Колешка од работа со првото царски поради гестациски дијабетес со второто после 2 години природно и еве сега после 6 години трудна е со трето кај и да е треба да се породи.
Другарка се породи природно со вторто децата и се година ипол разлика, на золва ми сега и понудија природно да проба првото и е царски пред 3 години она не сакаше. Природниве после царски сите се на ГАК по другиве болници не се нафаќаат.
Не, ама и јас сум со царски и бев завчера на преглед овде во Мк и докторот ме окуражи за второ, 9 месеци постпартум сум ама не ни е во план второ за сега. Реков па нели треба да се почека до година, две, рече порано така кажувавме заради резот ама сега операциите ги прават многу подобро од порано така што скоро и да нема ризик.
И мене ме окуражи гинекологот, 15 месеци сум постпартум. Не планирам сега за брзо бременост ама се информирам, бидејќи заради Х причини ќе мора да убрзам ако воопшто сакам второ.
Моето прво беше 3700 мораше царски не ми спаѓаше притисокот. Второто 3500 незнам зошто пак царски морало оти првото било 2 год од првиот, е третово многу сакам природно 5,5 е разлика од второто дете царски ќе видиме.Сега засега е се во ред.24 нед.
Првото 4кг второто 3.200 да на гак нормално беа наместени Првото голема глава долго и големо,не се отварав,мала сум и инфекција имав Второто морало ради првото. А супер наместени двете со глава надолу А на пријателка првото царски после 3г исто го роди царски на гак не ни помислиле за природно Може зависи до доктор
На ГАК само, и тоа ако одиш без мито на доктор да даваш. Ако стварно има шанса може да пробаат за природно, со првото цимерката беше природно после царски и тоа мала разлика 2 3 год ли беа. А и мајка ми со мене е царски, брат ми природно ама ние сме голема разлика 9 години.
Откако станав ме боли градниот кош, не можам да земам воздух убаво и имам страшна главоболка. Има ли некаква поврзаност со царскиот, породена сум пред 9 дена
Здраво би сакала да ги прашам тие што се породиле со царски ама не со целосна анестезија, туку со спинална анестезија. Ме интересира дали има некој до вас дали е тоа медицинска сестра или било кој додека сте будни за да ви зборува или пак не. Јас сум навистина исплашена од тој момент.
Што посмирена толку подобро за тебе. Само размислувај дека за брзо ќе си го видиш бебето. Биди храбра немам искуство во Мк, во Гер се пораѓав и до мене беа две сестри на кои сум им бескрајно благодарна баш денес ги спомнав сакам да ги најдам да ги почастам нешто. Им ги испокршив рацете од стискање и мм беше со мене ама он после отиде со бебето а они останаа ме тешеа и збор утеха во тие моменти многу значи.