Дали на некој после царски му се има случено некаде кај резот да има отечено место Дали е насоберана крв или вода колку што прочитав на џпт Некоја со вакво искуство
Јас имав отечено место и како дупче што почна да ми тече серозна течност па бев кај гинекологот што ме оперираше ми направи уште едно и ме истиска и за секој случај ми зема брис од раната, ставав хидроген и откако бев по 2 дена бев како нова.
Кај мене само оток не тече ништо како што читав по нет можно е да е сером насоберена течност или крв не би требало да е ништо страшно ако нема други симптоми печење,болка,температура
Мене ми загнои на крај кај конците и приметив така што после пораѓај чудно ме болеше и непријатно па отидов на контрола па ме стискаа скоро цела недела одев секое утро.
Да, за една недела поминаа. Движи се колку можеш повеќе, пиј течности. Во бременоста само еднаш ми отекоа нозете, ама после царскиот ептен.
Како бевте со крварење? Јас имав ептен оскудно дури жолтеникаво. Бев на контрола пред 2 дена имав сукрвица но докторот рече дека не е менструација туку се дочистувам ме гледаше на ехо. Но почна еве пообилно. Какви искуства имате вие ?
50 дена крварење, некои денови измеѓу немав или имав помалце ама имав и денови со доста обилно крварење. Еден месец откако ми прекина крварењето почнав да добивам редовно секој месец
Те читав што ти кажал лекар, баш ме интересира на кој механизам се јавува алергија после девет дена од царски рез, имајќи предвид дека најдоцна реакција што може некој алерген да ја даде се 72 часа. После девет дена анестезијата е целосно исчистена од организмот, т.е ако не се јавила реакцијата во првите три дена после зафатот, тешко дека е алергија на анестезијата, а да не го спомнувам тоа што алергија на анестезија е најчесто акутен процес, односно ретко да не речам скоро ич дава задоцнета реакција. Секогаш е брз тип реакција, барем моето искуство така покажува. Мене ми личи повеќе дека е хормонски, нормални се промени на кожата после породување. Мене чисто онака ме интересира, како ја објаснува, може и јас грешам.
Ист случај бев и јас. После 10тина дена ми се појавија ситни црвени брунчиња кои ме убиваа од чешање. Преку ноќ цели нозе ми беа опфатени, од колена надоле до стапалото. Бев на еден куп државни и приватни лекари се испостави хормонска алергија. Конкретно објаснување не добив од ниеден доктор.
Ама едно е хормонска алергија, друго е алергија на анестезија после десет дена од породување. Ова твоево ми изгледа пологично, оти сепак самата бременост, породувањето и периодот од 3-4 месеци после породување се прав хормонски ролеркостер и можно е да се јават и алергиски реакции на хормонална база.
@Black-Beauty мене околу една недела после царскиот кожата на вратот ми стана многу сува, чешаше многу. Си го препишав на хормони. Најверојатно и кај тебе е така.
23 ден сум по царски , сега приметив раната на крајот каде што е кончето ми е малку отечена/црвена .. дали ви се има случено?
Искрено не се сеќавам точно кој ден, некој ден после 40 денови беше. Знам дека кога бев на контрола веќе беше паднат.
Бев ми го извади чворчето и конецот до кај што можеше докторката. Мене така ми се воспали мислам дека и долго немаше да падне ако не го извадив . Јас скоро на два месеца бев да го извадам.