Ми даде крема да се мачкам, доколку се засилат ќе треба да стсвиме и инекција. Ова било површински на кожата, не правела поголеми проблеми.
Јас бев природно со епидурал, ама кога ми ја ставија докторката ми објасна што да очекувам и дека ако е потребно можат да ја појачаат за царски. Значи ако си тргнала природно со епидурал и завршиш царски ќе тераш со неа, ако е договорен царски спинал.
Дали некоја се соочила со ужасен Запек после царски, пијам суплемент за железо и од него имам страшен запек. Запнав и сега раната ме боли а поминати се 15 дена од царски ...
35 nedela sum deteto e karlicno dali se slucilo da se smene do krajo I vo koja nedela zakazuvat carski vo ovoj slucaj
Зависи од повеќе работи кога би ти закажале, ама во глобала после полна 38 недела. Иначе може да се сврти во било кој момент.
Јас се олеснив со чепче првите 2 пати после царскиот, пробај мене стварно ми помогна. И секако пиј многу течности
На страна откога ми ги извадија конците по 10тина дена (имав големо крварење на царскиот па бев и дупло шиена и со надворешни конци) предтоа ме болеше и ме боцкаа тие страничните завршетоци на конецот. Ако доиш не би ти препорачала да пробуваш на стомак да спиеш дека се запушуваат млечните жлезди, еднаш пробав на полустрана-стомак и имав проблем со едната града
На страна уште во болница почнав третата вечер, а на стомак еднаш пробав и ми се запуши каналче на едната града, па бев и со температура и состојба пред мастит, така што на стомак додека дојам не планирам да пробувам пак.
На страна уште во болница. На стомак по недела дена ама не ми беше баш пријатно, еве и после 2 месеца сеуште на стомак не спијам
Majki po kolku dena krvarevte vo prviot ciklus vednas posle poragajot so carski rez? Jas vekje aktivno krvaram 10 dena, koga kje prekjine neznam
Јас сакав да прашам..колку се крвари..на 4Август породена со царски уште имам како сукрвица..не крварење класично
Здраво мајки да прашам, породена со царски пред 5 месеци дали за време на циклус можам да ставам топло? И што пиете за болка
После 1 месец на страна, ама мн болеше така да после 40 дена по малку лежев на едната па на другата страна. Јас лично имав мн болки и раната не ми беше заздравена, дренираше.
Кетонал 100мг или бруфен 400мг пијам. Ако ми се јаки болки кетонал, послаби бруфен. Јас прв циклус добив на 33 дена од царски и имав болки како претходно пред бременост.
Рано е уште. Може и 1 месец да си крвари....јас сум 14 дена после царски и најчесто имам крв само на бришење. Кога се движам надвор, знае и да подистече.
Дали имате отоци на нозете после царски рез? Јас во бременост немав ваков проблем тешко ми е да се движам од отоците
Да, после царски, и јас во бременост немав толку. Патронажните ми кажаа тогаш да пијам јогурт, ставав ациди борици, не помогна баш. После некое време се повлекоа.