoa za konecot mi e dali sam ke si padne, i do koga da go stavam sprejot Vioplex mi rekoa od bolnica dve sisinja da iskoristam.
Мене ми рекоа за 7 дена за конците, иначе породенс во Чаир, а за 6 нед кај матичен на преглед бев... Јас само бетадин мачкав на раната дур мислев сама дека е потребно и супер поминав
Нормално е доколку немаш ништо како гној или сл.. може и кога седиш ако ти се преклопува раната со стомакот и мене знаеше така како печење.. ама често ја мачкав со бетадин и по препорака од доктор во Чаир носев може 40 дена мрежасти гаќи за да дише раната и побрзо да заздраве и искрено немав никаков проблем
Ве читам дека сте оделе да ви вадат конци. Јас во Систина се породив со царски и ако добро сум запамтила не треба да одам на вадење конци. Дали друг што е породен во Систина му кажале исто?
@Tea SK, те читав памтам за исцедокот што го имаше па ти дијагностицираа на матката како џеб, уште ли имаш таков исцедок? Правеше ли некоја интервенција? И мене ми се појави, скроз исто ко што имаш пишано, докторкава вика да видиме да не е овулациско ама тек преглед за 15 дена… а не ми изгледа ич како овулациско.
Ништо не правев, се прави интервенција ако сакаш трето да раѓаш, а јас не сакам . Значи после секој циклус си се цеди па можда 10 дена. Значи ми почнува циклус, нормално крварење 5 дена, и после уште една недела ќе си поткапне еднаш дневно темен исцедок или на бришење. Мене ми рекоа тоа е тоа, многу често после 2 царски.
Јас го имав истиот проблем. На англиски се вика isthmocele. Јас и покрај симптомите не знаев што е. Забременив отидов на преглед и тогаш дознав дека го имам. Мојот е многу голем и се плашеа докторите за бременоста. Истерав до 37ма со закажан царски рез. Бебенцето е супер и се радувам што и покрај сите ризици ја имаме. Иначе се решава лапороскопски или хистероскопски. Зависи од големината на дефектот.
исто и јас таму, конците сами ќе паднат, контрола по 40 дена ми рекоа. дома дали носите од мрежестите гаќи или ваши
Јас на почеток носев мрежести и дома зошто ми беа многу меки и пријатни. Добри се и за раната да се луфтира и зараснува.