И мене така ми рече докторот полна 38недела за да ме закажи за царски... Здравје боже нареден месец од кај 16 ноември ќе размислувам... Не се плашам од операции и за носна преграда со докторката под мишка влегов во сала а не пак да го видам побрзо тоа мало нешто што ми шета низ мешето... Има со песна да влегувам во сала... Нека се роди после ќе мислам дали ќе имам или не болки... Бебе е важно да е ок јас не сум толку битна тогаш... Ке помини ништо без болка не поминува
јас сакам да го прашам докторот за целосна меѓутоа како што читам подобро е епидурална.. Правена сум двапати киретажа со целосна меѓутоа немав некоја мака е сега незнам ќе зборнам со докторот наредна контрола...
Може мислиш спинална, епидруална е за болките пред природен пораѓај. Јас бев со целосна, не фати спиналот, лошо искуство имав. Ама незнам не ми беше убаво чуството станав празна некако, дали дека итен царски. Без стомак, без бебе да видам. И во поглед на болки. Излагаш се будиш од целосна све боли господ го видов. Спинал додека пушти ќе примиш терапија и болките се мн поиздржливи.
Ич да не се мислиш за болките. Мојот праг на толеранција на болка е минимален, сепак само првите два дена го поминав со ибупрофен 400 и толку. Првото станување после операција е тешко, мене ми се сврте, анемична бев, па сестрата ме караше дека нема фајде ако запнам да станам, а се онесвестам притоа. Тоа се' се заборава, најважно е да излезете од болница живи и здрави. Опушти се овој период, не се плаши, ти праќам среќа да поминеш најлесно.
Не се плашам!! Поднесувам болка ама мене ми е да бидам во состојба да се грижам за бебето ... Сепак друго е операција на нос или слепо црево каде што после се опоравуваш слободно со лежење и со пазење а овде таа мала душа си бара нега и чување... И затоа инаку немам страв јас од рани, крв операции.. Комотно можам и да гледам... Затоа секогаш велам секаде и се и сешто можам дс издржам ама забоболка во никој случај ... Директно клешта и да треба и да не треба не трпам и не поправам бидејќи нема квалитет... Реално!
За клексаните што треба да ги ставаме 7 дена по испуштање од болница следува рефундација? На кој начин ако да?
На контрола за раната после колку недели сте биле? И конците дали сами ќе паднат, и вообичаено после колку недели би требало да паднат?
Здраво Дали може да ми кажете искуство со царски во Систина кај др.Корнелија? Имам страв од породувањр и 8 месеци не собрав храброст за природно. Дефинитивно сум решена за царски и планирам да и го соопштам тоа на докторката. Па ако може да ми кажете искуства и дали примаат на денот на царскиот или вечерта пред тоа? И кој ден се смета за прв ден?
Се породив царски пред 4 дена нозете ми отекоа и уште не сум била во вц. Дали со нешто ги мачкавте нозете за да спласне отокот? За одење во вц ништо не ми успева со јадење и пиење. Дали сте ставале чепчиња или е рано за нив?
Докторката е прекрасна. Ме прими со пукнат водењак без минута чекање и ми беше на итен царски. Приемот зависи од докторот, а и како ќе се договориш. Др. Панчевски ми рече да одам утрото на денот на закажан царски. Но, кај мене пукна водењакот еден ден порано, па мораше итен царски. Инаку, обично се останува 4 ноќи.
Zdravo majki zakaza mi carski rez vo sistina kako e procedurata najverojatno ke bidam so spinalna anestezija kolku dena se ostanuva malku strav me faka
Јас се породив со царски рез кај неа, иако тргнав природно но не биваше. Презадоволна сум од царскиот, се помина како што треба, раната супер многу брзо застанав на нозе и немав никаков проблем. Не знам како оди прием бидејќи како што пишав јас тргнав да се пораѓам спонтано со постоечки контракции. Здравје второ ако раѓам би идела пак кај Корнелија на закажан царски
Јас ставав и борова бода и зелки и нагоре ги држев ама многу малку ми спаднас. Јас бев отечена од стомакот до нозете цела. И ддимери испитав ми беа малку покачени, ми рече докторката може клексани ако имам да се боцкам ама ми спаднас само од себе после 7 дена откако дојдов дома
Твој избор, ама јас не би идела на царски ако нема никакви индикации. Идеш во приватна установа со епидурал. Може ќе се отвориш за сат два и ќе се породиш лесно.И ако не пробаш како ќе знаеш. Колку жени тука пишале прворотки. И како нова си за два дена и функционална. Царскиот не е баш едноставна опција. Плус ако не биде природно можеш кога сакаш на царски. Ама вреди да се проба. Нека не надвладее стравот.