Додека да го извадат бебето таква анестезија, а потоа целосна за шиењето. Така беше со мене на првиот царски, сега на вториов, ќе видам како ќе биде, па ќе споделам.
Спинална ставаат, не ставаат целосна. Јас ваму кај што се оперирав ставаат само спинална не сеќаваш ништо после некое време кога те преместуваат на интензивна почнуваш да ги сеќаваш нозете
На првиот царски бев со целосна анестезија по мој избор, вториот спинална сега трет пат ќе видиме како ќе биде во Систина ќе се пораѓам сега
А зошто бирате целосна кога со спинал е побрзо враќањето во нормала и можеш бебе да видиш како го вадат и да го бациш?! Јас два царски имам со спинал и киретажа една со целосна и неспоредливо ми беше будењето од целосна. Како зашемутена бев 2 дена, а 2 саати бев под анестезија.
Здраво мајки. Се породив пред 2ипол месеци со царски. Се си беше супер со резот до пред некој ден кога се отвори дупче и почна да излегува течност бистра, розеникава. Дали некоја од вас имала некој сличен проблем?
Не е ништо страшно, стави газа и ќе сопре. Но, секако да појдеш на преглед каде што го правеше царскиот.
Јас со спиналот имам ужасно искуство, страшни главоболки неиздржливи при станување, ама кога велам болки мислам на БОЛКИ 10 дена вака, па зуење на уши па проблеми со притисокот при движење, хорор. Докторот ми рече за второ со целосна
Ужас, барем да ме предупредеа ... Ми идеше да си ја откорнам главата, дете в раце во лежење кревав, доев кузнај како доев, ни јас не знам. Со целосна ми имаат киретажа правено никакви нус појави немав, по два часа само ми се матеше во глава и толку, станав си заминав дома, др ден бев поспана цел ден спиев, ама немав мака. Единствено што ми е мило што не бев успана и си го доживеав моментот кога заплаче малото кога го извадија, вредеа сите болки и маки.
Ваљда зависи од организан до организам, јас никаков проблем немав од спиналните, а од целосната како пијана бев 2 дена.
Здраво мајки Породена сум со царски, спинална анестезија пред 9 дена. Од вчера забележав ма телото неколкубситни мозолчиња шро мислев дека сум касната од инсект, утрово имам повќе мозолчиња. Дали се работи за алергија и дали е штетно за бебето зошто го доев цело време?
Се консултирав со матичниот лекар, ми кажа дека од 5-6 жени кај 1 се појавува алергија. Ова било алергиска реакција од анестезијата.
А зошто во МК ставаат само спинална за царски? Во странство не ти ја ни нудат, само епидурална или као треба итен царски тогаш за брзо да фати спинална. Кај мене беше итен ама епидуралната веќе течеше па само ја засилија. Спиналната предизвикува поголеми главоболки и болки на местото, јас со епидурална многу лесно поминав.