Мене Миле Тантуровски ме правеше, така се погоди, резот ми е супер, многу мала е раната и до сега немав мака никаква. Јас бев 41 недела поради неуспешна индукција, а од искуства од околу обично закажан царски прават после 38 полна, ако се е во ред со бебето и мајката.
Јас два царски реза и две спинални, еден пред 8 години и еден пред година и пол, немам никаков проблем ниту со спиналните ниту со резот.
Јас со вториот царски бев кај Симеонова, на ист оддел е со Самарџиски, 37+4 ми го закажа, бев со висок притисок. Зависи од тоа поради која индикација е царскиот.
исто и јас см така веќе два ипол месеци поминаа јас уште тешко дишам само полегната мие подобро дишењето ти од кога почна да дишеш добро и што правеше
Искуство со др. Снежана Булиќ за царски рез и водење бременост. Докторката била во Ремедика но сега е во Систина.
Задутре сум 37ма недела бебе е уште карлично. До која недела чекаат да се сврти за природно пред царски?
Здраво, мајки. Искуства за болки во кичма после царски? Јас имав доста мака и во бременоста со кичмата, мислев ќе помине после пораѓајот, но не. Сега дури и повеќе ме боли. Имала ли некоја искуство? Како сте го надминале проблемот? Породена сум 3.5 недели...
Јас после 3 ипол недели така нешто, ама до тогаш доста од стомакот ми беше вратен. Ми нема логика да чекам повеќе..
Здраво, во првата бременост се породив со итен царски во 39 недела и 4 дена. За следната бременост докторката што ме породи ми кажа најдобро е да биде исто со царски рез. Сега ме интересира која е постапката за закажан царски рез конкретно за Ремедика. Дали мора една вечер однапред да ме примат во болница или можам ако сакам сабајлето пред царскиот рез да отидам? И исто така ме интересира ако нема никакви проблеми обично во која недела најчесто се закажува царскиот рез?
за ремедика не знам, мене на гак ми кажаа ако нема проблеми а се оди на царски дека се чека полна 39 или 40 недела за бебето да созрее целосно
Јас бев со закажан царски во ремедика. Сабајле во 6 и 30 ме примија во 8 и 30 ме породија, не ми ни спомнаа да дојдам од претходната вечер а не сум од ск