Здраво девојки. Прворотка сум и ме интересира дали вие што сте се пораѓале или ќе се пораѓате во приватна болница со царски рез сте имале индикација за истиот или било по ваша лична желба? Јас поради мои здравствени причини најверојатно ќе треба да се пораѓам царски но сеуште не е сигурно. Раната не ме плаши колку што ме плаши помислата како ќе се опоравам и бидам способна да се грижам за бебето бидејќи сопругот е на работа а живееме сами. Некоја мотивација од тие што имат искуство и за колку време сте се опоравиле и почнавте да се движите нормално
Јас не сум во приватна болница, ама царски е царски. Јас од прв ден се грижам за бебето фул. На ГАК одма ги оставаат, така да сакала не сакала морав. Дома мм беше неколку дена (2 дена следат за бебе секако, плус одмор некој ден), за помош ете така низ дома. Ама бебето си беше моја обврска од старт. Првата недела раната приболува додека доиш пример или се движиш, ама тоа е. Јас и со нишање влегов од старт зошто плачеше првите денови дома, после се потсмири. Забораваш на раната кога мораш да го намириш бебето.
Јас се породив два пати со царски рез во Систина, по индикација. Опоравокот е индивидуален, после 5 дена во болница дома се сама си работев и се грижев за бебето, потешко ми беше станувањето од кревет, ама за две недели како нов си. Немав некои поголеми маки.
Едно глупо прашање Вие што сте со закажан царски втор дали кажавте на мајките кога ќе ве породат? Нели демек не се кажувало на мајка за првото не кажав иако кога ме задржаа на патолошка она како да осети и ми се јави што праам да ме праша ама успеав да ја излажам дали да ја излажам и сега?
Јас сум породена на ГАК исто царски со првото и од одма го оставаат и знаат да те остават и да го облечеш сама и цел ден е со тебе а дома искрено вака болка не памтам да имав ич све нормално си правев освен за миење коса ми требаше помош од некој. Со лесно
Опоравувањето е индивидуална работа, тоа и после природен пораѓај не можеш да го предвидиш. Јас сум породена два пати царски со индикација. И двата пати уште од втор ден во болница функционирав сама - сама си бев во соба, бебињава скоро по цел ден со мене, станував си ги земав за доење, се туширав секоја вечер, никаква мака. Дома уште од одма си се вратив на сите обврски бидејќи едвај чекав јас да си средам. Сами сме и ние со мм во Скопје, нашите се во друг град. Вториот пат рачунај бевме сами со новороденче и тодлер. Се се постига ако ја имаш соодветната поддршка од партнерот. Јас пред првиот царски нејќев ни да чујам за истиот бидејќи мислев нема да сум способна за ништо сама. Иначе ако може сопругот нека земе некоја недела одмор за да ти се најде првите денови, дури да влезеш во шема.