кај мене имаше, цел рез ми беше лепен + шиен и од двете страни на ќошињата се гледаа како чворчиња конец пред да ми го извадат
Здраво мајки некоја пресна мајка со царски да пиши што и дадоа за раната, за опоравување, дали на бебето папочето му беше паднато со оглед на тоа дека се лежи повеќе ( да знам дали да земам газички спрејче), дали смеам да ставам нешто после некоја недела за стомакот да спадни. Дали некоја членка има порачувано од АННИ ФАРМ аптека.. Правам список со работи за мене и бебе па споредба на цени правам.. И да не заборавам каде да најдам Пери шише? И дали знаете колкава е цената на хиперманганот?
Крварењето не е поврзано со видот на пораѓај. Секако крвариш, крвариш од раната што ја остава постелката кога ќе излезе. Се чистиш. Се лежи 3-4 дена, не се лежи ништо повеќе, освен ако нешто има проблем бебето или ти.
Аха! Јас мислев сето тоа оди комплет вадење на постелката со царскиот затоа прашав за крварење зошто би имало! Значи дефинитивно ќе треба да го испразнам рафотот ма ДМ наредна недела? Ако слушните дека влошки и секојдневни и за менструација нема на залиха јас ги купив...
За првите денови можеш да си купиш мрежести влошки, ќе ти требаат ако имаш пообилно крварење, а и за во болница додека си, се препорачуваат тие.
Јас веќе имам план и од таблети (парацетамол, аналгин, ефералгин за мене вклучувајќи витамини минерали) исто така капки за носе на бебе, термометар, сет за ноктиња, силиконски брадавици, кремчиња, лосиони,купки, за мене за раната спреј, гази.. Буквално некаде околу 6-7илјади најскромни работи и цени ништо помпезно ништо бренд планирам за овој дел.. А се нема а се сакам ексик нерви искинав...
Се крвари исто како со природен. Секако дека се вади постелката но матката треба да си се исчисти. За време на царскиот го отвараат грлото за да може да излегува крвта
Дали може некоја скоро породена во Систина да ми објасни цела постапка на царски рез? И по не битни детали од типот дали мора ден пред царскиот да е приемот, дали при операцијата е обична анестезија а после за шиење целосна? Дали некој може да направи слики и кога ќе може да го видам сопругот.
Приемот најчесто е ноќта претходно, ама некогаш докториве договараат и сабајлето пред царски прием. Анестезијата е иста во текот на целата операција. Ако има индикации може да ти стават целосна, ама конкретно за шиење си останува спинална. Слики одма направи сестра ли беше, акушерка ли беше ич не знам. Мене со бебе, само бебе, неисчистено, па исчистено и ми побара број да ми ги прати. Кога се заврши се, докторката му се јави на маж ми. Во шок соба околу 2 саати, маж ми ме чекаше на одделение кога ме симнаа.
Приемот вообичаено е претходниот ден после 18ч ама мислам дека во договор со докторот може да е и истиот ден. Неколку часа пред царскиот ти ставаат клизма за прочистување. Ти даваат и комресивни чорапи. Кај мене беше само со спинална анестезија и шиењето, целиот процес беше многу брз. Откако ќе го извадат бебето, го чистат и ти го доближуваат да го видиш. После царскиот, те задржуваат во рикавери соба околу 1 час додека да почне анестезијата да попушта, таму и ти даваат да пиеш вода. После тоа те враќаат во соба и тогаш може да дојде сопругот да те види. Мене веднаш штом ме вратија во соба, ми го донесоа и бебето. Првиот ден лежиш, од второто утро те стануваат.
Зошто служат компресивните чорапи? Јас прашав, ми одговорија па така треба. И уште не знам која им е функцијата.
Дека со царски се лежи после подолго без станување, служат како превенција од отоци и подобруваат циркулација.
Мене па не ми дадоа компресивни чорапи ама ми ставаа некоја тешка вреќа на стомакот во шок соба дур бев дека многу сум крварела кога ја ваделе плацентата. Исто во Систина се породив царски но со целосна анестезија (тргнав природно не биваше па мораше царски а целосна дека имав проблеми со крв и така одлучи анестезиолог)
Колку после царски се вративте на секојдневните обврски? Знам дека кај секој е различно ама ... Кај мене вадеа и голем миом на царски па малку повеќе се пазев од типот на чистење кревање пеглање и сл...ама еве веќе помина месец ипол уште осеќам затегање на рана после поголема физичка активност или ако го шетам детето низ соба за успивање како пецкање тегнење на раната...од надвор нема ништо супер си е резот . Бидејки немаше термин кај др. конторла место на 40 дена ми е закажан на два месеци точно од царски... и до тогаш сум на мисла дали е се во ред . Иначе јас не крварев многу скоро ич повеќе беше лигавење него крварење. Нешто повеќе имаше додека бев во болница ама и тоа не беше некоја голема количина. Кога прашав таму визита ми рекоа декаа скрос сум исчистена дека царски, затоа ... Имав кафен па жолт сеќрет и сега нема ништо веќе
Јас од одма ко дојдов дома, бидејќи мора некој . Само не кревав тешко. Ама ако имаш помош најдобро е да одмараш првите 6 недели, потоа постепено. За раната (надворешна) ризик е само кила да се појави, тоа затегање, пецкање може да си остане и не мора да биде никаков индикатор за ништо посебно, ама некои 3 месеци најдобро е да не креваш тешко.