Сабајле се оди на закажан царски во ремедика, не од претходната вечер. Се закажува најрано со полни 38 недели, доколку нема индикација за порано.
Здраво сакам да ми споделите искуство за трет царски првиот ми беше 2021 вториот во 2022 и пред недела дознав дека сум повторно трудна. Имам 27 год и со двете поминав топ. Само ме плаши дека е трет царски рез.
Па скоро 4 години се поминати од тогаш..мислам дека ок ќе си биде се. Фризерката кај што одам има 5 царски, ене ја супер прошла сите 5 пати
Здраво да прашам јас ќе треба втор царски ама после првото дете имав направено тетоважа на цел грб баш по рбет се протега. Дали ќе има проблем пошто ќе треба да ме боцнат позади? Сигурно 1година поминало од тетоважата
Zdravo mamicki, ve molam da spodelite iskustvo za poroduvanje so carski rez vo Remedika. Kakva e procedurata, dali vi stavaat klizma? Preporaka za doktor za poroduvanje i kako ste zadovolni od istiot?
Дали после царски имате болни менструации? 6 месеци постпартум приметив дека ми е овулација и имам болки во долниот дел на стомакот како пред добиено.
Јас се породив со итен царски кај Др.Котларова, презадоволна сум од неа. Мене таму ми дадоа чепче за прочистување, не знам каква е процедурата за закажан царски рез.
Породена сум со втор царски пред месец ипол до пред 1 недела немав болки на раната но последната недела многу ме боли како да ми ја сечат со нож од левата страна само вечерно време едвај станувам исто се осекјам како 2 ден после пиридување дали е нормално со оглед на менување на времето или сепак да се консултирам и со докторот, со првото не се сеќавам да беше 3 год разлика